Производиве, не месецов, периодов ми се топ. Особено ова за подочници, бидејќи сите посветли коректори ми ги нагласуваа темните кругови,ова како портокалово, а топ ми ги крие баш е instant wake up
Скоро почнав Бороталко да користам, искрено до сега најзадоволна сум од него. Спрејчето ми е веќе 2ро за овој месец, преубаво и свежо мириса. Пудрава е спас за под очите. Ептен сетира и не изледам како торта. Презадоволна сум. Прв пат користам камена пудра, обично се имав определено на прашкаста, ама ова е life saver за убав изглед. Прв пат го користам, скоро го имам купено, навечер ставам од него и сабајле лицето ми е многу убаво и омекнато. Секоја препорака! До сега најдобри... Може да ги имам постирано пак, ама буквално ми се омилени. Особено лабелцето од Bioderma! Устата ми ја прави мелем.
Medicube Pdrn hyaluronic cream Супер крема одлична , лесна, погодна за комбинирана и мрсна кожа. Особено е супер за одржување на бариера на кожата по нанесување ретинал. Има мирис , мириса пријатно. Centella Skin 1004 stick spf 50 На почетокот многу не ми се допаѓаше, но сега ми е ок и кога веќе ми е при крај, да кажам дека е супер за комбинирана кожа, тзоната мене малку ми ја масти. За реплицирање над шминка ја немам пробано. Maybelline tatoo liner Туш за очи со тврда четкичка, ултра црн. Траен е, топ за масни капаци.
ок се ама ако читаме состав не се баш ок. Инаку на темава за производиве на alur многу ја фалат кремата за раце