Јас ја купив од Веро 209 денари,а ја има и во Тинекс и скоро секаде. Инаку од мое лично гледиште маската е добра,има доста јак мирис кој е пријатен,косата ја прави многу мека,но не ми ја исправува и покрај тоа што јас имам скоро права коса.
http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-krem- ... 55-ml.nspx Откритие на месецот. Одлична е, ми ја среди кожата и по прво користење.
Mногу сум задоволна од кремов за лице . Претходно користев на Лореал но си помислив тој да не е за постара кожа и во продавницата од кај што ја зедов Неутрогена-ва ми кажаа дека е за млада кожа. После пилингот за лице од невен , кремов е совршен з амојата кожа , дури и ја лади малку . Го зедов од космо -320 денари .
Нешто многу убаво за овој месец-гелот на солушн за комбинирана кожа. -И влажните марамици на Косили, преубаво мирисаат
Спојлер Супер е, затоа што прво, лишаите на очите не ми се познаваат од кремава, а петите... Петите се фантазија.
Пилинг маската за лице на Нивеа, за нормална и комбинирана кожа. Нешто феноменално! Е сега, бидејќи ќе отвараат ДМ маркет во Скопје скоро, ќе ги ставам и овие продукти, за некој месец ќе може и сами да ги пробате. Цените им се ептен поволни. Млекото за чистење лице за секаков тип кожа на Балеа Пилингот за лице за нормална и комбинирана кожа на Балеа Лосионот за тело на Балеа
Фитовал капсули за коса, веќе скоро недела ги пијам, бебешки влакна пораснаа, и убав сјај имам на косата 260-280 денари се по аптекиве, 60тина има внатре, по 1 на ден се пие
Шампонот, ама не овој. Не можев да најдам сликичка од мојот, не е со жолто, туку со зелено и е наменет за оние кои имаат мрсна коса. Го користам можеби 3 недели, или мецес дена и заборавив што е преса за коса, верувајте. Имам немирна ту права ту прекршена коса, ама откако почнав да го користам шампонот косата ми стана свила - сјајна, мека, мазна, дури и прекршените врвови се средија, ма уште не ми се верува. Топло ви го препорачувам, посебно на оние со помеко влакно бидејќи кај нив повеќе ќе делува. Во план сум да ја купам и маската за коса, ама о-том потом.
Прв пат го користам овој шампон, веќе 1 месец и многу сум задоволна. Не мислев дека ќе ми остави таков впечаток на почетокот. Немам никаков проблем со првут.
Ајде и за февруари месец да пофалам што имам.Иако повеќето сум ги спомнала низ темите. Прво карминчиња.Мaybelline Color Sensational.Имаат преубави нијанси,хидрадантни се и мирисаат прекрасно. Е трајноста не им е јака страна,ама не дека одма се бришат. Kупив неколку ама фаворит ми е Coral Pop-420.Значи го обожавам. Црвенкасто-портокалова т.е. корална нијанса.Дури и малце пинки делува. Не можам баш да објаснам,ама како и да е уникатна е бојата.Не е многу интензивен,дречлив,па јас си го изнаносив и преку ден. На плавуши проверено добро стои,а мислам дека и на бринети ќе стои.Ама посебно одговара на оние со темен тен.Можам да замислам како ќе стои на исончана кожа Исто и Rosy Dream-109 ми се погоди за секојдневна употреба. Најкористен продукт за коса овој снежен,влажен,ладен месец беше дефинитвно Taft Carat Shine-Creme gel. Всушност според името треба да преставу гел-крема за обликување на коса.Гo користам уште оддамна,ама во месецов кога косата ми беше екстремно сува,без никаков сјај и облик ова ми ја спаси. Не ја мрси,слепува или укрутчува косата како останатите гелови и восоци,дава ОГРОМЕН сјај,лесно ја обликува,и одлично мириса. Уште еден производ за коса,регенераторот на Lush-American Creаm. Мислам озбилно...да имаше парфем со таков мирис ќе си го купев Неописиво добро мириса,ОРГАЗМИЧНО ДОБРО мириса! Косата ми ја омекнува убаво,ја прави сјајна и..лесна ваљда,можам низ неа да си поминувам со прстите без да ми се замрсува. Не дека прави некое чудо за косата,ама мирисот.....трае со денови БУКВАЛНО,што и да ставате на косата после него. Направен е од ванила,мед,јагоди и портокали.Боље да не продужам да зборам,само околу тоа ќе вртам И пак Лаш,ама не можам да не ја споман шумливата купка Тhink Pink.Прекрасен мирис,ја омекнува кожата,ја прави розева водата,со срценца...всушност ќе ставам видео од ЈуТуб како изгледа. Уживање во топка. И да напоменам,кај нас во Лаш,топкава нема цветови-извадени се.Зошто,не знам. Гарант и поубава ќе беше со цветчињата http://www.youtube.com/watch?v=4xXutZrP1Kg И последно...лакчиња.На Флормар се,мислам дека скоро сите ги знаат,да не ги објаснувам ама сакам да пофалам две нијанси. Првата е број 372.Млечно розева.Ама финтата е што не е проѕирен,него некоја NUDE нијанса се добива и со еден слој,ама уште поубава со два. Нежен,дамски,ептен ми е по мерак. Вториот е 393.Светкав ама со прекрасни бои на светки,и ептен си одговара со првиот кој го кажав,розевиот,па често ги комбинирам.На пример на розева основа,маникир линијата светкава ја правам и изгледа одлично.Или па цели нокти со светки одозгора на розевиот..мераци И барајќи на нет да ви покажам слики од нив,всушност налетав на слика од двата заедно..Ај кент билив ит.Некој ги искомбинирал како мене Само тука светкавиот како лилаков искочил.Еве го каков е всушност
Вчера си го купив лабелово и неам зборови убавини дефинитвно најубаво лабело, има многу убав сјај и мека е устата, само штета што неможев да најдам од малина цело Скопје го свртев само ова го имаше....Најубав производ на месецот
Трендафилка го имаше препорачано и верувајте и на девојката знае што зборува. Мене никогаш не ми паѓала косата ама во последно време не знам што и стана бунт дигна. Ептен почнав да паничам затоа што после туширање имаше многу влакна во кадата па решив да пробам со ова. 157 денари го земав и од вечерта почнав да го користам. Ако ви се верува три дена потоа кога се бањав имаше упола помалку влакна во кадата, три пати проверував да не ми се кријат некаде. Воопшто не ја мрси косата, а дефинитивно има ефект. И така убаво ти ја лади глава....мераци
http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... 1/id/1243/БАЊА-Сапуни-lust-soap Колку само мириса на вистински јасмиииин