Revitin - спреј за против опаѓање на коса од Фитофарм Резултати уште од првото прскање. После 3-5 денови, не паѓа ниту влакненце од косата. Мириса на ментол, значи воопшто нема груб и непријатен мирис, дури и го освежува темето и не го масти коренот, напротив. Во сите аптеки, 150 ден. Вљубена сум во руменилата на Аура. Имав едно, денес земав друго и боичката е фантазија. А како убаво и природно прилега на лицето, ко некоја шеќерна мома сум. Го имав 542, денес го земав 541, а во план сум да ги купам сите бои. 220 ден. Џабе. Жолто ли, црно ли, не успеав да пресечам, па зедов виолетов спреј на Глис. И душата му ја вадам, мириса многу убаво, дава сјај, намалува наелектризираност од капи и шалчиња и е мојот омилен производ месецов.
Го има во Космо Мене продукт на месецов ми е парфемчево,што го имам одамна,ама тек сега го заприметив и сега не се делам од него Мириса прекрасно,цветно-благесто ,совршен ми е за во зима а тек колку е ефтин... Полн погодок :up:
ме заинтерсира производот.. па и цената дали ја имаш измиено косата да не дејствува како лепак (ова звучи чудно вака кога ке го прочиташ но има такви спрејови кои создаваат лажен ефект па после првото, второто миење цела када ке ти биде полна со влакна ) да не те плашам но стварно има такви, те молам кажи ни ги резултатите по миењето поздравче
Ама јас го употребувам точно недела дена, а коса мијам на два дена, некогаш и секој ден. Од тогаш се имам измиено најмалку 5 пати, воедно го масирам скалпот секој ден по 10 минути со косата спуштена надолу, а да не зборувам колку ја чешлам - буквално ја малтретирам, ја чешлам и водена и сува, се фенирам... и забележувам околу 10тина паднати влакна, што е ништо, во споредба со тоа колку ми паѓаше последниве два месеци, одводот се затнуваше буквално. Мене ми делуваше фино, а најважно - не ја масти. Дури го освежува коренот, на некој начин до намалува мастењето. Пробајте, за 150 ден нема што да се изгуби, а во секојслучај нема да штети. А и вчера бев на фризер да се шишнам, ја прашував и фризерката, ми рече дека е добар со редовна употреба...
Чекав да помина време, да видам како ќе се покаже, па после да го пофалам. Ептен сум задоволна. Кожава ми ја прави џам мазна и мека. И кремава е одлична. Преубаво мириса, хидратантна и пријатна за кожа.
Oвај месец му го посветувам на Aveeno,се изнакупував гелови за туширање,креми,лосиони,многу се убави и многу нежна ја прават кожата,посебно изненадена сум од геловите значи како со крем да се бањаш имам чуство,и имаа преубав мирис на овес
Моите НАЈ производи за месец Февруари: 1) Најновото лабело Витамин Шејк од Нивеа. Не е класично кремасто лабело, туку делува како измеѓу лабело и сјај. Одма се растопува, дава сјај, не остава боја, има многу дискретен благ мирис. Најефтино е во Зегин, околу 100-110ден. 2) Најновиот шампон од Лореал во црно пакување. Богат и кремаст е, со благ овошно-цитрусен мирис. Косата навистина делува како многу поздрава, поживотна, посилна на допир. Спојлер Но, негативност е што побрзо ја мрси (тоа искуство го имам со сите шампониа на Лореал). 3) Сите производи од Галафарм за пети се многу квалитетни и добри, а со многу прифатлива цена. Посебно интензивната крема за нега и спрејот за освежување, кои даваат голема свежина со пријатен ментол -мирис.
Морам само да кажам дека лабелото јас го купив 99 денари не е најефтино во зегин Спојлер се извинувам за офф топик
Kолку пати го имав видено кремчево и мислев дека е никакво за толку ефтини пари но згрешив,нешто е измеѓу витаминска маст и вазелин,но е подобро од вазелин,се користи за се,и мириса на папаја Mногу многу убава ја прави кожата,и ако го видете некаде да не двоумите да го земете,прекрасно е
Во маркет во мојата населба. Гиго-трејд се вика, го има и во Козле истиот, во населба Хром , и во Маџари