1. The Body Shop - Strawberry Body Butter Спојлер Резултатите се гледаат уште по првата употреба. Кожата е мека како бебешко газе, а мирисот на јагода се задржува цел ден. Ми доаѓа да се изедам откако ќе го нанесам. 2. Essence, Soft & Natural MakeUp Спојлер Ги прикрива недостатоците и дава свеж и природен изглед. Долготрајна пудра со прекрасен мирис. 3. Revlon Colorburst Lip Gloss Спојлер Го користам ова бројче (002) со дискретни светки. Им дава преубава боја на усните, не се лепи, а сепак останува долго. 4. Oriflame Discover Santorini Blue Paradise Shower Gel
Не знам кој им е проблемот на овие од Палмолив ама нема слики од новите сапунчиња, ама ми се чини дека исто како што се геловиве се и сапуните, во картонско кутивче само, лила и зелен. И двата се преубави. Дебел слој на сува кожа или уста и за 15 мин ко нова! Црното, може и како сенка и како ајлајнер, мене ми е многу поубаво како сенка.
Многу убав мирис на чистота, а јас во некои денови си обичам така на чистичко ко од машина излезена да мирисам. Очигледно е дека сум била презаситена од вакви или онакви мириси, па Тесориво ми дојде ко мелем на рана. Си ги имам гелот за туширање, дезодорансот и парфемот(спрејот). Ова не е на месецов, ова е така на подугачко, пред спиење во комбинација со Здраве и бебешко мазно-мекани образи за штипење имам. А и чуда на петите ми прави, помазни и помеки никогаш не ми биле .
Пред да го мириснам парфемов, некако се двоумев. Имав слушнато позитивни критики но сепак се додека не го ставиш на своја кожа неможеш да знаеш. Откако го порачав и го добив, едноставно се заљубив во него ! Толку е погоден за периодов, лесен, нежен, цветен, заводлив, абе просто се капам во него Еве приметувам вчера утрото се прснав, сеуште мирисам. Го обожавам ! http://4.bp.blogspot.com/-Yw0OybvE5N0/T ... 030947.JPG
Затоа што лицето никогаш не ми било почисто, и шминката не ми траела толку долго. Не можам доволно да го изнафалам производов.
Преубава маска, нежно чисти, после лицето ми е нежно и мазно, еве баш сега се шлакав со неа, и многу свежо мириса Одамна немав ставено маска која не ми го дразни и црвенее лицето, супер задоволна сум од оваа. Спојлер Веќе извесно време ја мијам косата исклучиво со камилица шампон, и обично купувам што ќе ми дојде при рака, дали Алкалоид, или некоја шеста врста економичен шампон , небитно, ама овој очигледно ќе потрае на мојата полица в купатило, после капење резултатот е мека и сјајна коса, и баш е суепр за секојдневна употреба. каков летен, свеж и што е најбитно траен парфем, мој фаворит бре, ми иде да се капам со него
Маскарава е многу убава. Не дава некој бум-бум ефект ама за преку ден, за кога не сакате многу нападна шминка е одлична. Околу 200 денари е.
Омилени продукти за месец мај 1. Млеко за тело Фелче Азура Не знам зошто претходно не сум ги користела производите на Фелче Азура, прекрасни се! Апсолутен фаворит за мај месец ми беше синото млеко за тело. Има преубав и што е најважно - долготраен мирис. И има најдобра амбалажа од сите млека кои сум ги користела - ем е хигиенски и не доаѓам во допир со млекото, ем не мора да го тресам обратно кога ќе биде при крај 2. Паста за заби Colgate Max Fresh Не дека имам жолти заби, ама чудово со само еднонеделно користење ми ги избели до степен на порцелан Никогаш претходно не сум верувала дека ваквите производи можат да ги избелат забите, и секогаш сум се препуштала само на зелените јаболки (ем вкусни, ем здрави, ем делотворни). Ама пастава дефинитивно делува! 3. Крема за сончање Doctor's Вообичаено ги користам Блек ап производите, ама периодов не знам како залута млекото за сончање на Докторс во мојата ташна. Го испробав и му давам зелено светло! Водоотпорно е, што многу ми се допаѓа затоа што не морам после секое излегување од вода пак да се мачкам. Прекрасно мириса, ја прави кожата нежна и ја штити од сонцето - освен ако не се печете цел ден на плажа Тогаш ништо не ви помага. 4. Тоалетна вода Pur Blanca Blush Го користев лани, па си реков годинава да го дотрошам шишенцето што ми останало. И одново се заљубив во мирисот! Има многу убава блага нота, и на мое изненадување - многу е долготраен, иако е тоалетна вода. И кога ќе го дотрошам, пак ќе си го порачам 5. Лак за нокти Golden Rose 214 Мојата боја на месецот! Не ја симнав од ноктите на нозете и рацете. Со два слоја се добива прекрасна циклама нијанса
Nivea intimo natural со камилица и млечни киселини, PH неутрален. Единствен прозивод од Нивеа што не ме разочарал. Маскарата на Rimmel, Scandaleyes Многу сум задоволна од тоа како ми ги витка трепките, а моите се ептен тешки за виткање. Веројатно заради големата четка. Кремата за тело од Орифлејм , Divine Мириса преубаво, пријатна за кожата, лесно се впива. Rapsodi multivitamin лаковите за нокти Не дека сум нешто особено задоволна од квалитетот, се знае траењето на пазарски лак, ама има многу убави бои, поготово овие коцкасти шишенца.
Најомилени лаковите на Габрани. Ги купувам од пазар за 40 денари, имаат преубав и богат избор на бои и што е најбитно доволно е само со еден слој да се налакираш и бојата е потполно иста како што ја гледаш во шишенцето не испаѓа ни посветла ни потемна на ноктите туку потполно иста. Може Голден Роуз се за нијанса потрајни ама можат вода да им носат на Габрини. GARNIER Pure 3 in 1 (чистење + пилинг + маска) Ептен добро го чисти и освежува лицето. Витамински лусион на Гарниер со екстракти од грозје. Не е најдобриот лусион кој што постои но сосем задоволителен. Убаво ја освежува кожата и мириса ептен на чисто и свежо.
Gliss - Satin Relax shampooo. Си го пронајдов шампонот,после сите тие маки со разни шампони,овој е прав погодок. После него нема потреба од регенератор,косата е мека и лесно се чешла а и обликува. Си ја врши и функцијата за која пишува на пакувањето,т.е ја измазнува и и дава сјај. Не ја мрси и косата е прилично лесна и лепршава после него
Мојата најнова љубов и зависност: Старо-ново љубовче. Си ја обновивме заклетвата. Засекогаш верна на:
Лакови за нокти Кико. Предобри се. Доволен е и еден слој од лакот и изгледа убаво. Лесно се отстрануваат, а се задржуваат околу 4 дена. Досега се најдобрите лакови што некогаш сум ги имала. Имам две бои, некоја сино-тиркизна (на сликава првиот лак) и сива боја.