Оние со масна кожа знаат што значи температурата да отиде 15°+. Доволни се час-два па да почнат челото, брадата, носот, па и околу образи да светат. Имам порано користено вакво нешто, ама не сум била посебно импресионирана. Барајќи на интернет што се нуди, видов дека ова одма можам да го купам во локалниот ДМ. Предобро! Мириса нежно на зелен чај, маснотијата не само што веднаш ја снемува, туку го освежува лицето и 100% матира. Пакувањето е мало и практично, го собира и во вечерна чантичка. Откритие на веков! Вистинки погодок за љубителите на гурмански парфеми! Убав, уникатно-сладок и неверојатно траен на кожа (трајност од 12+ часа). Иако асоцира на топло време, поради доминантната ванила нота и проекцијата, може 365 дена во годината да се користи! Го обожавам, еден од ретките кој и по неколку поминати часа го чувствуваш на себе, а не само другите.
Alverde део спреј floral. Има прекрасен нежен мирис, измешан со цветни ноти и одличен состав. Balea дезодорансите ми станаа јаки и тешки. Мирисот трае со часови. Zara wonder rose парфем. Омилен парфем од Зара. Парфемот е спој на ванила и овошни ноти. Сладок и совршен за лето. На кожата трае некои 5-6 часа, а на облеката многу долго се задржува. Sol de Janeiro 62 mist. Прекрасен мирис на ф'стак, карамела и ванила. Идеален за есен и зима. Кај мене многу долго се задржува на кожата. Во комбинацијата со бум-бум кремата совршенство.
Како се нанесува сувиов шампон од Алверде?Како бебешка пудра или?Го има кај нас?Јас не сум загледала, се спрејовите ги земам, и кога сум плава ми се топ.Ама само мене ли толку кратко ми траат, неколку прскања?
Да, исто. Сите што не сте го пробале, а имате во план, прво кога го купив го доживував како некое прскало за во соба или за у кола, значи многу е интензивен. Потоа се заљубив. Алиштата и после перење уште испуштаа ноти од спрејот. Топло го препопрачувам, омилен производ на сите месеци.
Како бебешка пудра е, го тапкаш на скалпот, откако ќе отстои кратко го растресуваш. Го има кај нас, во тоа дм кај што го купувам обично стои на рафтот со гелови, пудри, помали спрејчиња за коса.
Овие се некои нови лакчиња на Есенс. Конкретно ја имам оваа боја. Толку лесно и мазно нанесување досега не сум видела од лак за нокти. Буквално како путер да мачкаш на ноктите и потоа изгледа многу мазно на ноктот. Прекрасно нешто.