Мене околуочното подрачје ми е голем проблем. Секогаш кожата во тој дел ми делува ненаспано, уморно. Сега се доведов малку од малку во ред со кремата, иако планирам и eye patches да земам од истава линија, така што се надевам на солидни резултати.
Јас немам ќесички тип на подочњаци туку повеќе се темни флеки. Целиот дел е темен едноставно. И досега ништо не ми помогнало. Само прават да не ми се ствараат брчки од сува кожа и плус да не ми се лупи/суши кожата плус од коректори. Пошто нажалост морам да ставам тон коректор.
Размислував за хируршко поправање деновиве. Бидејќи сите кремови ми се огромен scam на крајот од денот. Ама ќе видиме
Некоја членка тука го имаше препорачано, не можам да се сетам која беше и дали беше во оваа тема, но фала ѝ до небо. Мислам дека конечно најдов четка што нема да ме корне и да ми ја искуби цела коса. За прв пат со неа четкањето да не ми е болно.
Би го одбрала уште милион пати пред останатите спрејови на Балеа. Во споредба со нив: - немав реакција на скалпот; - нема толку тежок, кај мирис; - не остава толку траги како спрејовите; - попрактичен е и за пакување. Преевтино, нежен мирис, не е тежок и мрсен крем. Позитивно преизненадена бев, за ден два ми ги врати рацете во нормала. Нежен крем, што веднаш се впива и не остава тешки, мрсни траги. Добро лежи под шминка, само мирисот би го опишала како чуден (не е непријатен, само чуден, можеби некој ако е почувствителен на мириси не би го толерирал).
Балеа дезодоранс. Во последно време почнав да ги практикувам да се без алуминиум. Ова е еден од омилените. Преубаво мириса, дури и мирисот трае. Штета што е limited. Ова е втор омилен. Не е траен колку првиот. Kallos шампон. Сосема случајно го купив прво hair pro, сега овој. Навистина добри шампони под ниска цена. Следно ќе ја земам и маската. Биотен колаген. Го користам веќе цел месец, лицето ми е премеко, убаво и чисто. Топла препорака а и не е воопшто скап Алое сапун. Има три сапуни, алое, лаванда и бадем. Секој месец менувам по еден мирис. Најубавите сапуни од ДМ Лореал пудра. Најдобрата пудра евер! Не сум користела подобра пудра Голден роус маскара. Не сум била љубител на ситни и тенки четки. Но оваа маскара ја земав од препорака ова е трет пат да ја купам повторно. Буквите се сиви, ако не се гледа убаво на сликата.
Омилени продукти за неколку месеци Си најдов како мирисно ќе се обележи за пролет/лето 2026 (ако не почне да ми пречи мирис во бременоста). Путеров на Пура Перла, кој иницијално го земав за масирање трудничко меше, толку ми се допадна мирисот и текстурата што го мачкам сегде Во комбинација со спрејов од ДМ, што го земав како dupe за Rio de Sol 62. Не е dupe, ама убаво мириса и фино трае во комбинација со путеров и до 8 часа кај мене на кожа, на облека и подолго. И финално, Sunflower тоалетнава вода на Елизабет Арден, ja порачав на „немириснато“. Не можам да го дефинирам мирисот, но одлично се комбинира со другиве производи и е доста траен.
Во врска со кремот на Балеа од истата линија користам шампон и пена за нозе, чудо невидено, презадоволна, ја потврдувам линијата. Кремот Пантенол на Галеника, ама тој во туба, 20 паковања имам искористено, 20 чувам во резерва, си ги купив од Мк за во Хр, ми ја врати кожната бариера во нормала, секоја вечер пред спиење го користам, нема подобра хидратантна мека лек крема во светот за тие пари. Една година го користам и планирам цел живот. Патем нов омилен производ ми е лабелото за усни од ДМ, две за 3 евра, го користам Honey Vanilla и Beewax. Се топи на усните, предобро штити и омекнува, и долго трае без реаплицирање. Може малку повеќе детали за пудрата и маскарата? Какво лице имаш, колку трае без да оксидира, дали е масна и дали е ок за кожа со себацеозни филаменти, комбинирана, нерамна текстура, дали е тешка или лесна? Маскарата каква е, дали ги разделува добро трепките или е dramatic и sticky? Јас денес ја купив на Maybeline High Sky, ми ги издолжи и раздели трепките како на кукла, предобра. Исто, посебно она чоколадното, го изгубив не е фер. Подобро лабело не сум имала во животот. Let the good times roll, о мој боже, сите што го мириснаа од мене си го купија. Чудо од спреј, се осеќав како пресно испечено слатко колаче кога го имав на себе. Од истата линија на Балеа со Mandel користам кремата за миење лице, преееееубаво мириса, премеко го остава лицето и не го суши ни најмалку. Нежност, мекост и сладок мирис. Пробај ја.
За Пантенолот во туба потврдувам, нема нешто што му е рамно. Џабе останати креми со звучни имиња. Моментално нивната линија е нешто најквалитетно, а имам чувство дека често е потценувана во сооднос со корејската козметика на пример..
Баш така мириса како што го опиша, пресладок и интензивен мирис има. Јас некогаш имам love - hate relationship со спрејов, ама од долготрајноста сум презадоволна.
Јас имам комбинирана кожа со нерамна текстура. Пудрата е наменета за мрсна кожа. Масна не ми е барем не на моја кожа. Една од најлесните пудри што до сега имам користено. Покривноста е средна, а на лице оксидира после 6/7 саати. За маскарата не ги лепи туку баш ги издолжува трепките. И не се пресликува под очите после некое време што исто е битно. Навистина е з