Штом времето се затопли и запролети, вообичаено целосно ги менувам производите за тело. Потешките зимски мириси, ги заменувам за лесни и освежителни. Производи на месецот: 1. Парфем Perceive Го купив уште пред неколку месеци, и едвај чекав да го заменам Little Black Dress со него. Прекрасен парфем, доста долготраен и има многу убава мирисна нота. 2. Дезодоранс Rexona Citrus Презадоволна сум од сите дезодоранси на Rexona, не оставаат траги на облеката и што е најважно - не содржат алкохол. Цитрус е дефинитивно еден од моите омилени мириси, многу е освежувачки! 3. Крема за тело, раце и лице Avon Care Лесно се впива, и дава хидратација на кожата, има убав мирис и е доста ефтин. Единствена мана му е тоа што кога и да брцнам во кремата, мора да ми бидат чисти рацете затоа што многу внимавам на хигиена. 4. Маска за коса Шери Бев малку скептик кога ја земав, затоа што претходно употребував за фарбана коса, а сега земав маска за секој тип на коса. Ама сум презадоволна! Ми ја отплеткува косата, ми ја прави нежна и прекрасно мириса! Многу освежителен и долготраен мирис од ѓумбир и зелен чај. Цената е одлична и со една ваква кутија од 1000ml сум обезбедена за цела година. Најмногу ми се допаѓа тоа што за разлика од другите маски е многу погуста, па кога ја префрлав во помало кутиче, не можев да ја истурам и морав да ја црпам со лажица 5. Гел за туширање Waterfall Дефинитивно мој омилен гел за туширање! Зимава ја користев купката од јоргован и мислев дека нема да најдам поубав мирис од неа, ама сега се предомислив. Многу, многу освежувачки мирис има!
1. Rexona Clear Pure стик, дефинитивно најдобриот антиперспирант кој сум го користела до сега. Со дезодорансите на Нивеа си направив проблеми, за прв пат почнав да мирисам непријатно, но со ова проблемот е решен. Толку преубав, свеж мирис. Дури облеката и по перење ми мириса на стиков. И трае доста долго, мене ми трае околу 3 месеци, а го користам секојдневно. 2. Glicemille крема за раце, не знам зошто воопшто пробував да ја сменам и да пробувам други, едноставно и нема замена. 3. Nivea Orange Blossom гел за туширање, доста ја омекнува кожата, иако мирисот не ми е најомилен и не е многу траен 4. Nivea Orange Blossom млеко за тело, во принцип не ми се допаѓаат млеката на Нивеа, но ова ми е супер за после туширање и ми се допаѓа што одма се упива и не ја осеќам кожата мрсна. Мирисот на почеток е малце чуден, но после мириса доста слатко.
Во последниве месеци сменив многу гелови за туширање,и сега се вратив на овој што го користев одамна, не знам зошто воопшто менував, кога го има најпрекрасниот мирис што може да го има еден гел за туширање: Омилен,дефинитивно! До следниот месец.
Дефинитивно предност давам на број 1 млекото за тело на Gosh, нешто незаменливо, прекрасен и долготраен мирис, а кожата ја прави нежна, мека... Леле, толку се заљубив во него што тешко дека во блиска иднина ќе барам нешто друго. ---------------------------------------------------------------------------------------------------- Најново што почнав да користам е камената пудра на Bourjois - Healthy Balance и морам да признаам многу позитивно сум изненадена. До сега сум избегнувала камени пудри бидејќи даваат многу вештачки и восочен изглед, но оваа дефинитивно ги надмина моите очекувања. Многу е лесна, долготрајна, ја апсорбира мрснотијата и има многу убав мирис.
Не би ја заменила оваа купка за ниедна друга (освен за таа од рози). Морав да почнам да ја користам,за брчки е ама многу сум задоволна лицето го прави убаво а и не мириса лошо. Бидејќи косата ми е претерано оштетена. И секако најубавото нешто.
Кармините се дефинитивно со поминат рок на траење...и јас земав карминот мириса лошо..по што со сигурност тврдам дека е со поминат рок на користење..Јас нема да го користам затоа што имам осетлива кожа и не би ризикувала
Денеска го земав а веќе ми е најомилен продукт не на месецот, туку на годината Мислам дека се избањав најспецијално само да се намачкам со чудово ама баш е чудо. Каков мирис, опиен и доволно е хидратантен хидратантен не е претерано мрсен ама не е ни многу сув, мислам не се троши брзо и густината според мене му е тамн, не премногу густ ни течен,ма 10 плус Значи се мислев 10 минути кое да го земам, скоро сите ми се свијаа Дефинитивно следен пат има уште 3-4 да се земем, па и не се скапи 149денари во космо. И Авон Infinite moment Има некој пријатна арома, нежен но сепак забележлив остава впечаток од само прво ставање. Го носам во ташна и постојано се прскам, прекрасен за секој ден Бaшка и за тие пари па и ланче со него, ептен супер зделка
Дефинитивно лаковите на Малена. Не можам да најдам слика на интернетов ама со сигурност можам да кажам дека се едни од најубавите лакови што сум ги користела. Брзо се сушат и траат повеќе од 5 дена а се само 40 денари.
Во март повише внимание му посветив на телото,нели пролет повише кожа покажуваме,а иде и лето,таман до тогаш да се средиме . И како ОГРОМЕН фан на Лаш прво морам нивни производи да пофалам. Buffy пилигот. Правиш доста груба ексфолиација,а кожата после ти е совршено хидратизирана,мека..како со млеко за тело мачкана,е тоа е совршен пилинг.И мирисот на кожата е некој свеж,као на билки мириса,ама ептен ми е по мерак.И плус помага против целулитот . И уште нешто од Лаш,што го купив скоро,регенераторот за тело Ro's Agran.Кожата божество ми ја направи,мислам дека ни Клеопатра немала вака мека кожа . Неописливо добро,и иако не го сакам мирисот на рози,ова има некако сладкасато розаст мирис кој се повеќе ми се свиѓа,посебно на самата кожа како мириса. Млеко за тело,што у март го искористив максимално,е дефинитвно на Victoria's Secret-Coconut Passion. Мислам дека веќе сите ги имаат пробано млекава,јас посебно ги сакам ради долготрајниот мирис.Се мачкаш од сабајле и мирисаш буквално цел ден,а плус што ја права кожата мека. Јас сум по овие ваниласто кокосови мириси,па овој ми е еден од омилените од колекцијава. Исто така ги сакам и Vanilla Lace,Pure Seduction ,Amber Rose исто така како посвеж мирис... Во зима многу ми се појавуваат акни на грбот,ваљда од џемперите или што знам,и си го нарачав на Авон гелов против акни на тело,од Clearskin колекцијата.Бувално од прво користење почна да ми ги суши и одма се гледа некоја разлика,а со тек на време и скроз ме исчисти.Така да топло го преорачувам на сите што имаат проблем со акни на грбот,деколтето,рацете...Помага НЕНОРМАЛНО,a е доста поволен. Последен производ за тело месецов,кој мајка ми прво го купи како анти-целулитна крема,ама освен што е ефикасен за целулитот,сфатив дека ја подобрува целата текстура на кожата,сите несовршености,буквално ја глади кожата.Vichy AquaDestock. Што се тиче целулитот ,дури поефикасен ми е и од Nivea Goodbye Cellulite серумот што досега ми беше незаменлив.Се разбира во комбинација со добра масажа,многу вода и малку физичка активност,и отиде целулитот.Се надевам трајно . Исто сакам и многу да ја пофалам гел-кремата за измивање на шминка на Bourjois. Ми требаше нешто што понежно за измивање на шминката онака преку ден,за навечер и насабајле имам други производи за чистење на лице што се појаки и погруби,па ми фалеше нешто за чистење на лицето и шминката за на пр кога ќе си дојдам од факс,прошетка или нешто и не можам по дома со шминка да седам,а другите производи не се за толку често користење бидејќи ја сушат кожата. Ова е совршено нежно,лесно,а доволно за да ја исчисти шминката.Има некој лесен цветен свеж мирис,одлично е стварно.Го препорачувам и на оние кои имаат чувствителна кожа. И за крај ,нешто што уствари сега во април го купив,ама ептен ми се свиѓа.Essence top coat-от за гел изглед на ноктите. Многу убав сјај дава,и баш изгледа како гел над лакот.Го обожавам и го ставам над секој лак. Посебно одговара врз нежен класичен француски маникир,или некои млечни лакчиња. И ваљда толку е..ако ми текне на уште нешто ќе пишам пак .
Дефинитивно откритие на месецот кожата ја прави нежна без отворени пори и масни делови посебно ја препорачувам за т зона и мрсна кожа
Сапунов е совршенство. Кожата ми ја прави мека, и малку се гледа дека ми е исчистено лицето, плус ја користам и здраве кремата Исто и оваа крема што ја користам пред да ставам пудра, или онака преку текот на денот, преубава е и многу убаво мириса.
Лакче на Голден Роуз од малечките, бр. 75. На сликава е малку поинтензивно, инаку бојата е понежна и праскеста, Преубава. Gosh Velvet Touch lipstick 60 Lambada (одбрано со помош на ЛивингГлам ) Нема, нема поубав црвен кармин од овој за тие пари. Бојата е корално-црвена, текстурата е прекрасна, фино се нанесува и трае. Немам зборови за овој кармин, омилен продукт дефинитивно. Има уште неколку фини нијанси од оваа линија на Гош, во план ми е да си купам уште неколку. 260 ден. Гел и шампон за туширање од сладок портокал на Афродита. Економично и евтино пакување, го пробав и од кокос и мед и млеко, ова ми е трето и сите се супер за секојдневна употреба.