Јас си купив Cien Body Butter крем и премногу сум задоволна. Го купив од Грција и најмногуу ми се допаѓа тоа што долго мириса Мојот е од кокос и навистина мирисот му е преубав
Конечно ја начекав четкава, сега уште таа закосената за ајлајнер да ја најдам Не ја имам многу користено но засега е добра, не се митари Долго време барав top coat со мат ефект, месецов конечно најдов, и тоа на попуст! Карминчево од Орифлејм, само корално. Си ја најдов совршената корална Неонско розово карминче од Flormar и морам да го пофалам, мислам дека трае засекогаш Не сум користела кармини на Flormar до сега ама сега ќе почнам, имаат многу избор, а прилично се евтини (овој го земав 200). Лак за нокти во истата боја, сеуште го немам испробано
Имам многу омилени продукти ама ке издвојам некои кои моментално ги користам- 1.Care 3 in 1 значи закон е!Ја чисти кожата од маснотии и ја прави мека и нежна едноставно совршена (помага и за тие што имаат мозолчиња) Спојлер Најголемо и најважно откритие 2.Колекциите од She...Сите се убави,последно ја имав сината ама не можев да најдам слика...Значи прекрасна е вреди за парите! 3.Senses гелови за туширање од авон..Прекрасно мирисаат, ја прават кожата мека и миризлива..Мммм... 4.Спреј за тело со мед и млеко...Ее ова навистина вреди!..Совршен заводлив мирис.. 5.Млеко за тело со мед и млеко...Ја прави кожата преубава...Малку има јас мирис ама не пречи.. 6.Гел за туширање со мед и млеко...Ммм супер!
Јас го купив овој сјај за усни од GOSH и многу сум задоволна исто така и маскарата од Max Factor (false lash effect) супер се
Lidera deo cream Ма, каков рол-он антиреспирант, какви бакрачи.. Мајка ми го користи од одамна, ама кога се зачлени во авон се префрливме сите на рол-они. Де за брат ми, за мене, за мајка ми, за татко ми.. Ама, на темните блузи оставаат бело. И затоа, пак купивме лидера (лидера за под пазуви, зашто има и за нозе). Од Зегин го купивме, околу 120ден. е. И што е најважно, има дејство, а не како рол-оните. Ах, и да, нам ни е поекономично - наместо 400 ден. за 4 рол-они, сега дадовме 120ден, а пошто е крем во тубичка, секој може да го користи. И мене ми има убав мирис, не е нешто посебен, ама фин е. Hemel for heels Мајка ми има една пријатека која уште работи со Хемел, па го нарачавме преку нејзе. Кремов е за пети и стварно ги прави меки. Мене ми мириса прекрасно. Немам појма колку пари е.
Aјде за месец април омилени Kе почнам со Лаш прво,и Mис назад го поставила пилингот што е како 2 во 1,морам и јас затоа што е одличен Agua Mirabilis Mногу добар пилинг е, ја прави кожата преубава,премекаа,исто како со млеко да се бањаш и после тоа немаш потреба да ставаш лосион за тело,јас не чуствував дека ми треба Karma Komba Tврд шампон Hајдобар шампон што сум го користела,многу ме чешаше скалпот и имав првут,а сега веке немам проблем со тоа,плус мириса многу убаво исто како сапунот Kаrma,го препорачувам,само да не го чувате во тушот зашто ке се стопи и разлигави на секаде и оваа бомбата за во када Ickle baby bot Oваа изгледа е наменета за деца,но јас си ја видов ефтина и си ја земав,мириса на камилица и лаванда,и убава е Спојлер Revlon Color stay He знам само колку време се двоумев да ја купам пудрава,се мислев дека е тешка,плус тоа што нема пумпица ме нервираше,и на крај кога ми излегоа многу акни и ми требаше попокривна пудра се решив за оваа,многу покрива и не е толку тешка како што мислев,и што е најважно стои и стои на лицето со саати,многу трајна е Mногу задоволна сум
Млеката за туширање, новите на Дав. Тоа со ши путер и топла ванила го добив од Космо на подарок, а од другото ми дадоа тестерче. Прав рај се и двете. Мирисот е долготраен, грее, истовремено ти ја омекнува кожата. И ова балсамче, го купив од фришоп во Цирих, од Лочитан. Исто е од ши путер и мириса малку чудничко, како со некои билки плус. Го ставам на испукани усни, на лакти, на пети. Делува потхранувачки и е супер за цената (околу 4ипол евра е мислам, што е одлична цена за тој производ).
И јас како повеќето од вас се подовив со производи за пролетва. Овие ми се омилени: Презадоволна и на врв ми е овој производ! Ми ја измазни целата кожа, немам веќе ни црвенило ни ништо. Кожата ми се осветли и сосема ми се исчисти. Одличен е серумов. Многу убав серум за коса. Ептен ја потхранува и ја прави цврста и дава убав сјај. Лесно, пролетно парфемче. Баш вакво ми требаше. Гел за туширање со мирис на сливи. Многу убава ја прави кожата, мека и свиленкаста и мириса прекрасно!
Dahlia гел за туширање ГЕЛ за туширање со екстракт од калинка, малина и смоква кој ќе и ја обезбеди потребната љубов и задоволство на Вашата кожа. Оваа извонредна комбинација на состојки ќе ја направи Вашата кожа свежа и свиленкасто мазна.