Балеа Стик Не се осеќа мирисот. Помага. Единствена маана му е што остава траги на црна облека. Алверде Стик Овој има малку јак мирис, но поднослив и е малку поефикасен од оној на Балеа. Не остава траги.
Овој вториот кај мене никаков ефект. Јас не барам да не се потам него да не мирисам. За еден час јас не се трпам а мирисот му е баш убав.
Се собраа повеќе фаворити во последно време. Многу ги сакам препаратите за коса на Лореал. Шампоните не ги користам, пробав еден и не ми одговараше ама од овие три продукти од Dream Long линијата сум презадоволна. Ја омекнуваат косата, даваат убав сјај, олеснуваат чешлање и мирисаат преубаво. Подолго време ја користев бананата од Гарниер и ми беше супер, ама нема споредба со оваа на Лореал од која косата ми е мека до наредното миење. Вреди за секој денар. Само маана е што тешко се наоѓа поголемата амбалажа од маскава, оваа од 300 мл е малку за мојата долга коса. Овие млека за тела се најдобрите што некогаш сум ги пробала, после тие на Нивеа. Лесно се впиваат во кожата и не се премрсни, мирисаат совршено и реалистично, негуваат и хидрираат. Кожата е премека после мачкање. Пакувањето со пумпица е доста практично. Притоа се многу евтини за количината. Не можам да кажам дека мирисот е долготраен, меѓутоа се задржува и се осеќа интензивно некое време. Ако сте фан на благи и гурмански мириси, топло ги препорачувам. Едвај чекам да си идам во Србија и да си направам залихи. Ова на сликава е гел за туширање, ама и лосионот е во иста ваква амбалажа. Не сум многу по шминката, поготово сега на овие температури моето мрсно лице не трпи многу шминка и тешки пудри. Ова се производите што ги користам (+ Кико сјајче) и ми се и повеќе од доволни за секој ден. Подобар коректор од овој немам пробано, покрива буквално сѐ и има преубава кремаста текстура. Доволно е да се нанесе помала количина. Мислам дека слободно може да се користи наместо пудра, убедливо најдобар дрогериски коректор. Римел капучино моливчето сите го знаете, вирално е. Многу ми се допаѓа нијансата и како стои на усните. На Мејбилин маскарите им нема конкуренција според мене, единствени маскари кои прават да се познава дека имам трепки. Посебно сум задоволна од водоотпорната маскара, летово не направив нит свилени трепки нит лаш лифт, си ја користам оваа маскара и буквално не се вади, не се пресликува или размачкува без разлика што имам масно лице. На Нивеа дезодорансите ми се незаменливи. Единствено нивните и на Дав и Рексона ми делуваат и стварно се ефикасни и штитат. Сите што сум ги пробала на Нивеа ми се погодиле. Плус мирисаат доста интензивно и мирисот го осеќам после некое време. Сапуните на Дав многу ги сакам, сите мирисаат и негуваат супер. Последно овој со кокос го земав. Преубав, нежен мирис. Ова спрејче мириса многу отмено и елегантно, како некој скап дизајнерски парфем. Ми се допаѓа што има малку поинтензивен мирис како што и самото име кажува, за разлика од повеќето Викторија Сикрет спрејчиња што се пренежни за мој вкус. Трајноста е просечна, се задржува некое време на кожата, а на облека може малку подолго. Го нема кај нас, ама на било кој фри шоп или Викторија Сикрет продавница во странство ќе го најдете. Како што приметивте и сами, голем фан сум на ванила и кокос мириси. Спрејчево е рај за лето, мириса преубаво, хидрира и лади. Случајно го купив на одмор во Шпанија за некоја смешна цена, кај нас е дупло поскапо. Пак ванила. Супер лабело, мрсно и хидратантно, хранливо. Идеално за суви и испукани усни. Мене скоро сите лабела ми се многу суви и не ми помагаат, единствено ова и на Алверде од невен ми се погодија. Ова има поубав мирис. Само 70 денари во Зегин.
Јас и ти со кокосот и ванилата само што го потрошив гелчето за туширање од Velnea исто го земав од Lilly од Србија а за сапунчето од Dove ќе мора да си го купам дека од кокос дома ме чека една колекција од кокос, ќе пишам за брзо впечатоци
Јас се опседнав скроз. Лосиончево мириса идентично како Bounty чоколатцето со кокос, буквално ти отвара апетит да идеш до тобако Bounty да си купиш. А тек ова со чоколада да го пробаш. Абе исто Милка со јагода мирисот, и с т о! Имаат и спрејчиња за тело и парфеми, и креми за раце, и пилинг, и путер и свашта нешто. Јас имам и Лили лојална картичка, ќе идам ќе им ги испразнам рафтовите.
Ќе пробам и други производи обавезно јас одамна ги следам Lilly и сега последно кога бев во Врњачка бања така сама си влегов, раат си пазарев и за проба само гелчево го земав од Velnea дека со кокос, други производи од таа линија не сум пробала да ми пркне второво бебе и пак ќе шетам да се подновам ама тој пат ќе биде со лојална картичка ти шеткај и за мене и давај препораки
Мене втор дом ми е, имам многу фамилија таму и стално ги гњавам да ми донесат некоја глупост од Лили. Буквално Лили треба да ме спонзорира, ги прославив. За Лили лојалната картичка, можеш и сама дома да си средиш. Само симни си ја апликацијата на телефон и внеси податоци. Прифаќа и македонски број, на Вибер ќе ти стигне код за активација, ќе го внесеш и готово, си имаш картичка. На каса само ќе ја покажеш и ќе си добиеш попуст. Ама тоа важи само за тие производи што се означени sa Lilly karticom. И си собираш цветчиња (поени) од купување. Сори за оф топик. Не замерувајте, опседнати сме.
Пиши +389 префиксот за Македонија и после бројот без нула напред. Пример наместо 075, само 75. +389 75 ***
И јас се ослободив од него по брза постапка, ич ефект. Најефикасна ми е део кремата со малина ама незгодна е за ставање, затоа користам најчесто стик бен&анна.
Спрејчето за заштита од топлина го имаш пробано? Моментално кремата ја имам ама бидејќи е при крај се мислам спрејот наредно да го земам.
Како личност којаа се поти премногу, и ни еден дезадоранс не и одговара ова ми е спасот. Мириса нежно, се потам ама не се осеќа лош мирис. Сум користела нивеа, дав, рексона ама овој апсолутно нема да го сменам во скоро време. Како што пиша и Панда, овој коректор е врв. Толку е покривен, толку долго трае. Доволно е само една мала точка да се стави. Лосионов за тело е врв. Имам премногу сува кожа, па ми треба нешто појако да ја хидрира. Нема некој посебен мирис, но ми ја остава кожата мека и мазна до следно туширање. Веѓите си ги правам секој ден, па овој гел ми е фаворит веќе подолг период. Ставам многу малку но веѓите ми стојат на место по цел ден. Не мрда ни на високи температури. Единствена мана е што мора внимателно да забришам околу веѓите пред да ставам други производи на лице, зашто ми се лепи на пудрата.
Го има во дм а го имам видено и во сите поголеми маркети. Нанесувам со ваква четка. Ставам многу малку, го размачкувам на веѓите, потоа ги залижувам и си ја правам посакуваната форма. После потполнувам со сенка за веѓи.
На Лореал? Да, да. Тоа го користам, супер е. После бањање на мокра коса прскам и расчешлувам, ептен помага. Според мене многу е подобро од Глис спрејовите. Цела оваа линија им е супер.
Јас лани го земав Глис спрејот розевиот и не ми се допадна воопшто. Јас дека имам тенка коса некако ми ја мрсеше многу. Фала ти, ќе го пробам