јас додека живеев во мк неможев да најдам, инаку можеш во големото веро да провериш а инаку јас ги земам од гр
Аууу луѓе, совршенство.. Посовршено нешто од путеров и геловиве ѕа тело јас мислам дека не постои. Си ја најдов совршената линија на козметика. Имам и други креми, лосиони ги купив пред некој ден а сигурно и декоративната козметика е исто толку добра. Препорачувам !
Во јануари повеќе пробував,па имам повише омилени продукти Ќе им направам кратка рецензија,расоложена сум за зборење вака касно у ноќва 1.Прво - Clinique 3stеps линијата.И кога викам прво,не мислам само на редоследно први. Значи немам зборови со кои би ги опишала производиве,совршенство е малку..Ги памтам уште од чипичанче кога бев,мама ги користеше(а нели ја се она што користи и подкраднував),и сега ги заприметив на интернет по блогеркиве па ми текна нив.Лицето изминатиот месец ми се исцрпи скроз,ем се исфрлив ем ми беше некако сиво скроз,безживотно...па решив да ги пробам,по рецептот на мама нели Јас ја користам линијата за од комбинирана до мрсна кожа,и јес да се доста поскапи ама настрана што квалитет плаќаш,туку и многу долго траат.Јас веќе неполн месец ги користам,а шишенцата тек се зачнати. Дефинитиво секој денар се исплати. Во линијата спаѓаат-нешто како течен сапун за миење на лицето,лосион-тоник за чистење и хидрадантен гел/серум за лице. 2.Bubble Gum-Lush Lip scrub,ем против ладно,ем против парно,ем вкусно,ем прекрасни усни.Во кратко тоа би било тоа. Кој го интересира повеќе,еве тука опис http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... 65/id/635/ЛИЦЕ-Балзами-и-пилинзи-за-уста-bubblegum 3.Сјајче L'oreal Glam Shine-Sheer peach 174 нијанса.Сјајчињава на Лореал Глам шајн сите ми се прекрасни,мада повише ги сакам тие во по долганвестото паковање (подолого стојат на уста) од овие во малово паковање,ама нијансава многу ми беше убавa.Нежно портокалова,праскато-мандаринаста нијанса Еве слика,и на уста како стои најдов. 4.Bvlgari-Jasmin Noir,парфем ко парфем,ама мене омилен.Тоа што го купувам по трети пат,во мојот свет на парфеми,значи многу.Магичен афродизијак 5.За крај,Bourjois лак Anti-choc no chips,нијанса 19.Прекрасна аглеста четка,долго трае(на паковањето пишува 10 дена,тоа е малку претеризам,ама пет дена со сигурност стои)...ама и нијанста за мене е посебна прича.Некоја љубичасто розева\лила боја,нит летно дречлива ,нит ептент темна,таман загасита за во зима. Втор на сликава
1. Апсолутен хит за зимава ми е вазелинот на галафарм со невен Прекрасно мириса и е одличен за сува, испукана кожа. Доста е густ, така што не ми треба многу за да ја нахранам кожата. Си ставив од него во посебно мало кутиче од гроздова маст и го користам за усните. После пилинг и добро истурпирање на стапалата, ги премачкувам и масирам, а потоа облекувам термо чорапчиња. И ми стануваат нежни како на бебе. Исто така го користам и за дланките бидејќи од ладното премногу ми пукаат и ми се сушат. 2. Бадемовото масло за врвовите и коренот на косата На врвовите ставам пред секое миење на косата и сум задоволна од тоа како влијае врз расцветаните и испукани врвови. А на секое второ миење ставам и на коренот и го масирам скалпот. Забележав дека има многу поголем сјај косата кога ќе го користам. 3. Пенлива купка од јоргован Има многу убав, пролетан мирис кој навистина е долготраен. Дефинитивно најубавиот bubble bath производ на Авон. 4. Little black dress парфем Го ставам на листата на најомилени парфеми. Го користам веќе втора зима, и никако да се заситам од неговиот мирис. Долготраен е и доста јак парфем. 5. Маска за коса Шери Ја имам пофалено веќе, најдобрата маска е што воопшто сум ја користела. Густа е и има прекрасен мирис од брусница. Ја отплеткува косата и ја прави нежна и свиленкаста. За фарбана коса е, така што совршено и одговара на мојата.
Совршен мирис. Единствена што не ми ја прави косата ко тесто.:up: И,мат сенкиве од Голден роуз,ептен ми се погодија - бела и темно зелена.
за Јануари Авон-за заштита на лицето од студ спреј од темјанушка мед чајчиња по неколку пати во ден портокали
... и не приметив дека има светки, се додека не се испонамачкав цела и чисто случајно заприметив - се осеќав ко да сум ја открила Америка, по 312 пат. И многу е долготрајно, се намачкав сабајле, а еве уште мириса, плус и светките не испопаѓаа.
Купката од мед и млеко... рај во бањата, посебно за ова ладно време... се вљубуваш во самата себе... Парфемот на paco rabanne, black xs, ги разгалува сетилата. Kремата на Optimals,
Јас сум заљубена во ова Johnson baby bedtime oil нешто прекрасно, совршенство Целата колекција на Авон од лубеница, си ја земав по препорака на некои од форумџиките и не зажалив. Мириса преубаво баш на лубеница и ме потсетува на лето ммм само штета што мирисот е краткотраен. И секако оригиналната павловичева која ја користам за многу работи, а особено во овие зимски студени денови нема поубаво лабело за моиве усни и крема за раце како заштита од студот.
јас сум пре задоволна од овие лакови , имам црвен и темно лилав, имаат се вуште сјај иако го имам 2 дена на ноктите и досега не се излуштил.
Од ова маска сум ептен задоволна одма ми ги смена сите мозолчиња, одлична е :up: Од маската со лупење со ориз и саќе сум презадоволна цело лице после ми светeше и мазно беше. Ептен голем лајк. :up: Од шампонов не сум баш задоволна, ми го снема првутот да, за то имат 10 + од мене, ама другиот ден мрсна косата ептен. own: Од гелот за туширање сум презадоволна, преубав ми е, си го купив за 99 денари, преевтино, преубо мириса а и мека ја прај кожата.
Црвената Genera маска за коса. :up: Сакам да испробувам со маскиве и или имам среќа па се добри ми се погодуваат, или имам не многу захтевна коса.
И мене ми стигна гелов денеска за тие пари е преквалитетен ! Дома гелови за туширање од Авон имам за извоз Јас ја имам и белата купка од бела лилија на Авон а гелов мириса слично , љубов ми е
Оriflame-Reveal Kit Конечно ми стигна Иако е малечко,врши работа одлично! :up: Вака се користи,тие што ги интересира Shea butter and Vanilla soap!! Сапунчево од сликата,преубаво нешто!!! Гарант и купката е преубава,не се сомневам. Највеќе се израдував за комбинацијата од мирисите,шеа путер и ванила,моите омилени!! Па уште заедно во комбинација...убавини И секако квалитетот се знае,стандард дав сапунче,мекичко убаво,пенливо Orzene Beer hair mask Е конечно,после ова не ми треба ни чешлање ни пегла! Косата е права како после пеглање 3 саати.. Се изненадив позитивно! Благодарим Orzene!