Ми се погоди чистачов ептен, подолго време го користам и сум задоволна. Убаво ми ја отстранува шминката и лесен е за употреба. Дефинитивно повторно би го купила.
1.Многу лесно и прецизно се нанесува. Трајност-солидна. 2. Еден од најдобрите што ги имам користено. Воопшто не се потам од него, а мирисот долго време се осеќа. 3. Многу е покривен и лесно се бленда. Има и убави нијанси.
Јас ни од овој ни од true match коректорот немам најдено светла нијанса за мојот тен, во ниту еден ДМ. Сите ми се темни чудни нијанси. Многу ги фалат за покривноста ама не можам да пробам.
-тоникот мн ми го освежи лицето.И како да ми го подобри и осветли тенот.И убаво хидрира.Сама си го додадов во рутината и не згрешив. -спрејот за тело има преубаввв слаткаст мирис на бомбони,мастики.Ми иде да го испијам од што мириса преубаво Едина маана е што не држи долго на тело,брзо испарува. -маската за усни е спас за испукани усни.Јас навечер ја ставам.Сабајле се меки усните и не пукаат воопшто.
1. Essence lash with out limits маскара. Прекрасна маскара дава ефект на отворени очи, волумен и не се рони. Четката исто така е многу лесна и прецизна. 2. Golden rose молив за усни. Не е ни премногу кремаст ни премногу сув некој совршен спој. 3. Maybelline superstay vinyl ink. Многу убаво изгледа, убаво е пигментиран и долготраен.
Кај ја најде маската за уста? Ретко ептен се начекуваат вакви производи од есенс, одма се е испоземано. Јас минатата година, исто само виолетово пакување користев и убава ми беше. Немам веќе видено од нивните маски никаде.
Ги имаше во ДМ во Сити Мол, јас од таму купив пред скоро. Провери и во ГТЦ, ко да видов и таму пред некој ден кога пазарев.
За мене најдобри сјаеви(fenty glow и hot chocolit), поскапи се како за сјаеви ама си вредат. Поготово hot chocolit. Ги комбинирам со моливчето на Golden Rose 223, омилено ми е 4-5 години заради бојата, формулата не е нешто посебно.
CС крема на Алверде - одлична , има некоја средна покривност, густа е и не би ја препорачала за сува кожа. За нормална, комбинирана мрсна кожа со сетирање е одлична, мириса преубаво на билки. Нијансата е за тие со посветла кожа. Алверде- двофазно средство за вадење шминка , одлично вади шминка и не пече на очи. Кремава за лице од Алверде ја користам наутро и навечер, анти ејџ е за сензитивна кожа , не ја масти кожата, баш е лесна крема (не е гел) Многу сум задоволна. Не содржи мириси. Масло за вадење на шминка - го нанесувам на цела кожа, очи , уста, супер вади шминка може и по водоотпорна. Мириса на билки или ружи така нешто. Кога ќе го нанесам на кожа , потоа го пребришувам лицето сп вoдено крпче и нормално го мијам лицето со гел. Не мириса лошо како едно друго што е со пумпица исто од Алверде ,тоа не го препорачуваа девојките на форумов и затоа решив овада го земам. Не пече на очи исто така Маскарава на Мејбилин е супер, дава волумен и ги издолжува трепките. Иако на почеток е потечна, со тек на време ќе се згусне и мислам уште подобар резултат ќе дава. И во ова руменило се имам заљубено од Алверде, секој ден го користам. Одлична пигментација има, има некои минимални светки, кои што не се познаваат на лице. Се зезнав што не си земав и друга нијанса.
Која нијанса е руменилото? Јас имам најдено нијанса а сум прилично светла, ама не се познава бројчето не можам да ти кажам.
Девојки на неколку места ми имаат кажано дека ја немаат на залиха баш Soft Vanila, доколку ја видите низ Скопјево било каде споделете ми.
Овој за каква кожа е, знаеш која е разликата измеѓу овој и true match? Јас од true match најдов нијанса за мене, ама само еден беше. И сега барам која е разликата измеѓу овој и тој.
Не знам за каква кожа се, јас го пробав на тестер, имам сува кожа со комбинирана Т зона и ми одговара.