Три месеци ги користам, не секојдневно, и пак има резултати. Серум за растење трепки (и веѓи). Фантастичен, ми ги затвори дупките на трепките. Со веѓите немав проблем, ама растат ко луди од ова. На база на кофеин и рицинусово масло. Го ставам навечер, на крај на рутината. Преку ден нема потреба. Беше околу 450-550 денари кога го купив во Белина. Имав неколку флеки на лицето Спојлер од ваков тип Со ова гелчево на Новексперт што се става само на флеките, успеав да ги избледам, а може и ќе исчезнеа целосно да ставам баш секоја вечер. Ми беа темни, доста се познаваа, ама избледија до степен на лесни пигментации, со бб крем се покриваат, а претходно ни со пудра не можев убаво да ги покријам. Помагало и за мелазма, а со тоа немам искуство. Сакам да го земам и кремот, да видам за флеките на рацете дали би помогнало, оти ова пенкалцево е малечко, и го користам само за лицето. Количински трае три недели (за мене, ако го користам секоја вечер), зависи од големината на местото што се третира. Околу 1100-1200 денари е во Белина, ама штом е ефективно, не жалам пари.
1. La vie en Rose- Pink rose крема за лице - одлична за масна кожа, лесна крема кожата веднаш ја впива , не го прави мат лицето по нејзиното нанесување , аманет го ни мрси. Исто така мириса преубаво, на ружи 2. La vie en rose donkey milk Одличен чистач за лице, наменет за нормална сува кожа, јас го земав дека имам мрсна кожа и супер ми е, воопшто не сакам кога ми го суши чистач лицето. Мириса на шампонит на Фризидерм бебешкиот 3. Lush Twilight спреј за тело Мириса на лаванда - ванила , го носев цело време летото. Мирисот е сон , ама штета што не е толку траен. 4. Lush - Magic crystals Одличен пилинг за тело, не е крупен да гребе многу, не се ни мн ситни зрната баш ми е таман, мириса на пеперминт како паста за заби ама многу јако , го обожавам сто пати ми го имаат дадено на тестер и решив да го купам, многу ми се допаѓа. 5. Intimina менструална чашка Овој производ морам да го пофалам на темава ми е нешто најомилено за век и векови Животот ми се смени откако почнав да ги користам чашките (имам и на Organic cup) значи секој мензис ми беше смрт првите три дена со улошките, имам преобилна менструација и носев дури по две ноќни улошки првите дена , Господ да му даде здравје на човекот што го измисли ова. На одмор ја носев и ми беше спас , си пливав најнормално со неа. Кој се мисли да проба воопшто да не се мисли 4 месеци јас ја користам по ред на моменти не можам да ја наместам убаво ама не е страшно, треба време уште да се навикнам
Сјајчево за усни ми е топ. Омилен производ во првава недела од месецов, а следи празник ќе се патува и ќе изнакупам и други нешта па ќе споделам задоволство од новитетите.
Омилен продукт на веков не на месецов, било која tubing маскара...не знам кај нас дали воопшто има јас мојата ја порачав од Iherb ама се препородив љуѓе...ни триење очи, ни маслени чистачи, ни мицеларна вода ни ништо, само топла вода и за 30 секунди чисти очи...обожавам маскара ама кога ќе дојдеше моментот за чистење ми беше смрт, со ова се препородив..моментално ја имам една од Лореал, чекам следно една од Heimish, искрено повеќе ми е важно како се ваѓа отколку како изгледа
Делина ти ли си? Значи сопругот 2 соби подалеку од мене, ми вика што замириса така убаво? што да кажам, огромно шише, преубав мирис, долготрајно, прекрасна презентација, едноставно презадоволна