ги има овие на mixa во дм? Последно ко бев видов дека има нешто ама не забележав дали беа детски производи.
Морам да го пофалам маслениов чистач Fraijour, досега најдобро нешто за чистење лице и вадење водоотпорна шминка. Го немаше на залиха и користев друг бидејќи ми се потроши, но ефектот не беше ист. Го начекав конечно да го порачам, сега гледам пак го снема, многу брзо се троши.
Извонреден мирис. Пре, пре, презадоволна сум од ова. Ептен ја омекнува устата. Нема мирис, со прептиди е. Обично го користам после депилација поради тоа што имам многу црвенила и ептен ми ја смирува кожата. Clarins ептен убав мирис, ептен ја омекнува устата и многу пријатно чувство додека го носиш. Одличен мирис, мириса на чисто и убаво ја хидрира кожата. Единствено ова ми одговара, друѓите ми се тешки некако.
Единствено нешто кое не го купувам од баш, баш дрогериски ранг е течна пудра. Што и да пробам, на моето лице по нецели две минути оксидира. Чудово ми се појави на некој инстаграм пост, па нели кога отвораш наново излегуваат, па решив да го пробам на тестер. Ми се допадна многу текстурата, не оксидираше отпосле. Го купив, зошто сакав нешто многу набрзина, без четка, со минимална, или ич употреба на сунѓерче, колку да не излезам без шминка. Баш сум задоволна, не оксидира (за чудо), убаво стои на лице, средна до висока покривност (на моја кожа) и не се мрси и не навлегува во линии со часови. Кој сака нешто набрзина, ќе биде многу задоволен. Би рекла дека е за нормална, комбинирана и масна кожа. На сува, не знам како би се покажала. Ниацинамид премногу ми одговара, а одамна го исклучив од рутина. И ова ми излезе на некое видео, па решив да го пробам. Презадоволна сум. Не пени, не лепи, кожата после него смирена, блескава, здрава. Ова ми е второ пакување месецов. Сенкиве морав да ги имам. Прекрасни нијанси, лесно се блендаат, предобро стојат на очи, супер пигментирани и минимално се ронат. Последните две од лево се кремасти, за ајлајнер ефект. Морам да ја земам и бронзената палета. Овие лабелца, налик кармини ми се исто откритие. Хидратантни, не лепат и имаат супер избор на нијанси. Јас зедов три, првата, шестата и седмата. Доволно е само да нанесете моливче и овие, ако сакате фул нашминкани усни. За суптилен ефект, доволно е и самостојно.
@FlirtBerry леле браво што ти се имаат погодено кремава на Clinique и маслово на Clarins , јас и двете ги користев пред некоја година( само што мојата беше со спф 30) , лицето ужас мрсно а маслото го нанесуваш на уста и по некој пола саат ми се растекуваше.
Го скриншотнав од тука. И го земав. 1 литро околу 100тина ден. И таман реков да го пишам во производи кои не би ги купила повторно забележав дека уствари после месец ипол користење мене косата веќе не ми опаѓа. А пред тоа повеќе од година дена обавезно по една рака влакна при секое миење губев.
Пред да користам Clinique го користев на La Roche ама некако многу тешко ми беше на лицето и знаеш кога ќе го протриеш лицето ми излегуваше, не знам како да објаснам, сигурно ме разбираш. Не можам да најдам соодветен збор, да не е на Гевгелиски А инаку Clarins некои од маслата не им се погодени. Исто ми е случи и мене ама со портокаловото. Исто и на другарка ми и и се растекуваше. Дали до производот како ќе ти се погоди, што знам. Баш за таа цена не би требало да се промашени.
Ова масло за коса на Балеа. Општо не сум задоволна од производите на Балеа, колку пари толку музика, но од маслово сум навистина пријатно изненадена. Косата ми ја прави како свила. Плус што е доста евтино и преемногу трае, еве веќе скоро 4 месеци го ставам после секое едно миење и уште не ми е ни до пола потрошено. Одлично е, целосна препорака.
Ја регенерира, обновува и зајакнува косата. Мене многу ми ја омекнува и ми ја прави како свила. Има и заштита од топлина исто така. Јас најчесто го ставам на влажна коса после миење, но понекогаш кога ми е разлетана косата си ставам и на сува. Преубав ефект дава а е 200 денари.
Се насобраа доста фини нешта, некои за ич пари, ама навистина многу ми се допаѓаат сите овие работи. Alverde nutri care маска за коса Штета што се мали кесичкиве, а и штета што многу ретко начекувам во маалскиот ДМ маркет, но за маскава вреди да се пропешачи и до подалеку. Ја имам спомнувано и поодамна, дефинитивно може да даде ефект рамен на салонски третман. Особено ми се допаѓа кога ја користам помешана со виолетов шампон - косата е мека и лелеава, не е сува од шампонот за тонирање. Прекрасна маска, ептен ми е погодена и се надевам дека никогаш нема да ја прекинат или да и' го сменат составот. Balea plex care масло за коса И јас ќе го пофалам маслово. Мислам дека беше 120 денари. Мириса на „фризерски салон“ , таков некој мирис има. Многу ми се допаѓа каков сјај му дава на влакното. Го користам после фенирање, а во ретки моменти кога ме мрзи да се фенирам со кружна четка, го ставам на влажна коса и само се дувам со фен. Косата изгледа преубаво и во двата случаи. Let the good times roll спреј за тело од Lush Преубав! Трае бесконечно, ама буквално и после туширање чувствувам траги од мирисов. Плус, шишево го имам од 2023-та и никако да се потроши. За цената што ја има, топ инвестиција е. Dove класичното сапунче Мирисот на Dove сапунот ми е најомиленото нешто на цел свет. Додуша, ова ми е OG призвод на животот, не се зафркавам. Не користам гелови за туширање, ретко некогаш да купам некој од љубопитство, ама дома секогаш имам на лагер од сапунчево. Во комбинација со некоја маслена купка, кожата ми станува како свила. Bioderma масло за туширање Долго време го користев маслото за капење од Еуцерин, ама мирисот не ми е нешто омилен. Се губи тој секако веднаш по туширањето, ама сакам убаво да ми мириса и додека се туширам. А имам некоја аверзија спрема Биодерма - веројатно затоа што нема дерматолог кој не напнува со нивни продукти, но сепак сакав да му дадам шанса на ова. Ептен е зделка маслово (1 литар е шишево) и се исплати да се купи дури и по редовна цена (1500 денари, +/- ). Некој попуст фатив кога го купував, мислам дека во Зегин беше 1000 ден. Нежно мириса, мене ме потсеќа на грозје. И ова ми се чини дека ќе стане OG кај нас дома. Turmeric Latte маслена плочка од Lush Во комбинација со истиот парфем е...не знам, повеќе од совршена. Мојата кожа обожава вакви маслени работи, ми пријаат ептен. Најчесто ставам на цели раце сосе дланките и на точките околу вратот кај што обично нанесувам парфем. Не знам дали нешто друго заборавив, ама штом не ми текнува ништо, значи дека овие работи остануваат омилени за периодов.
Јас толку бев среќна за ЛТГТР спрејот и кога ми стигна цела утка беше. Не е траен повеќе од 2ч, почнува да мириса на алкохол… дури и на прегорен шеќер. Најголемо разочарување ми беше бидејќи кога се прснав на штандот ми траеше со денови и плус мирисаше на карамела… Допирна точка нема со овој што го имам. И ми е ептен криво! Инаку за маската и јас потврдувам, една од најдобрите. Штета што нема големо пакување.
Баш ми е жал, го знам чувството. Јас вака се чувствувам за Стики дејтс, воопшто не си одговараме јас и тој мирис, па од тогаш го заобиколувам. А ЛТГТР баш ме изненади позитивно. Најмногу поради тоа што обично не сакам вакви благи мириси, не се нешто што би одбрала ама ете, бев расположена за експериментирање и ми се пробуваше нешто вон тоа што сум навикната да користам, па кликнавме. За маскава и мене ми е криво што нема поголемо пакување, но од друга страна мислам дека ако извадат таква верзија, ќе ја унаказат.
Кога го купи ЛТГТР? Јас го купив во Март, на почетокот ми беше совршен, сакав да се бањам во мирисот, ама еве сега некако не го поднесувам, ко да не мириса исто. Дали е до самиот спреј или до мене, не знам, треба да тестирам на штанд.
Исто, сменет е и воопшто не е како пред тоа. Мириса на алкохол и воопшто не трае во споредба со тие претходно. Не би го купила повторно…
Истото и јас ќе го кажам и среќа што го купив сетот и не го земав големото пакување. Не мириса долго како што мирисаше тој што го земав 2023та година и овојбсега мириса на алкохол... штета што го расипаа, не би го купила пак.