И јас го имав тој розевиот и неколку други на Глис сум користела, освен амбалажата што им е различна боја, друга разлика не приметив. Сите им се исти. Освен што мирисаат убаво, друго ништо посебно не прават. Мене лично многу ми се плетка косата и не ми помагаат за расчешлување, ми немаат никаков ефект, како со вода да се прскам. Единствено полош спреј од Глис ми е Супер Милк, ептен ми ја слепи и измрси косата. Ене го дома така ми стои за џабе, немам што да му правам. Нема споредба со Лореал портокаловото, цела линија ви ја препорачувам, одлична е. Следно сакам розевата линија од Лореал да ја пробам, мислам дека и таа ќе биде супер. Малку е поскапичка ама имаат мислам во ДМ некоја акција.
Или што би рекол маж ми, абе тоа Дм со амбалажите како ве лажат да купувате што треба и не треба а ние жени, едно тешко да нè убедиш да купиме фала Пандичка на препорака, ќе земам од Лореал
Да, дека супер милк не вреди за тие пари - не вреди. И јас по втор пат го земав поради мирисот секогаш се лажам така за некои производи, а тоа дека не вредат е друго. Од портокаловата линија го имам пробано регенераторот и тој моментално ги користам, исто и leave in кремата, супер се , leave in от понекогаш ако претерам тежок ми доаѓа ете наредно на спрејот му е редот
После месец дена користење на путеров за тело, јас го користам за стапалата, можам да кажам дека поубаво нешто не ми легнало на кожава. Ми ги измазни петите и лесно упива. Денскава крема ми стана исто една од фаворитите, лесно се нанесува, преубаво ми мириса, и брзо упива. Јас ја ставам деновите кога работам од дома, не ја нанесувам врз спф затоа што за моето лице е многу тоа ама лесна е, така што може да се проба и така. Препорачувам!
Loreal elseve color vive - презадоволна и од шампонот и од регенераторот, и даваат сјај на косата, не ја натежнуваат доколку ви е мрсна. Ме интересира некој дали маската ја има користено ма да не би се осудила да ја пробам зошто имам тенко влакно. Efi natural cosmetic - од пред месец дена конечно решив да ги пробам производите на Ефи од Гевгелија, девојката се занимава со рачно изработени продукти. Разговарав со неа телефонски и ми состави рутина за лицето и кажав дека имам мрсна кожа особено летно време и ми даде освен овие производи на слика и други за кои што ќе пишам во друг пост, преубаво ја хидрираат кожата без да биде мрсна, спф кремата е со минерален состав , на почетокот малку масна ми се виде но ставав три пумпици што беше премногу , сега кога намалив увидов дека не ми го масти лицето. Кремата со 5% ниацинамид е одлична за мрснава кожа како крема не е воопшто масна да остава масен филм. Хијалуронската ја нанесувам по тонерот на полувлажна кожа и е баш лесен серум, пак ќе кажам идеален за масна кожа веднаш се впива. Гелот за миење лице ќе треба да се протресе пред употреба, спставен е од семка од маслинки и прави благ пилинг. Ми се допаѓа што може да се нанесе и како маска еднаш неделно. Тој го користам еднаш дневно по нејзина препорака. Јас сум секогаш ЗА поддршка на македонски производи, ви препорачувам да си побарате рутина доколку сакате природни производи Bath & body works - Champagne toast Од лосионот за тело сум презадоволна, мислам поубав и потраен немам користено. Мириса на ванила и јагоди, луѓе ме прашуваат каков парфем имам ставено. Навистина е предобар.
Најубавата маска што до сега сум ја користела,препорака најголема,мириса преубаво и со мала количина косата ја прави премека и лесна за расчешлување. 10/10
Омилени и најчесто користени работи во текот на септември: Catrice blur-real кармин, нијанса 060 Многу, многу убава чери нијанса. Пигментацијата е нежна, но многу лесно може да се надоградува и не изгледа лошо кога се реаплицира по Х часови. Прекрасен, плус мириса на чоколадо. Essence soft touch bouncy blush, нијанса 20 - electric peony Нежно е, ептен ми одговара на тенот, пресудна беше нијансата. Навистина многу убаво прилега на многу светол тен. Дава некоја french girl елеганција. Не е многу пигментирано, но нијансава знае да биде тешка за блендање, па топ е вака затоа што лесно може да се наштима до посакуваниот интензитет. Balea масло за туширање со овошен мирис Не знам дали е од некоја лимитирана колекција или ќе го имаат редовно во понудата, ама навистина ми се допаѓа. Мириса на праски, на мултивитамински тетрапак сок. Не сум некој голем љубител на овошни мириси, поготово не на праски, но баш ми се допаѓа маслово и дефинитивно би го купила пак. Balea масло за тело Многу убаво масло, за мојата кожа е полн погодок. Не остава масни траги, веднаш се впива и има некој нежен мирис што не смета отпосле за додавање парфем, спреј за тело или нешто друго од тој тип. Lush Candy rain регенератор Одамна ми беше на листата за купување, па се почастив и не жалам за парите. Имам суви врвови склони кон пукање. Регенераторов одлично ги хидрира врвовите, не изгледаат суво и лесно се обликува косата отпосле, не го прави влакното тешко. Од нега до ефект и мирис - немам замерки, прекрасен од секој аспект. Versace Red Jeans Парфемов го купив од носталгија, но го утепав од користење изминативе два месеци. Преубав е, скроз се навлеков!