Која цена им е оваа маскара? И дали ти се пресликува, дали се вади тешко? Нивните маскари убаво ги прават трепките, само што тешко се вадат и мене знаат некогаш да ми се пресликаат што ме нервира. А, ми се допаѓа каков ефект имаат на трепките. Би ја пробала ако оваа ја подобриле за разлика од другите.
Околу 700 денари беше. Да, обично тие и на Лореал тешко се вадат, ама јас дека со масло ја вадам немам гајле мене не ми се пресликува, а имам мрсни капаци.
@koritsaki дали кремата од Алверде што е анти ејџ ја користиш и денски. Јас ја зедов не ми е пробана ама ми рекоја дека не била за денски бидејќи имала салицилна киселина?
Нема салицилна во кремата. Ако сум грешка , поправете ме ама јас не гледам ама и да има, не смета не е чист серум па да речеш ајде може да направи проблем. Јас и денски ја користам, да следно сакам да ја пробам таа со камилица да не ја имаш пробано можеби?
Одличен. Добрите маскари ги прави уште подобри. Топла препорака за прајмеров. Случајно го купив, го измешав со бустерот со кофеин. Ама ич не ми е криво. Пред ставање маскара трепките ги поминувам со ова, ем се чешлаат, ем создава некоја база за маскарата да легне поубаво. Ако бев задоволна од Лаш Принцес и Скај Хај, сега сум уште позадоволна од нив. Да си го пробате, ич не е скап.
Сјајов од Есенс. Juicy bomb во нијанса 104 Poppin' Pomegranate. Преубава нијанса. И не ми е омилен само месецов, туку цело време
Не ми е леплив воопшто. А нијансата тера накај црвенкасто/темно розе. Убава нијанса е дефинитивно, бар за мене. Во моментот ми е најомилен сјај
Баш утре ќе го пробам и јас. Сиее маскари, моливчиња, лакови, руменило, се ми е преубаво. Е само пудрата ја немам пробано ама за пудри сум ептен специфична.
Поголемиот дел од работите кои сум ги пробала од Есенс биле топ. И онаа зелената маскара ми е една од поубавите. Плавата си ја земав пред некој ден, ќе видиме како ќе се покаже Едино се разочарав за сјаевите што се продаваа во пакет. Имаат некој чуден, тежок хемиски мирис. А нијансите не се лоши, штета. На овие мислам. Ама капачето што е во форма на капче ми е мн интересно, морам да признаам Spoiler
Кремава на Уриаж ја купив декември месец , пред некоја недела почнав да ја користам. Одлична е, лесна,веднаш се впива, супер за мрсна кожа. Пудрава на Кико Милано е прекрасна, лесно се нанесува покривноста е средна , нијансата е топ погодена, ќе сакав само нешто по мат да беше. Кај мене со мрсна тзона трае само со пудра одозгора. Другава на Тиртир е доста покривна, треба да се внимава колку ќе се нанесе, нешто е по трајна од таа на Кико , негативното е што некако брзо се троши. Јас го имам мини пакувањето, го земав почеток на јануари и сега како веќе како да е скоро потрошен производот. И тушов на Буржуа е црн со светки внатре, одличен пигментиран и траен на масни капаци.
@koritsaki јас дојдов да те прашам за нијансата на Тиртир пудрата .Два дена се мислам за нарачка ама не знам која нијанса да земам,светол тен имам .
За сува не ја препорачувам. Идеална е за нормална, комбинирана, за мн мрсна кожа сигурно ќе треба сетување. Мене лушпи не ми прави
Јас во принцип имам комбинирана кожа, т зоната ми свети, ама па несто брадата почна и околу устата како сува од потешка пудра.Изгледа до годините е, се менува. Порано Ревлон колорстеј ставав, поубава ми немаше, сега од неа цела лушпи сум
1. Olival шампонот - после долга борба со отпаѓање на косата овој шампон е чудо. Исто би го препорачала на сите кои имаат проблем со отпаѓање има резултат уште од прво миење! Дефинитивно омилен 2.Рицинусово масло за коса - Го користам пред да ја измијам косата. Некогаш го држам по два три часа, некогаш само половина. Но е убава промена на косата 3. Алверде серум за коса - Го ставам на врвовите на влажна измиена коса. Дефинитивно има преубав мирис 4. Алверде серум вит Ц - Го користам наутро. Еден од поубавите серуми што ги имам користено. 5. Натура сиберика - Крема за лице која има 20SPF + vit C. Ја користам наутро откако ќе го измијам лицето. Ако ја користам оваа крема тогаш не го користам серумот прикачен погоре. Ако треба да искочам ја ставам оваа крема. Преубаво мириса, лесно се нанесува, брзо упива. Не ја чувствувам како да ми го гуши лицето. Дефинитивно би ја земала повторно 6. Балеа ноќна крема - Има прекрасен мирис, имам сува кожа што оваа крема е полн погодок. Само потешко упива но ми се допаѓа. Плус е против стареење 7. Биобаза лосион за тело - Овој ми е најомилен до сега Лосионот мириса прекрасно. Од Лаванда и лимон, ја прави кожата прекрасна. Голема препорака за сите