Oвој месец имам многу омилени продукти,не знам од кај да почнам прво. Loreal hair Expertise-маска за коса Mаскава е најдобра маска што некогаш сум ја користела,мојава коса е бујна,разлетана а маскава ми ја смири и некако како исправена делува,мириса некако на ментол и билки,и се остава на коса 3-4 минути,а колку само се двоумев да ја купам Mи се чини дека никогаш повеке нема да ја сменам,пофалба и за шампоните одлични се Body Shop glossing serum Mногу сум изненадена од овие силиконски капки,сум користела и порано други,но досега не ми помогнале многу,но овие се многу добри,и даваат сјај на косата,ја смируваат косата,и многу убаво мирисаат,на семки од грозје,ги препорачувам од срце,за тие што имаат разлетана и наелктризирана коса... Scandalous Mascara by Rimmel Bчера ја пофалив и во темата за Mаскара,но морав и овде,првпат пробав маскара од Pимел,и пријатно сум изненадена,четкичката е голема,и само со неколку ставања изгледате како да имате вештачки трепки,а и поефтина опција е според мене од другите фирми Essence gel eyelineр + четката Mногу лесно се става тушов со четкичката,вчера од сабајле имав ставено туш и до вечерта не ми беше мрднат,а и цената е супер,многу се изненадувам од производите на Essence :up: :up:
моето откритие за овој месец е оваа маска преубава е... не ја масти косата иако се става на цела коса а не само на врвовите, дава волумен, ја прави косата мека и убаво мириса и е околу 130 денари во Golden Rose Топло ја препорачувам за оние кои ја пеглаат и фенираат косата секој 2 или 3 ден
Го начекав гратис со хигиенски влошки (every day). И онака ми требаа па викам ај со кармин како на шала. Презадоволна! Подобар е од повеќето кармини што ги имам. Почнувајќи од пакување, боја до квалитет. Многу долго стои Темно црвен и нежно кафена нијанска Carlo Di Roma PURE Lipstick
Овие кармини не беа воопшто ефтини додека се произведуваа и линијата Pure се носеше со фирми како Лореал, Буржоа и слични, така беа и цените. Само Карло ди Рома не ја произведува оваа линија на козметика со години, и на кармините дефинитивно им е поминат рокот. Може да нема никаква реакција кај повеќето, само да ве предупредам, затоа што и јас пред две години купив палета сенки Pure која не беше ефтина (околу 800 денари), не знаев дека веќе не се произведуваат и се стари, а проверив откако забележав дека ме чешаат очите кога ги користам. Така што, внимавајте со карминчињава што одеа со влошки. На кармините сигурно не е обележан рокот на траење, овие се веројатно остатокот од залихата на Beauty Shop што не можат да го продадат.
Се гледа дека е квалитетен кармин. Позната ми беше маркава ама незнаев дека е прекината линијава. Забележав дека бројчето на карминот не одговара со бојата на карминот, па мислев дека поради грешка во пакувањето (не ми текнува посоодветен термин) па затоа поефтино ги пуштиле.. Сега за сега супер се, секако ќе внимавам, благодарам за предупредувањето
Го мислев сто години како да е кузнае колку скапо и се смислев леле зашто луѓево толку го препорачуваат не верував дека е добар, цената ми беше сумјива... ОД ефтин поефтин 189 денари за 400 милилитри(јас и со 20% попуст го земав, мераци ) Мирисот е нешто што стварно не се опишува, погоден е за помрсна кожа зашто не е многу мрсен и брзо се впива, само не ми се свија што е потечен, не е многу густ па брзо се троши ама за таа цена и на две недели да се троши е пак океј Во план сум да си ги купам и другите, абре мирисот е стварно на чисто незнам како да кажам освен пре пре прекрасен, за тие пари е 10ка
Џордани Голд Пудра За Лице Ја користам исклучиво како денска пудра (не е многу покривна), лесно се нанесува, брзо се впива, дава многу природен изглед и сјај, одлична е за посува кожа.
Пред се прекрасно мириса, плус мирисот се задржува долго време. Плус тоа што кожата ја прави мазна и мека.
Мојот нов пронајдок, мириса комплетно исто на Light Blue, Чини 330 денари, 50 милилитри(во Рубин кармин...)... Само опаковката му е порозева во живо не е ваква портокалова... ПРЕКРАСЕН и Траен!!!!
Во мојата листа месецов се капките на Advance Techniqus -daily shine од Авон . Капкиве се за испукани врвови. Кај нмене косата имаше малце метил од пеглањето и одкога почнав да ги користам капкиве косава како да ми доби некој сјај , дури и се премислив за шишањето бидејќи метилот веќе не ми се познава.Ги препорачувам. За лосионов немам зборови . Трет пат го купувам и со секое купување се заљубувам де во него де во себе. Посебно ми е убав за нанесување на колената и надколената бидејќи тука кожата ми е посува.
Презадоволна од карминов, предолго трае и совршено ми одговара, ова е мојот омилен продукт на месецот:
Мирисот е нешто вонсериско, а за дискретните светки и тоа како фино ја омекнува кожата ич да не зборам. Си се самозаљубувам секојдневно, ма ми иде да си се бацнам дури!
Имам и од двата вида кармина, различни се, и двата се неописливо добри. Не очекував воопшто толку убави кармини дека ќе имаат Римел, ко да не носам кармин на мене, а лично го мразам тоа чувство па уште и ако мириса ко стандард кармин, бљак. Преубави се, во секој поглед, ниедна замерка немам. Си ги сакав секако Фелче, ама новиве се сон! Не знаев кое попрво да го фатам и на крај за розовото се одлучив, т.е. Сицилија. Тоа и Тоскана, плавото се убедливо најубави. Свежо, летно, лесно... После 3-4 пробани Глисови, овој кондиционер е врвот, барем за мојата коса. И назад на овој рол он, незаменлив ми е.
Ова руменило или бронзер, што и да е, на Golden Rose. Го има во повеќе нијанси, се вика Terracotta blush-on, а јас ја избрав оваа. Одлично е!