Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.841

    Сега видов дека ја има. Нешто многу ми е познато тоа Dr Theiss, името на фирмата. Како да го рекламираа на оние „топ-шоп“ копиите по ТВ. Алга сан, сега ми текнува дека порано го имам слушано многу. Проверив на нет и гледам дека не е скап производов. Кога ќе имам можност-сигурно ќе си го купам.
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.498
    Имаа иначе од истава линија и спреј за нозе, 100 и нешто денари ми се чини беше за 200мл, и можам да кажам дека беше дури и подобар од Feet up спрејот на Орифлејм што го земам веќе со години. Имаше многу убав, освежителен мирис, даваше чувство на ладење на нозете, воопшто не ми се потеа, и ми остануваа суви скоро цел ден. И отидов пак да си го купам, и веќе го немаше... Во ниеден Стокомак не го најдов. Многу ме нервираат вака кога вадат производи на една недела само и никад више.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и theunforgiven им се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.841

    И мене, на нерви ми оди тоа. Не е океј тоа, ама добро... Кој знае зошто прават така.
    Знам дека имаше и спреј, да, ама јас ова го земав, дека поевтино.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Dr. Theiss се сирупите мукоплант. Имаат пастили за грло од жафлија, лакалут пастите. Треба да ја има по аптеки, алга сан имаат повеќе креми и за болки.
     
    На EmporioIvankov, Mumoftwo30 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  5. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Da ve prasam nesto dali ovoj proizvod ste go videle po marketi. Go iam kupuvano od Zito marketi. Ne sum od skopje dokolku nekoj go ima vo marketite na Vero Ramstor ili go ima voopsto koristeno itno da mi kaze ne e nesto skap so godini go koristam wash&go samponot sega so voj produkt kosata mi e kako svila.
     

    Прикачени фајлови:

  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    Морам да ја пофалам и оваа крема за стапала. Упива екстра брзо, има прекрасен и заразен мирис на лаванда и ја прави кожата свиленкаста.
    10/10 Screenshot_20240809_161004_Samsung Internet.jpg
     
    На WhiteCat33, злоба, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Потврдувам и јас за кремата. :D:l:

    Моите омилени продукти
    1. Шампонов
    најрендом го земав, бидејќи ми беше смачено од шампони а имам сува коса. Многу ми ја прави мека косата. Нема мирис, ама исто како да е внатре со регенератор. Ако и отпосле плус ставам маска или регенератор косата е уште поубава. 10/10 :l:(y)
    2. серумот со хијалуронска од the ordinary.
    Не се споредува со ревокс. Бидејќи сум почетник не ги знам и ги немам споредено сите фирми. Ама засега овој серум ми е да не речам најдобар. Лесно се упива, течен е. Мене ми требаат три капки за цело лице. Кожата е баш мека и мазна. Ќе видам во зима како ќе се однесува, јас тогаш имам проблеми со сувост. Засега 100/10 :inlove::inlove::inlove:
    3. Тонеров од Pyunkang
    Нема мирис, земав мало пакување од 30мл. Има некоја малку леплива структура но брзо се упива. Не е толку добар за хидратација како I'm from rice toner. Ама ако некоја бара тонер а има нормална кожа која не е проблематична, тонерот ќе заврши добар работа.
    8/10 главно бидејќи во споредба со други не е пре-хидратантен (за сува кожа) за масна кожа или нормална би бил многу подобар. :$
    IMG_20240810_145339.jpg
     
    На marchi-cool, Anika55, Dpokahontas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Каде ја има?
     
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    L'occitane има продавници во Ист Гејт и во Рамстор. Еве ја и онлајн, ама не сум нарачувала, не знам дали и како функционира
    https://loccitane.com.mk/product/shea-butter-foot-cream-standard-size/
     
    На Sun&Moon и злоба им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    После овие две станав фан на Dove:inlove:
    IMG_5052.jpeg IMG_5049.jpeg
     
    На злоба, marchi-cool, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.192
    Пол:
    Женски
    Продуктиве ми се game changer за секојдневие, првиот од лево е чистач за лице што се користи по многу малце насабајле и навечер, го купив од coslovemetics околу 1000 и нешто денари ама вреди зошто се става по многу малце.

    Вториот е спф, исто од coslovemetics го купив 900 и нешто сега е на акција да знаете, многу лесен за нанесување и преубаво се топи во лице не ти го остава масно.

    Третиот продукт ми е од the body shop за да ми ги оформува локните на природна база.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2967.jpeg
      IMG_2967.jpeg
      Големина на фајлот:
      222,3 KB
      Прегледи:
      121
    На marchi-cool, Selest, Selena01 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    1.263
    Screenshot_20240814_155936_Google.jpg
    Маскарава е многу подобра од многу поскапи маскари. Најдобра се покажа за моите трепки досега.
    Screenshot_20240814_161902_Google.jpg
    Најдобар коректор кој што сум го користела. Веќе 3 пат го купувам
    Screenshot_20240814_161841_Google.jpg
    Преубави нијанси, стои долго на уста.
    Screenshot_20240814_160858_Google.jpg
    Ритуалите имаат солена цена ама мирисот е незаменлив. После бањање цело купатило мириса прекрасно.
     
    На rainbowec, Cherry blossom89, Selest и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Буквално се имам и користам од ова шо го наведе :rofl:. Само тој карминот/сјај шо е, некако ми ја суши устата.
    Маскарата е прекрасна, штета шо моите трепки се многу мали и не се виткаат.
     
  14. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    1.263
    @Adidas888 Преубави производи имаат катрис. За сјајот да точно ја суши устата, не е секојдневен ама можеш лабело да ставиш. Пробај.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.915
    Допаѓања:
    81.188
    Пол:
    Женски
    Што ти се допадна кај дезодорансов, зошто ти се допадна...можело да напишеш кратко во две-три реченици некои твои впечатоци. Во темава не постираме само слики од продукти, туку и пишуваме кратки рецензии.

    Мало потсетување за оние кои не знаат.

    Кога сум веќе на темава, еве и некои мои омилени работи. Иако повеќето би ги купила пак и пак, ете нека се омилени за овој месец, додека не ми здосадат. :lol:

    Essence течно руменило

    [​IMG]

    Пишав неодамна и морам да повторам - многу ми се погоди, прекрасно е. Од боја, до буквално сè. Немам замерки. Не сум фан на течни руменила, но ова дефинитивно многу ми се допаѓа и би го купила уште безброј пати.

    Iunik масло за чистење лице со невен

    [​IMG]


    Одлично масло, баш по мој вкус. Не е воопшто густо, водлесто и течно е, има некоја лесна формула, но кожава баш го сака маслово. Задоволна сум како вади шминка и одлично си ја врши работата. По миење кожата не ја осеќам тешка, ја остава нежна, свиленкаста. Најмногу ми се свиѓа како ги чисти порите, чиста 5ка за ова.

    Farm Stay лист маски
    [​IMG]

    Маскиве ми се супер за 20-минутно релаксирање во недела со епизода од некој ситком. Некој посебен инстант ефект од ваква маска не очекувам, не е ниту реално. Доволно ми е само да ми ја живне кожата, да ја хидрира убаво после чистење со аха-бха ексфолијатор. И супер се по ова прашање, цената исто им е ептен приступачна, па си ги купувам веќе доста време.

    Најмногу ми се допаѓаат таа со бамбус, авокадо и уште една од друга линија на истиов бренд, со калинка.
     
    На marchi-cool, Momzilla, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Momzilla

    Momzilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    Потврдувам и јас за руменилово, првпат користам течно руменило и го купив баш истово и многу ми се допаѓа. Често ставам само крем и руменило и ептен природно изгледа. А и ефтино е.
     
    На Ivicka_1993 и Mishela им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
  19. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    IMG_20240831_113131.jpg Морам да ги пофалам овие три производи и за мене стварно се продукти на месецов.
    Кога се вратив од одмор лицево ми беше целото нафрлано со бубулици.
    Овие ги земав рандом од Зегин на препорака на актерката, знам дека они си нудат нивни производи но си реков ајде ќе пробам. И навистина, производиве ми го направија лицето стакло. Впрочем, јас имам чисто лице, па можам да кажам дека ми го вратија во нормала.
    Гелот е многу нежен, не пече на очи и не ја пресушува кожата, односно не шкрипи после него. Ниацинамидот е стандард како оној на ревокс, 10% таква му е и структурата и бојата, а кремава јас незнам дали е само да се мачка на самата бубулица но јас ја мачкав на цело лице. И навечер и насабајле. За три, четири дена лицето ми се среди .
     
    На Selena01 и tatjanasakalieva им се допаѓа ова.
  20. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Првиот(го земам ако не најдам од вториот) не ми е баш пријатен за нанесување повеќе овој со роза ми се допаѓа,ама само со овие два посебно летово чуствувам како да сум ставила дезедоранс,замав на Dove,Balea,Rexona,Nivea не ми траеа колку овие два.Најмногу ради трајноста ми се допаѓаат 2-3 часа ми држеа теајност летово ,а со другиве на 15 минути само ставав.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.