Не ми беше тоа прашањето, знам колку им се цените, мислев за разлика во цена, гледам Зегин едни цени, други аптеки поевтино/поскапо за ист производ, затоа прашав каде ги купуваат членкиве..баш сега забележав во Зегин имаат намалувања, ако му затреба на некој, да си знае.
Да,моментално во Зегин се најевтини,инаку до кај 500 ден се во ДМ. И јас ја земав кремата со Уреа со црвено погоре што ја имаа ставено и за мене и за децата оти сите сме со сува кожа посебно во зима и доста е густа.
Јас ја земав од ДМ, ги имаше сите типови и креми и путери. Околу 470-80 беше ова пакување. Пишува и тело и лице, јас конкретно за тело и посебно за раце ја користам.
Јас случајно го открив брендов пред 5 6 год, земавме дома крема за раце, сосема друга амбалажа имаше, презадоволни бевме. Посебно мене рацеве ми се пресуви и знаат и да ми прокрварат од сувост. И гледам во последно време баш е зборена Mixa па пак ќе си земам ќе искористам попуст во Зегин
Мене па ми е водлеста, и јас ја купив пред некој ден поради пресува кожа. Ок е кремот, супер е за суви раце, ама не е густа, баш е некако течна, или може мене така ми се погодило. Ама мирисот...не знам, некако не ми лежи, среќа па само навечер ја користам.
1. Кремава зимскиов период така ми ги спаси рацете, значи ми ги прави премеки. Сум пробувала и други креми на балеа ништо не ми функционирало, оваа си ја мачкам убаво пред спиење и цел ден следниот ден рацете премеки. 2. Лабелово на Балеа исто така зимава ме спаси. Си ја чувствував сува устата, и си го нанесував кога работам од дома, и кога сум излезена, усните премеки ми ги прави, ептен сум задоволна. 3. Не ми се смејте ама кремава од ДМ 90 или 100 денари ич не памтам може и повеќе да е, ама лицето џам ми е. Ја користам редовно во ноќна рутина, околу година дена, лицето ми е премеко. Иста варијанта имам и денска ама не ми одговара воопшто, многу ми го прави мрсно лицето ама ептен малку ставам, ама ноќнава ми е сосема скроз погодена. 4. Млеково за тело е боженствено! Нема никогаш да го сменам, мислам дека искрено го открив на форумов откако некоја членка пиша дека преубаво мириса пред 3-4 години и од тогаш го немам сменето Ај што мириса уште два дена отпосле него и кожата не ме чеша во сувиве периоди. 5. Не сум љубителка на шминка, ставам ептен минимално колку да се рече дека не е без ич и не сакам да ја чувствувам шминката како товар. Римелчево си ја врши работата што ја сакам скроз, ќе го нанесам малку, не се ни чувствува дека го имам, ептен е лесно и ми прија на очите. Препорачувам 6. Кога веќе напоменав дека не сум по шминките да кажам дека хајлајтер ептен сакам и сакам многу да светкам. Од овој сум ептен задоволна, го купив исто по препорака на некоја членка од тука и ептен ми се свиѓа како ми го прави лицето. 7. На тема светкање, леле кога ќе го ставам тука околу очите како лампионче светам, и се чувствувам пренашминкана за на работа
Кремава многу убаво ми го хидрира лицето и спречува мрсење. Едина маана е шо е 30мл, и многу брзо ја трошам. Ја купив пред 3 недели и еве нема веќе.
Нелии значи нема поубав мирис! Лето особено ама јас и преку зима си го користам оти ми е сува кожата.
Не ставај многу. Доволно е сантим на нанесување, за цело лице да покрие. Мене, пример, истава ми трае многу долго.
Си знам тоа, работата е шо лицево ми впива како сунѓер, па морам повеќе иначе ќе ми остане пола лице ненамачкано
На моменти си викам кај го купив, знаев дека многу пари ќе трошам на нештово. Буквално 345 relief кремот во спреј со малце подобра хидратација. Мноогу добро го хидрира и освежува лицето, прелесно е на кожа и остава предобар сјај. Го потрошив пола за една недела, многу ми се допаѓа и дефинитивно ми стана еден од омилените продукти за лице.
и јас ја имав дневната многу чудно чуство имав ма лице. Како некоја топлина,како да користам крема која го загрева лицето.
1. Глинена маска во форма на стик, пре добра. Лесно и брзо се нанесува и откако ќе го измијам лицето баш ми е освежено, го чувствувам чисто. Пак би си го купила стикчево. 2. Шампончево ми е баш освежувачки за косата, веќе 2 3 пати си го купувам. Задоволна сум многу. 3. Кремава ја купив за проба, супер цена има и баш се изненадив, ја ставам на лице, за мојава сува/нормална кожа супер ми се погоди. Може да се користи и за тело на места каде кожата е сува, испукана итн. Малку е по "тешка" додека се нанесе на лице ама после тоа убаво ми го хидрира лицето.
Ова пишува дека е гел за чистење лице, но е како пилинг. Јас го користам и за лице, но повеќе за тело во областа каде ми се појавиле акни и има брз ефект. Серумов го користам нешто повеќе од еден месец и забележав дека лицето ми е навистина почисто. Од Белина го зедов.
1) кремава за очи е нешто најубаво. Прилично има ''тешка" структура, ама за сува кожа е лек. Личи како коректор на прв поглед ама е крема, единствена мана е што многу брзо се троши. Најмногу поради тешката структура мора да се става поголема количина. Ама вреди 1000/10 2) имам огромен проблем со егзем на рацете од ладно. Плус на работа мијам минимум 10-15 пати раце. И мислам само кремава ме спаси. Исто брзо се троши ама вреди 100%