Шампонов ми ја ''оживеа" косата, дефинитивно најдобар шампон, посебно за сува коса https://hairshop.mk/product/moroccanoil-moisture-repair-shampoo-250-ml/
предоброо мириса Чоколада и цреша…буквално има мирис на cherry чоколадките.Лимитирана колекција е така да нема да го има долго за жал
си го скриншотнав. (Дамо јас имам папка со слики која се вика ЗА ПАЗАРЕЊЕ и тука се вакви работи ) Јас инаку да го пофалам дезодорансов Мирисот е фантазија. Го имав гелот за туширање поодамна купено и сега ко го видов дезодорансов одма си го набавив. Можда не е којзнае колку траен ама мирисот е незаменлив
1. Дневна крема на Алверде Кремата ми е одлична за мојот тип на кожа. Преубаво хидрира, не ја мрси премногу кожата ниту ја гуши. Нема некој посебен мирис, мене ми делува како да мириса на краставица. Ама е преубава за наутро. 2. Алверде пена за лице Пената ја користам за чистење на лице. Ми ја вади и шминката дури (ми остава дел од маскарата) но во секој случај голем дел го чисти. Највеќе што ми се допаѓа е што кожата не „крцка“ после миење, ниту ја суши кожата. Дефинитивно би си го земала повторно.
Ultrabland чистач за лице- одлично вади шминка,и друг пат го имам ставено во оваа категорија, го препорачувам К18 leave in - од оваа фирма немав пробано ништо до сега , изненадена сум навистина како оштетената коса ја прави мека и да изгледа како неоштетена. Буквално ја "маскира" косата. Lush- Super fairy парфем Интересен мирис, кој ги знае мирисите мириса мешано на Super milk спрејот за коса и малку bubblegum , трае 3 часа од прилика, ќе сакав да траеше малку подолго како некои други парфеми од Лаш..
Маската е нова во мојата рутина, прв пат ја земав да ја испробам. Претходно ја користев таа од ананас, па сега земав банана да сменам, ме заинтересира пошто беше доста фалена сегде. Ми се допадна, многу убав сјај ѝ дава на косата и ја прави помека, убаво мириса и се задржува мирисот. Меѓутоа, косата не ми е оштетена, не се фарбам секој месец, мнооогу ретко ја пеглам и фенирам, сѐ што ѝ е потребно е малку сјај на врвовите, па оттука не би знаела да кажам дали помага за опоравување на оштетена коса. Mалена мат липстик - ова е нешто измеѓу мат кармин и моливче за усни. Има текстура на кармин. Оправдан е хајпот, долготраен е и убаво изгледа на усните, убаво се комбинира со сјајче. И најбитно од сѐ, не го осеќам тежок на усните. Неплански го земав, стојат до каса во ДМ, можно е и по маркети да ги има, ама мислам дека на сајтот на малена има поголем избор на нијанси. Одличен квалитет за таа цена. Биотен мицеларна - најубавата мицеларна што ја имам користено. Пишува дека е за сува/осетлива кожа, ја имам масна и осетлива, ама ми одговара. Многу убаво ми го чисти лицето, освежува и убаво ја вади шминката, па дури и водоотпорната.
Топла препорака за конецов за забидо сега не сум користела вака нешто да мириса слатко преубаво мириса
Maybelline sky high маскара. Најубавата маскара за моите спуштени трепки. Дава ефект на отворени очи, волумен и не се пресликува. Maybelline lifter glaze балзам за усни. Ја имам нијансата 06 Caramel glow. Прекрасен балзам, има текстурата на кармин и дава убав сјај на усните. Едниствена мана е што нема голема трајност. Essence mattifying compact powder. Нијанса 11 Pastel beige. Омилена пудра за сетирање. Многу убаво сетира и трае.
Јас сум премногу пребирлива за креми и ретко која одговара на моево лице, но оваа е совршенство!! Среќа што ја најдов на попуст и си нарачав 2, прекрасна е, нежна кремаста структура, брзо се впива, многу е нежна на лице. Целосна препорака од мене.
Од coslovemetics, јас на попуст ја најдов, мислам дека беше некаде околу 1500. Редовна цена и е некаде околу 2000.
Погодна е за сензитивна кожа, мрсна и склона кон акни. Но, јас имам сува кожа и супер ми е. Се впива брзо, не остава никаков мрсен слој одозгора а многу добро хидрира. Лесна и нежна крема е.
Зиаја гел за туширање. Омилен гел за туширање од Зиаја. Има прекрасен мирис на кора од портокал. Алверде дневна крема од дива ружа. Предобра крема многу убаво хидрира, се впива во кожата и не остава масен слој. Може да се користи и како подлога под пудра. Балеа течен сапун lovely pistachio. Убаво пени и мирисот се задржува на рацете. Мирисот е нешто најпрекрасно што го имам помирисано. Преубава комбинација на ф'стак и ванила.
Веледа кремчето за пеленски осип е единствено од кое нема осип и за еден ден му зараснаа раничките што ги имаше и црвенилото се повлече (од претходни креми).
Балеа масло за чистење лице- одличен производ , прв пат го купувам и навистина сум изненадена. Вади се од шминка. И секако има супер цена.Не го менувам за ништо. Алверде руменило течно- одлично и трајно, го нанесувам со густа четка за нанесување пудра, мора брзо да се нанесе зошто потоа нема поправање. Одлично, трајно на лице , стои се додека не ја извадам шминката. Не знам дали има и др нијанси, дефинитивно и друга нијанса би земала доколу има. Единствен ретинал што не ми прави проблем на кожа. Почнав во последно време да го користам почесто, користев др ретинол и ужас ми го направи лицето воопшто не ми одговараше и продолжив сега со овој. Ќе видиме за резултати. Алверде крема за очи со витамин ц - 1% - одлична густа крема , дава супер хидратација. Производите за лице на Алверде ептен ми одговараат и се со супер состав.