Третото го имам и многу убаво ми мириса, ама во иднина ќе ги пробам и другите три, по амбалажава мислам дека ќе најдам и подобро
По шишањето ги напнав производите за коса од Gliss месецов, во знак на почит кон напатената коса која се фенира и пегла на 3 дена. Маската за коса Gliss Hair Repair на Schwarzkopf. Интензивен мирис на кашмир кој останува во косата дури и по фенирање и пеглање, дава лесно чувство и најважно само една минутка е доволно да стои на косата- погодно за сите кои се кнап со време. Презадоволна сум! Додека од третманот од истата линија не сум ништо посебно задоволна. Наводно треба да е нешто меѓу спреј и серум, дневен третман, ама мене оние спрејови во проѕирните шишенца ми се далеку подобри. Регенараторот Total repair 19 ingredients со истата густина како маската, интензивен мирис и чешлање без никаков проблем. Дава посебен сјај, лепршавост и мекост. И слободно може да протерате прсти низ косата без да се заплеткате. Без потреба од силиконски капки.
Црната маска на Глис со 3X кератин комплекс- најдобра маска што сум ја користела до сега. Пред да ја купам се мислев дали да ја земам дека немам оштетена и сува коса освен само кога ќе се исфарбам па од фарбата малку да ми се исуши косата. Воопшто не се покајав, ова е врв од маска и најмалата мана и недостаток на косата го решава за само една минута стоење на коса што е плус дека немам секогаш време за да ми стои подолго. Има убав долготраен мирис на чоколадо. И да не зборам за тоа колку е мазна и мека косата. Само пофални зборови за ова чудо. Маската е наменета за многу сува и оштетена коса, за 95% помалку кршлива и поголема отпорност на влакното. 300ml=259 ден. Ако некој го интересира еве на нет најдов и една Рецензија на српски. Исто пофални зборови за црниот спрејот на Глис. Прекрасен е и мирисот е долготраен (мириса на чоколадо) 200ml=218 ден. Овие два лусиони на Гош од Crème Brulée и Red berries. Хидрантни се, смесата не им е ептен густа ниту па ептен течна онака средна. Мирисаат преубаво и трајно. Ма љубов на годината ми се, а не на месецот. 150ml=149 ден.
Прекрасен ми е и прекрасно мириса. Сум користела различни и дури и многу поскапи, но овој ми е најубав и со најпријатен мирис
Kремава ја купив пред 2-3 недели,не знам точно пред колку време и од како ја користам,се мачкам со неа секој ден,ми ги затегна и зацврсти градите Oзбилно,преубава е кремава,мирисот не е колку убав,мириса на цвекина,ке продолжам да ја користам и користам Kрем за гради Lоvely Jubblies Eдна тетка ми дојде на гости од Mакедонија пред еден месец,и ми вели дојди да ти ја покажам една маска за коса,преубава е и ја прави премека косата,кога ја гледам маската Seri истата што ја имаше постирано Aна Kаренина,од брусница,што да кажам освен дека се сложувам дека маската е одлична и преубава,така си ја поделивме со теткава и сега само неа ја користам Hе можев да најдам поголема слика
Изминатиов месец беше мој месец на Авон, производи почнав за прв пат да ги користам, и искрено се прекрасни, не се каам што сум ги земала. Ајде да почнам со производот кој ме просветли мене, и моето тело. 1. Хидратантен крем за тело со мед и млеко Значи го мерачев кремов, и фала богу дојде време да си го земам. Се чудам како порано не му дојде редот, значи прекрасно нешто. Што од мирис, што од нежна кожа, просто си се галкам од што уживам во мојата кожа. 200 мл/149 ден. 2. Etternal magic rolette Неполн месец откако го земав, а веќе ми е преполовен. Обожавам вакви мириси, кои не се пролетни, и толку опуштени. Ми се допаѓаат мирисите налик овој, на свима препоручујем. 9 мл/ зависно каталошката цена, јас за 120 ден. го земав. 3. Outspoken by Fergie Уште еден за мене мерачки мирис. Парфемот ми стои неотпакуван, страв ми е да не го потрошам одма, па во меѓувреме го користам деоздорансот за преку ден. Не е препорачлив за под пазуви, ставајте го само на облеката, остава според мене впечатлив и женствен мирис. Овој поима неам која му е цената, го добив на подарок.
Кремата колку често ја користиш и е за против мозолчиња или... ? Гледам сите ја фалат, па планирам да ја пробам
Месец април ми беше посветен на препаративната козметика. 1. Green Line cleansing milk Моето откритие за месецов беше млекото за чистење на Green Line. Вообичаено, секогаш ставам маскара на очите, а не ретко и туш за очи, па потоа имам проблеми при отстранување на шминката. Ама со ова млеко многу полесно и побрзо оди таа процедура. Ставам малку од млекото на кружно памукче и нежно го поминувам очниот капак. Шминката веднаш се вади, без притоа да ми падне ниту една трепка. 2. Asso derm сапун Бидејќи имам многу чувствителна кожа, не можам да користам било каков сапун. Со години користев Neutro Roberts, a од неодамна почнав да го користам и овој на Алкалоид. И можам само да кажам дека е прекрасен! Го користам и за миење на лицето и воопшто не ми прави никакви проблеми. Малку е скап како за сапун, чини околу 100 денари, ама се исплати. Многу е мек, и кога се мијам добивам чувство како да ги мачкам рацете со крема. И не за џабе си пишува на самата опаковка - Подобро од сапун 3. Black up Suntan Cream Уште еден производ на Алкалоид за кој имам само пофалби. Black up производите не ги користам само кога сум на одмор, туку веднаш штом се покачат температурите и почнам да носам блузи со кратки ракави. Имам светол тен и чувствителна кожа, па пред секое излегување задолжително ги мачкам рацете и вратот. Кремава не само што преубаво ми мириса и ме потсеќа на море и плажа, туку и навистина е делотворна. 4. Крема Здраве За среќа, никогаш не сум имала проблеми со кожата. Имам прилично чисто лице и досега сум немала акни. Единствено знае да ми се појави некое мозолче за време на менструација. Кремава ја користи сестра ми, па решив да ја пробам и јас. Вечерта ставив од неа на критичните зони и веќе до сабајлето кожата ми беше чиста. Па веднаш тркнав до Зегин и си купив и јас. Ефтина е, а одлично делува.
Mary Kay Spot Treatment Gel Го пробав чудово од цимерката и сум презадоволна! Ги исуши штотуку излезените брунчиња, ги избледи флеките и ми го измазни местото. Од само 3 нанесувања. Не дека ги имав многу ама сепак се приметува разлика. Прогуглав и видов дека работат на принцип на Авон и Орифлејм Штета, баш би пробала и нешто друго од истата марка.
Ноеми , од каде ова го купила цимерката ? и колку пари ? За мене продукт на месецот е - ноќната крема за масажа на стапала од лаванда (авон) преубаво мирисаааааааа
Бог да го благослови оној кој го донесе dm во Скопје. Додуша, уште нема доволно производи, но се наоѓа по нешто од Balea. Омилени продукти на месецот: Гелот за туширање од питаја. Нежен, со прекрасен мирис кој се задржува. 300 мл - 81 денар, со 15% попуст. Во план сум да ги пробам сите од линијата. И овој лосион за тело. За дечиња наменет очигледно, ама и јас сум дете. Освежувачки мирис, погоден за лето, мешавина од пудинг од ванила, лимон, црешка, рози, прекрасен , пренежен, ти доаѓа сама да се изедеш. 400 мл = 140 ден, на попуст од 165.
Вазелин на Галафарм со невен и Д-пантенол Јас вазелинов го шлапам по цело тело, што се вика од глава до пети и облекувам постари пижами и чорапи. Третманов го повторувам еднаш до двапати неделно. Кожата ја прави ептен мека и нежна, а особено сум задоволна од ефектот врз стапалата.