Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.300
    Пол:
    Женски
    Маскара од полимери, што правеле обвивка околу секое влакненце како цевче, и се измивале само со вода, не морало да се користат чистачи за шминка.
     
    На eliesaab и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски

    Аха, разбрав. Оваа не , не се вади баш лесно ни со маслени чистачи
     
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Јас користам тубинг маскара, најдобра инвестиција во животов ми е...имам долги и убави трепки и со секоја маскара ми изгледаат убаво ама процесот на ваѓање го мразам, значи мразам...кога ќе дојдеше време за миење лице абе смрт ми беше...и читав многу за тубинг маскарите ама кај нас досега немам ниедна сретнато, по случајност порачував нешто витамини од IHERB и ми текна најдов таму и порачав прво од Лореал, супер, лесна за ваѓање ама ништо посебен ефект ми немаше на трепкиве..па пак правев нарачка и најдов една од Heimish, има две верзии curl и volume...сон е маскарата значи сон..преубави предолги ми ги прави а се ваѓа само со вода или со влажна (таа од Лореал само со вода се ваѓаше со влажна не)...за 30 секунди чисто лице, ни панда очи, ни триење ни ништо..Откритие на веков ми е
    HEIMISH_darlism_smudge_stop_mascara_2_700x__31670.jpg

    Вака изгледа кога ја ваѓате

    1.jpg

    @koritsaki ти во Грција имаш сигурно избор, мислам од Tarte има тубинг маскара
     
    На ForeverYoung, Mumoftwo30, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    @doubleinfinity благодарам за препораката :)А оваа на Хеимиш ја има во МК?
     
  5. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Salome и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Не...мислам во МК нема ниедна тубинг маскара...ама сега си нарачувам витамини и суплементи од Iherb и попатно си купувам секој пат по една маскара :$
     
    На Mumoftwo30 и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски

    Фала ти :) сепак маскариве на Хеимиш ги најдов во Грција , наредно пробувам од нив, од декоратива ја имам бб кремата сум презадоволна
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Да ја пробаш Curl јас сум презадоволна од ефектот плус замисли на крај на ден нема чистење, само топла вода и ја нема, Volume не сум ја пробала ама сигурно е добра и таа, плус цената им е сосема океј, јас од iherb по 500 ден ги купувам
     
    На IamSexyAndIKnowIt и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Прати линк од маскарата, те молам.:D
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Кремов го купив без апсолутно никаква надеж дека ќе ми одговара, но позитивно ме изненади. Остава ептен суптилен сјај на лицето, не е тежок, нема непријатен мирис, мислам дека е погоден за ваков студен период.
    Не беше ни скап, максимум до 300 денари мислам дека беше, го купив во dm.
    [​IMG]
    Во период кога лицето ми беше толку иритирано и суво, морав да купам нешто со посилно дејство, па го зедов овој. Потешка текстура има и потешко се размачкува во споредба со тој на Зиаја, ама мала количина треба само за да покрие цело лице.
    Презадоволна сум, иако е поскап, нема да се троши брзо бидејќи нема потреба да се става многу на лицето.
    [​IMG]
     
  12. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    11.488
    Пол:
    Женски
    Ставаш средство на крпата и го чистиш лицето, или како?
     
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    2.839
    [​IMG]

    ОВОЈ шампон!
    Неколку години ми стана традиција шампон од ноември до крај на јануари да ми биде еден со мирис на ѓумбир (ич не ми текнува имево, поспаноста ме убива). Арно ама, буквално го вратив назад на рафт кога го мириснав ова нешто. ОБОЖАВАМ ваков мирис и, иако не е ист, ме потсеќа на Lost Cherry (Tom Ford) парфемот. А, ако не на тоа, тогаш мириса на ПЕЗ бонбони. Ми иде да почнам да пијам од него. Е, сега, околу квалитетот не зборувам. Ама не е лош, не ми прави првут и не ми се мрси косата брзо, како што може да биде случај со некои други нивни шампони.

    Шетав по рафтови низ DM, ама не најдов друг производ со ист мирис. Дали некој знае, постои ли нешто друго од оваа линија или, пак, само шампонов е?

    Многу ме нервира тоа што е лимитирано издание, немам DM во близина, а сакам да си купам барем уште едно шише.

    Исто така, имаше едно како 2во1 шампон и кондиционер, ама скроооооз малечко (од едната страна шампон, од другата кондиционер), лилјаково со бело. И тоа нешто страшно ме потсетува на еден друг парфем. Цената не му беше ниска, со оглед на тоа колку е мало пакувањето, па не го земав. Прашав дали имаат поголеми варијанти-немало. Баш штета!
     
  14. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Крема за раце, сув шампон, дезодоранс и мислам гел за туширање имам видено од истата линија.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.522
    Пол:
    Женски
    Ова не е шампон.
     
    На H.VAGA, theunforgiven и angie88 им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    2.839
    Ах! Јас еден саат се мотав-нишо друго не најдов. Ај, следен пат.


    ЛеЛе, стварно. Таква слика иам ставено, по грешка. Супер, таман инфо дека има и гел за туширање ми дојде ова. Еве го шампонот (исто е, у секој случај):

    [​IMG]
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Може и со средство може и без, јас крпата ја потпувам во млака вода и бришам, нема потреба од средство, со кружни движења дури и порите ги чисти вади сета нечистотија од дупчињата(себацеозните филаменти).
     
    На fbaby му/ѝ се допаѓа ова.