Никогаш не сум згрешила кога и да го купам во било кое годишно време ко=ата ми го упива без проблем а не да ми биде масна наредните 3 часа. Имам посува кжа и овој крем ја неутрализира , не ја прави мрсна земам од најмалото пакување , според масленоста на кремов доволно е , зошто да стои така дома
Морам да кажам дека ептен пријатно сум изненадена од for away, убаво мириса, малку тешко но тоа воопшто не ми смета и прилично е траен. Го купив за смешна цена, мислам дека 220 денари беше во минатиот каталог на попуст, го немав претходно мирисано ама не се покајав што го зедов.
Го пробав млеково за тело кај другарка ми и без размислување, веднаш си го нарачав. Луѓе, не знаете колку е преубаво ! Кај што мириса преубаво-нежно, па уште и ја прави кожата свиленкасто мазна на допир. Цената ми е дури и смешна за квалитетот 149 ден. Би сакала уште некој кој го има користено, да даде свое мислење
^^ моментално го дотрошувам ова млеко и чекам да ми стигне тоа од алги, ептен сум задоволна дури и го препорачав мислам дека во друга тема, 400 мл за 149 ден, прекрасна хидратација, мека кожа, се исплати имаш после секое туширање да ставаш колку сакаш, го потрошив во рекордно време! ептен сум задоволна го користам секој ден и многу убаво мириса!
^^ Преубаво е FBI, без размислување да си го купиш. Јас го имам ова од бадем и кокосов путер за сува кожа, и неможам да му најдам никакви замерки И да не бидам оф, како продукт на месецот го издвојувам спрејот за волумен на косата :up:
Од овој , навистина ги намали.Го исполнува ветеното, иако го користам 1 недела , веќе забележав резултати..кои ги очекував после 4 тата недела Ќе фотографирам и ќе закачам тука , пред и потоа како доказ дека стварно вреди за парите.
Мене ова млеко ми мириса пресилно, кога ќе се намачкам неможам сама да си се поднесам. Инаку кожата ја прави премека тоа точно, ама мирисот ми го расипува впечатокот, барем мене
Креми за лице Doctor's (витаминска крема за хидратација и заштитна крема со продолжено антибиотско дејство) совршени креми за мојата несовршена проблематична кожа. Пилинг сапун со пченични никулци ,презадоволна сум !!!
Oвие лакчиња ми се дефенитивно најголемото откритие подолго издржуваат,брзо се сушат,мали се-практични и оваа кремава(бебешка е) одлична е,немам зборови
Дефинитивно омилен за овај месец.Не верував во тоа што го читав во каталогот од Орифламе додека не се уверив со свои очи
одличен молив си ја погодив и бојата. ова го земав за проба и не пожалив, супер е, косата многу убаво ми мириса а не паѓа. oвие два сега за сега.
Се изненадив од долготрајноста иако е ролонче и го земав колку да го пробам, ама не очекував многу. Ми се погоди пролетниот мирис и веќе размислувам да си порачам и други ролончиња. Си ја најдов маскарава во несесерот, малку сум ја подзаборавила, ама сеуште не беше исушена. Се чудев зошто сум ја сменила за маскарите од Авон, кога оваа ми дава поубав ефект на трепките. Па сега малку ги забаталив другите маскари и си ја употребувам оваа.
Најомилен продукт за месец Април. Антицелулитната крема Avon Solutions Cellu-Sculpt 3x. Значи ептен сум задоволна од кремава, за само две недели употреба целулитот ми е намален за едно 80%, а пак кожата леле мазна, мазна абе чудо едно. И мирисот и е многу убав. Спојлер Звучам како реклама, ама што да правам кога просто се заљубив во кремава.