1. Alverde Q10 ноќна крема. Кремата е одлична. Ја земав по препорака од тука од форумот и навистина кремава е СОН. Ептен ми се допаѓа, ми го прави лицето ептен мазно и меко. Првите 2-3 мин после нанесувањето на кремата, лицето се осеќа како „тешко“. Но брзо упива и не се лепи. Ја користам и после серуми навечер. Голема препорака за кремава. 2. Bioten hydro - cell - Серум за хидрација на лицето Серумот е одлииичен! Го земав од ДМ. Го користам навечер после миење на лицето, го ставам серумот и откако ќе упие ставам ноќна крема. Осетив промена уште при првите користења. Дефинитивно го препорачувам поправило за личности кои имаат суво лице. Не е скап а има убав состав. 3. Balea стик за коса (восок) Барав нешто што нема да ми изледа косата како мрсна, ќе ги држи бебешките и разлетаните влакна. И најдов. Стварно добар восок. Пред се, мириса многу убаво, доволно е да поминеш само еднаш ги лепи скоро сите. Второ, ми се допаѓа ептен што е како стик, без да си ја „мачкам“ раката или прстите. Знае да стои косата скоро цел ден, а е мало пакување што може да се земе и да се стави во ташна не зафаќа воопшто простор. Дефинитивно ако барате восок за коса - топла препорака.
Леле од каде го зема восоков, го има во ДМ? Долго време си барам, јас ептен минимално ставав вазелинче ама тоа некако ми ја мрсеше косата доста.
Да во ДМ го земав од Сити мол, стои кај местото кај што се шампоните. Доста е мало ама мислам дека ќе трае. Околу 200 и нешто денари беше
Мило ми е што ти се допадна кремава на Алверде. Мојата е при крај , јас мрсна кожа имам и ми ја упива лицето супер , наутро кога ќе станам ем немам маснотија ем кожата е мека и нахранета. Сакам да ја пробам и таа со камилица ама дефинитивно овие две се прекрасни од линијата сo q10
Производи што ги користам постојано: Пудрата течна на Maybelline , одлична е за мрсна кожа , нијансата ми е погодена, доволно е малку за целото лице. Не очекував да ми се допадне , ама супер е. Пудрата камена може да се нанесува и над полесни подлоги и со четка над потешки пудри. Супер е за мрсна кожа. Бронзерот на Алверде исто е одличен, не е портокалов , не е нападна нијансата плус со природни состојки. Маскарата на Мејбилин исто ми е фаворит, ја купувам по којзнае кој пат. Одлична чиста 10ка.