Essence silky blur коректор. Многу добар коректор, има висока покривна моќ, лесна текстура и дава некаква свежина под очите. Не влегува во линиите под окото. Essence jelly grip прајмер. Дава свежина на лицето и лепливост. Пудрата многу лесно се нанесува со прајмерот. Sol de janeiro bum bum крема. Добро хидрира, најзадоволна сум од мирисот. Прекрасен мирис на ф'стак и ванила. Ја комбинирам со спрејот 62 и мирисот трае многу долго.
Секој месец сакам да го постирам. Значи, најубавиот мист со светки. Преубав свеж мирис и навистина многу светка по телото. Откритие на животот. Прекраснен хидратантен крем. Многу убаво ми ја хидрира кожата, ептен сум задоволна. Не го менувам ама за ништо. Цело лето се мачкав од него и уште го имам. Не се троши. Вреден за секоја пара. Долго се мислев дали да ги земам и реално не згрешив. Ептен мека ми ја прават устата и многу убаво изгледаат. Буквално имаат толку нежна нијанса што стојат убаво и без и со моливче за уста. Апликаторот им е доста погоден. Во главно не сакам пуфкасти апликатори, ама за овие си го повлекувам зборот. Исто бев скептична за ова, ама ајде викам да го пробам. Обично кога сум скептик, секогаш ми се погодуваат производи кои на крај сум задоволна. Генерално го користам за уста, многу лесно и природно изгледа. Наменет е и за образи, како blush ама не сум го пробала. Топла препорака. Фантазија од производ. Дава ептен природен изглед на усните. Во последно време сум опседната со Benefit производите. Кремава ептен убаво ми се покажа на лицето. Генерално ја користам како база под шминка и сум презадоволна. Предобра хидратација ми дава на лицето. Во главно не користам прајмери и те ствари за под шминка, секогаш креми, ама не бев задоволна поради тоа што ми се впијуваше пудрата во лицето. За оваа искрена препорака. Јас сум искрено презадоволна од шампонот и од целата оваа линија на Керастас. Многу мека ми ја прави косата. Во последно време било кој шампон да го ставам ми прави првут. Освен овој и портокаловата линија на L'Orel, друго ништо не ми е саалам.
Гелов за лице скоро го открив и многу ми делува убаво на лице, поготово откако поради стрес се исфрлив ко лепрозна. Пријатен е и мирисот, на чајно дрво ми мириса. Карминот поради трајноста. Верувам дека е добро познат, но бидејќи ретко ставам шминка, тек скоро го купив за прв пат и не ми се верува колку е долготраен.