Мене шампонот ми направи првут. И го немав тој ефект што го опиша. Обичен шампон. Не би го купила повторно.
Да те исправам, 300 и нешто денари е, скоро ја купував, кај мене не е нешто којзнае што, втор пат не би ја зела. Мислам дека нема човек кој повеќе има купено креми за виткана коса од мене. Секој месец исфрлам по неколку кои се скоро цели затоа што не ми одговараат. Конечно мислам дека најдов она што ми одговара, кремата на Геровитал за виткана коса, засега ми е супер. Дури се мислам залихи да си набавам, со години барам нешто вакво. Само ќе почекам некое време да видам немој да ми ја суши.
Може да ја покачиле во меѓувреме, затоа што јас ставам многу малце и не ми се троши брзо. За мене супер функционира во комбинација со шампонот за локни и маска.
1. Black up SPF 30 за лице, едноставно не исфрлува и има ептен лесна текстура. 2. Спрејчето на La Rive: Mind Chill. Задолжително за секое лето, дефинитивно не разочарува.
Потврдувам! Јас само дојдов да се согласам со неколку мислења назад за млекото за тело на Mixa. Од кога живеам во Хр постојано ми се суши и лупи кожата од водата за туширање, а сменив 5 врсти на лосиони и млеко за тело. Ни Dove, Lactovit, Afrodita, Neutrogena итн итн ни малку не ми помогнаа. Ова млеко на Микса од прво нанесување ме спаси од проблемот. Од кога почнав да го користам кожата ми е 24/7 хидрирана и воопшто немам лупење. Остава некој заштитен филм и ја прави кожата мека и нежна како свила и тоа трае доооолго, не е обично млеко за тело. Мириса на свежи благи цветови и бомбони измешано, барем јас така го доживувам мирисот. Го препорачувам ОБАВЕЗНО на секој што има сува кожа и лупење.
Ако си во Скопје, побарај во dust and cream, убави спрејчиња имаат, плус не се скапи. Предлог плус, тука на форумов прочитав за нив и земав.
Откако го користам серумов, не ми треба пудра за покривање несовршености бидејќи веќе ги нема. Толку ми го изедначи тенот, ми го исчисти лицево, ова е нешто предобро. Го купив во комплет со пена за чистење ама пената уште не почнав да ја користам бидејќи сакав прво да ја потрошам старата. И пената е со витамин ц, не се сомневам дека и таа е одлична.
Од Белина. Околу 3000 ден. Би требало да е за сите типови кожа штом нема наведено. За сува кожа, после серумот со витамин ц се става крема за хидратација.
@Bitter-Sweet одличен е се согласувам. Phytophanere - витамини за коса, нокти , кожа Презадоволна сум од овие витамини, косата ми паѓаше многу негде април, мај месец и решив да ги пробам. Причината не беше ниско железо, зошто го имав испитано ниту проблеми со тироидната и хормони. Навистина многу се намали опаѓањето, гледам особено по миење на косата чешлање.. Organic shop пилинг- бамбус и морска сол Ги обожавам сите пилинзи на Органик шоп и Натура сиберика, овој мириса на зелен чај , барем на мене Одлично си ја врши работата Nuxe масло со светки за тело Одлично масло, дава хидратација , одлично за сува кожа. Освен тоа мириса многу убаво, на цвеќиња