Многу голема разлика од другите маски до оваа. Косата е мека и не изгледа толку оштетено. Скапа е ама си вреди за цената.
@TammiB5 Баш сакам да ги пробам производите на Алверде. Колку % витамин ц има? Серумот за коса е нешто како leave in? Се користи на мокра коса? Да не бидам оф топик. Балеа сув шампон- мирисот е препрекрасен , одличен сув шампон за евтини пари. Највеќе од сите Балеа суви шампони ми се има допаднато овој , штета,што добрите производи се limited edition мириса на цреши Kerastase Blond absolu шампон- одличен шампон, убаво ја чисти косата, дава волумен не ја сплескува косата го имам користено и без маска. Сосема малку е доволно да се стави , бидејќи многу пени. Alverde repair&care - познатата маска на Алверде во лилјаковата опаковка- го барав низ повеќе ДМ не знаејќи дека е сменета амбалажата. Вака секако повеќе ми се допаѓа кога производите се во туба. Одлична хидратација дава, не ја следува косата, дава сјај. Јас со бланширана коса сум презадоволна. Kerastase blond absolu leave in - Одличен за нега и расчешлување на косата, не е тежок производ, не ја масти косата. Natura siberica Vitamin C крема за лице- одлична крема за лице, иако малку време ја користам не ја масти кожата за саат два, не е тешка, не е геласта ама не е ни тешка нешто измеѓу. Има некој свеж мирис , ама ептен малку се чувствува. Нема фактор па може и навечер да се користи.
За серумот: Серумот е доста течен за разлика од останатите, можам да кажам дека е повеќе за сува кожа (дава нијанса на помрсно - но не остава сјај). Има многу мал процент на вит Ц (1%). Убаво е за почетник или пак за доста осетливо лице бидејќи сите состојки му се природни. Јас сум задоволна. за серумот за коса: се користи исто како силиконски капки. После бањање откако ќе ја исчешлам, ги нанесувам од половина коса до врвовите. Не се измива после тоа. Ја прави доста по мека косата и прекрасен мирис има
Моливот и карминот - совршено комбо ми се. Маслото за чистење лице ми е откритие, го користам скоро една година и презадоволна сум бидејќи длабински ми ја чисти кожата и ја остава мека. Парфемот го обожавам, сладок, нежен и суптилен
1. Преубав мирис 2. Маскарата е топ на мали трепки ја препорачувам 3. Предобра, покривна не е тешка едноставно незаменлива 4. Спас за акни
Хада Лабо гелот за миење е пренежен, не мириса интензивно, кожата после миење делува мазно и чисто Маскиве се од елокси, 2 ми подметнале гратис со нарачката, и испаднаа предобри.
Серумов е совршен, ептен ми одговара на лицето. Почетник сум со витамин Ц, ама си го погодив. Имав како флекички/дупчиња од акни на едниот образ, 3 4 ама откако почнав да го користам, толку ми се намалија што едвај и се приметуваат. Кремава за пети е одлична, брзо се впива, не е мрсна и ги омекнува сувите места. А чистачов, мислам нај добар до сега од тоа што имам користено. Имам суво/осетливо лице, баш ми се допаѓа што е мрсен и вади сè од шминка, нечистотии итн. Има 10ка од мене
Јас имам чисто лице и нај веќе го земав заради пегите(само на нос имам неколку) затоа што е наменет за осветлување на флеки, лузни, пеги итн и како што пишав погоре, за осветлување на флеки од акни, ама моиве беа ептен мали како дупчиња, 3 4 акни постојано ми излегуваа таму, и еве сега избледеа, скоро и да не се познаваат. А помага и за хидратација на лицето, тонот и текстура на кожата, намалување на пори итн.
Оддамна не сум пишала на темава, па ми се собраа повеќе работи што ги користам минативе 2 месеца La vie en rose by Dimitra Katsafadou- серум нијацинамид - единствен серум до сега што ми одговара кога се работи за нијацинамид. Се друго акни ми правеше. Се нанесува на полувлажна кожа, по скоро месец користење приметувам дека кожата веќе толку не ми се масти како порано. Дефинитивно повторно ќе го купам La vie en Rose by Dimitra Katsafadou- Reishi крема за лице - прекрасна крема за баш масна кожа- дава хидратација воедно, не ја масти кожата со часови истовремено е и анти ејџ , ми дадоа 3-4 тестерчиња и доволно ја испробав , следна е на листа за купување особено ќе ми биде одлична сега летно време. La vie en Rose by Dimitra Katsafadou- Brilliant rose Anti age крема за лице со бакучиол , густа ноќна крема со прекрасни состојки, иако е погуста погодна е за комбинирана масна кожа. Единствено негативно е што е скапа , ама ја добив подарок со купување од производи над 80 евра од брендов. La vie en Rose by Dimitra Katsafadou- Self tan Одличен селф тан за жени со пребела кожа како,мене се користи макс 2 пати неделно бидејќи стануваш баш црна истовремено негува, има одлични состојки. Не се копира на облека, важно е 6-8 часа од нанесувањето да не се тушираш. Axis- y крема со 50 спф за лице- Одлична крема со средна густина , што не остава бели траги на лицето, веднаш се впива и плус е со минерален состав. Одлична е. Само мирисот не можам да го истрпам некако, единствено негативно. Lush Sakura body spray Прекрасен мирис, штета што не е потраен ама мириса убаво цветно , баш идеален за пролет и лето
Дојде време да го купам карминов, пред неколку дена го тестирав. Се прашувам како не сум го купила до сега феноменалееен не мрдна, јадев пиев во ресторан, цело време стоеше како да сум ставала пак и пак. Па и бојата си ја погодив. Следно купувам пак, да си имам и друга нијанса. Маскарава прв пат ја користам, пре убава четкичка можам да кажам. Имам кратки трепки за жал што едвај се познаваат, ама со маскарава некако супер ми изгледаат, баш ми ги истакна. И не ми се пресликува, тоа ми се допаѓа. Лосиончево е за мерак. Многу слатко нежно мириса и брзо се впива во кожата. Баш е хидрирана. Лесен лосион, би си го купила пак. Ми се допаѓа и дека е со пумпица, лесно и брзо се става.
Страшно добро масло за коса.Ја прави премека,сјајна и убаво мириса.Прелесно се челша косата после него.Не ја масти косата ич, јас го ставам на мокра коса.Едина маана е што шишенцето е мн малечко.Направете си залихи додека го има