Овие сте ги сретнале некаде во нашите маркети/аптеки? Мирисот штом го знаеме веќе секако ми се омилени на животот штом ги најдам.
Ова подолу е течен сапун за раце и го има во Веро, а кремата мислам се уште ја нема кај нас, ја имав видено низ маркети во Италија.
Стварно морам да го пофаламЕфтино ептен, 500мл, а многу добро се впива, мрсно баш за сува кожа и добро хидрира, и ептен се изненадив што е со добар состав, се на се 10/10. Незнам како не го пробав порано
Гелов за туширање. Позитивни мислења ме натераа да го купам. После неколку употреби ги снема акните. Задоволна сум. Повторно го купив.
После Пантен розовиот(за волумен) му дадов шанса на овој. Ми ја осветли косата, држи волумен и 2 дена не се мрси по овие жетини моментално. Ја прави косата мека но во исто време волуменозна, разлетана, лелеава и подигната баш како што сакам, не ја прави мазна и сплескана. Си ја осеќам косата лесна и свежа. Пантенот држи волумен ама за разлика од овој, ја прави косата некако потемна. Плус, Гарниер мириса ептен слатко на лубеница и трае мирисот.
Предобра, а и кремот го има? Појмам немам, не се замарам до толку. Обично Гарниер важат за по "природни". Ќе проверам дома и ќе пишам.
Рецензијава е супер, само да прашам, како ти ја осветли косата? Сакам да го пробам, но тоа со осветлувањето ме исплаши
Имам користено многу шампони, постојано ги менувам, од некои после миење косата ми е посветла и ми се познаваат природните прамени, а од други шампони косата ми е потемна после миење. Зошто те исплаши тоа? Секако си постојат шампони за таа намена. Исто и од Џонсон жолтиот шампон косата ми осветлуваше.
Не сакав некој шампон за осветлување, затоа, но ова не е лошо Го зедов од Папаја јас, па ќе видиме како ќе се покаже
Веќе некое време го користам овој гел за чистење лице и ми е одличен. Имам комбинирана кожа и многу ми е погоден. Сум користела пени за бричење ама гелов е тоа вистинското. После бричење кожата е толку мазна и нема иритации. Dove дезодоранси ми се омилени засекогаш. Нема траги, нема проблеми со потење. Кој и да е мирис, ги менувам, земам различни. Овој месец ми е омилен тој со кокос и јасмин.
Од Кауфленд во Хасково, Бугарија го земав. Тука и јас го немам видено ни во ДМ. Би требало да го има во Веро и поснабдените маркети.
Производи баш како за лето, покрај тоа што се супер нега за кожата, имаат пријатен свеж мирис кој баш потсеќа на лето
Од Белина. Не знам каде на друго место можат да се најдат производи на брендовиве што ги продава Белина.