Jaс го купив пилингпт за тело од кокос и шеќер. И многуу убаво мириса, е сега малку ми е нежен. Некако не ми делува баш за поткожни влакна. Ама ај ќе дадам шанса. А кремите би ги испробала следно
Најквалитетното лабело што некогаш сум го користела...Преубав мирис,устата мека,премека..Мелем се нешто предобро
Дефинитивно дај му шанса на кремот. Јас пилингот го немам пробано, ама еве ме заинтригира, така да ќе го земам следно токму овој што го прикажа ти. Благодарам драга.
Празнично немам што да правам, да напишам рецензија за омилените продукти на месецов. 1 пилингот од organic shop, имам пишувано и предходно. Предходно го критикував дека е нежен, ама си ги повлекувам зборовите. Уште петпати би го пофалила, откако го користам редовно немам ниедно поткожно влакно. А предходно имав многуу, дури и вадејќи ги ранички имав. Едно пакување ми трае помалку од 2 месеци, ама јас користам бааги, и тоа еднаш до два пати неделно. Би испробала и некој друг пилинг од оваа фирма, или некоја од кремите дефинитивно. Чисто како спојлер го ставам заедно со Бекутан млекото, пошо ми е најефтино а кожата ми е Наредно сакам неутрогена да испробам ама гореспоменатата комбинација е сон. А пилингов не е скап, некои 300ден мислам. Спојлер: Пилинг 2 Кремов од АХЦ за под очи. Скапа е околу 1000ка ама има 30мл, така да се исплати. Пошо сум почетник за skin care, кремов ми се виде многуу поубав од тоа досега што сум користела (претежно дрогериски брендови). Нема улога во намалување на подочниците, секако не е наменет за тоа, ама за хидратација е добар. Не знам дали пак би го купила, не за друго би сакала да испробам некоја друга крема. Ако не најдам подобра тогаш би го купила пак. 4. I'm from - milky toner имам МНОГУУУ сензитивно лице, скоро ништо не ми трпи кожата без некоја реакција. Ама немам проблеми со тонеров. Имам многуу сува кожа, дури не се трпи насабајле. Е сега според едни на интернет тонеров е за масна кожа, а според други дека е за сува. Искрено вајда и они се немаат договорено. Како и да е, мене ми одговара многу. Се осеќа/гледа glowing skin effect. Земав мало пакување од 30мл мислам за 440ден, дефинитивно ќе го купам големото пакување наредно. Двоедлоен е, не се познава на сликата, ама треба да се промеша пред употреба. Поубав ефект имам кога го нанесувам со тупфер отколку со прсти, не сфаќам зошто ама океј И споро се троши, така да би траел доста, и со тоа се исплати Спојлер: Тонер/крем
Не сум јас тагната, ама пред ова пишував со членката за пилингот. Тој помага за поткожни влакна. И е стварно добар плус за цената.
Дада, јас само тој од какао го имам пробано и гарантирам дека е убав, наредна недела ми е во план да земам некој друг, па ќе пишам накнадно
Еднаш неделно си ја ставам (во моментов сум со неа на лице ) и лицето многу убаво ми го прави, убаво го освежува и тенот изгледа поубаво. А и она што останува во кесичката, следните два три дена под кремче си ја користам.
Кремата за очи, серумот и крената за лице на Dimitra Katsafadou ги користам веќе 4 месеци и веќе се при крај, па дојдов да пишам мала рецензија. Серумот за лице на La vie en rose- Silver botox содржи активни состојки како хијалуронска, алое, кофеин, алантоин, кино и др , убаво се впива во лицето, не остава сјаен финиш туку мат и би рекла дека е најидеален за комбинирана , масна кожа. Се работи за затегнување серум идеален за 35+ (за фини линии, почетни брчки) мирисот е преубав, има супер текстура , по нанесување се гледаат на лицето ситни светки Во иднина повторно би го земала (сакам да испробам и други одо ваа фирма) Кремата за лице Rosella е исто така идеална за комбинирана - масна кожа, со сатенска мека текстура, идеална за почетни брчки, исто така се работи за затегнувачка крема, секако според потребите на кожата јас лично би рекла од 30+. Мириса на некое цвеќе, лаванда најверојатно, ама мирисот не е многу јак. Одлична е, презадоволна сум! И кремата за очи Pistolet е најубавото нешто што сум го користела. 22 мл е кремата, има лесна структура. Доаѓа заедно со вибрирачки дел метален, што прави убава масажа при нанесување на кремата. При нанесување , откако ќе се упие скоро цела кремата ,се чувствува пецкање коешто поминува по некоја минута , тоа е поради состојката биомиметичка компонента на отровен токсин од полжав , што помага против создавање на брчки и ги намалува веќе постоечките. Се уште немам проблем со брчки околу очите, ама можам да ја пофалам кремава дека помага и доколу имате подочњаци. Јас ја користам 5 месеци и ќе продолжам да ја користам. Со често користење верувам ќе има резултати. Други состојки што ги содржи : цветна вода од роза, скалабилна активна состојка од зачин со ефикасност слична на ботокс, и др силни антиоксиданси
На Borotalco производиве ќе ми станат омилени. Имаат многу чист мирис, на свежо, на пудра. Купката за туширање остава мирис на ванила, само си ги мирисам рацеве... Позитивно изненадена од шампонот и маската за коса на Зиаја. Првпат ги купувам, имам кратка коса која малтене секој втор ден ја мијам и помека и посвиленкаста никогаш не ми била. Од шампонот ми е доволно да земам големина на грашок хахаха, пошто навистина прави многу пена. Маската за коса е прекрасна. До пред некое време користев на Генера, па спреј за расчешлување на Глис, Гарниер маска, ама ова на Зиаја убаво скротува немирни влакна. Секое влакно на свое место, не мрда
Се слагам за БороТалко, мирисат баш на талк(оригиналниот мирис) на чисто бањато бебе. Јас им го користам стикот за пазуви и купката. Не ги менувам никогаш. Има и розови сега видов во Рамстор.
Секое лето ми се омилени Многу убаво светкаат и преубаво мирисаат. Розовите светки и сребрените ги имам, ама златните ги немам видено до сега. Најчесто ги земам од ДМ, ама ги имам видено и по маркети.
Баш пред некој ден го меркав сребрениот ама бев скептик дека нема да се познаваат светките. Значи вреди да се купи
Се познаваат, нежни се светките ептен ама се познаваат. На сонце поготово и навечер ептен преубаво светкаат Јас кога бев невеста пола сама го потрошив едно шишенце само за да светкам
Прв пат купив Бороталко и не би го менувала за ништо тој со зеленото капаче,со плавото ми е некако јак мирисот но др немам ништо пробано Следно би ја пробала купката... Маската на Зиаја која цена е,и каде ја има?
Мeне омилен ми е Бороталко Active со светло зелено капаче/ жолто капаче, баш свежо мириса. Баш ќе пробам и други нивни производи, купката од ванила посебно ме заинтересира
@Hortenzija Пред една недела ги купив и маската и шампонот на Зиаја во маркетот Веро Центар (веро џамбо), маската беше 169, а и шампонот 169. Беа на акција, а инаку мислам дека редовната цена им е околу 200 и нешто денари.