Истиот го користев пред 2 години, никаков ефект на мене, ни избледува флеки ниту некој хидритачки ефект. На Bielenda се покажа најдобро!
Сите производи што ќе ги набројам во постов, топло ви ги препорачувам. 1. Midha SPF 50 + PA++++ Имам комбинирана кожа (суви образи, мрсна Т-зона), факторов е одличен. Брзо упива, не остава траги и не ми сјае кожата после тоа. Не користам дополнителна крема, доволен ми е факторот и одлично хидрира 2. Afrodita Pena za lice Пенава е врв! одлично вади и шминка, одлична е. Не ми го суши лицето по употреба, но ставам наутро фактор а навечер ноќна крема. 3. Balea масло за коса Значи ова ви го препорачувам на сите!! Одличен, одлиииичен производ. Нешто најдобро. Косата е мека како свила, а потребни се само 3-4 капки. Обично го употребувам откако ќе ја измијам косата и уште е влажна. Ставам на врвовите само. 4. Loreal Revitalift ноќна крема Кремава ја начекав во WizzAir за 20 евра, каде иде и со дневна и со крема за очи. Против брчки (почетни) е, ја имам искористено само ноќната и е одлична. Дневната допрва ќе ја почнувам, но ако некој во брзо време лета, препорака да ги земе 5.Kallos маска за коса Предобра маска, шампонот не ми е толку добар, колку што е маскава одлична. Топла препорака. Плус доста трае, а е ефтина
1. Стикчево има оцена од мене 10000. Воопшто не ме поти, нежен мирис има, не лепи, одлично е. Не знам кај нас дали го има, го земав од Грција, само во Зегин видов како дезодоранс. 2. Од кремчево за раце исто сум пре задоволна, има многу сладок пријатен мирис, нежен за раце, ги омекнува и ми се допаѓа што е во малечко пакување, за во ташна топ и за на одмор плус ми се погоди, не зафаќа простор. 3. Мислам дека до сега вака добра крема за лице со фактор не сум користела. Толку лесна крема, не лепи на лицр и не пече на очи, фаворит ми е дефинитивно, супер што и дадов шанса.
Никогаш ги немам забележано. фала. Ама во дм ист гејт е обично хаос. Омилен ДМ ми беше кај Адора Флатирон.
Имаш и едно од ванила и кокос во жолто шишенце, мене тоа ми е поубаво од ова со малина. Има и лосион за тело, и купка и пилинг од иста линија. Копија било на Bum bum кремата на Sol de Janeiro. Баш пробај ги.
Знам дека се популарни. Тоа сино едно бразилиан нешто пишува го имам помирисано. Ама не знаев каде да го барам.
Да, на бразилиан жолтото мислев. Сега баш гледам, ги има и тука на попуст. Си мислам дали да си нарачам, сакам и путерот да го пробам. Во ДМ лосионот беше мислам околу 400, а кремчето за раце 180 така нешто. https://atika.mk/c/148/brendovi/treaclemoon
Да не е ова? Ама ова не сум сигурна дали го има во ДМ. Имаше едно бело со златно капаче, пишуваше creamy shea butterfly и тоа мирисаше онака нежно, на кокос. Не знам дали е истото само сменета амбалажа или ова е скроз друго. Мислам дека не е истото. Баш ќе го побарам ова во ДМ.
Ги меркам овие новите одамна ама ме плаши да не остава бело? Го имав дезодорансот баш овој од лилавата врста, не замирисува за тоа (Dove и онака не ме изневериле) само мирисот ми е некако чуден не по мој вкус
За стикчето колку што забележав не ми оставило бела трага, некако брзо ми впива во кожа. А за мирисот(јас не сакам општо на било што пре јаки мириси, ми сметаат) овој ми е пријатен, не е нападен откако ќе се нанесе. Имаше и други мириси, пробај ако не некој друг ако овој не ти направи мерак.