Без ова нема чешлање шатирана коса....чуда прави јас од фризерница го земав 900 ден,колку е во маркет?веќе при крај ми е ќе треба нов да купам
Палмолајв зелениот, дефинитивно спаѓа во листава. Конечно најдов шампон (после Head&Shoulders-от) кој и одговара на мојава коса, не ја прави тешка за чешлање, и дава убав и долготраен мирис и најважно не ми ја мрси за брзо време. Потоа спрејот за тело на АВОН од јагоди, малини и што ти знам јас што друго. Има преубав летен мирис и за разлика од другите спрејови од Авон трае долго и по извесно време не остава гадлив мирис. И за крај Нивеата black&white. Конечно најдов дезодоранс со пријатен и не блуткав мирис.
Јас се консултирав и со аптекарката, и ми ја препорача, со тоа што не ја користам на цело лице,туку на делови од Т-зоната од причина што тој дел ми е премногу сува кожата и во овие горештини предизвикува лупење. А од како почнав да ја користам, резултатите се ефикасни и видливи, и доведоа до изедначување на целото лице. Во никој случај не ја користам за цело лице, а овој период помага и тоа како. А да се надоврзам на твојот коментар, кожата може да се хидратизира во секој случај. Местата на кои ја користам кремата имаат вид на надворешно масно ткиво, кое таа го суши. А откако ќе го решам проблемот секако ќе продолжам со кремите кои од претходно ги користам. Не ни планирав да ја користам редовно и засекогаш. Сепак,благодарам на советот.
Омилен со месеци.... Абе какво мирисање,какво потење! Сум се преродила со ова,+ и не е антиперспирант,нели штетни се за потните жлезди со таа некоја состојка не знам што не знам како,и трае,никакви траги,и што е најважно е со прифатлива цена. Штета што ќе морам да му наоѓам замена за брзо време,затоа што никаде го нема по продавнициве и парфимериите,нема дистрибутери
Rexona -70% две за 249 Свежи , со долготраен мирис и 100% заштита од потење и ширење на непријатни ароми. Си ги набавив и доста се усреќив
Неутрогена лосионот за сува кожа. Најубаво нешто, иако нема некој привлечен мирис ми ја оправи кожата за многу кратко време. Маската за коса од Глисс со Шеа путер ми е фаворит на годината. Имам прилично дива коса и супер ми се погоди маската.
Антицелулитниот гел на Фитогал - малку бев скептична со оглед на тоа дека е доста ефтин, ама супер е, во комбинација со масажер и мнооогу вода Пилинг за лице од калинка на Авон, супер ми се покажа, го имав пред некое време купено, ама уште имав од стариот пилинг, па сега го почнав овој.
Супер ми е кремчево за летниве денови,преубав мирис а и стварно го изедначува тенот. Во последно време бронзеров го нанесувам место руменило и ептен убаво изгледа а и долго трае.
Омилен продукт за овој месец а мислам дека ќе биде и во идните 60 години... Го користам долго време, насабајле и навечер со мраз ладна вода. Кожата на лицето ми ја направи стакло чиста и затегната. Фала ти Doctor's. Љубим те у чело.
Љубов моја најпрекрасна. Ко циган закачен на бронза сум со ова си идам и си мирисм цело време. Ќе го ставам во ташна и ќе ми текне, и ајде пак. А ми се чини дека долго ќе ми трае, често ставам, а тоа не мрда устата поменка и мазна не ми била никогаш
1. Кремата за лице од Неутрогена. Преубаво нешто. Ја навлажнува кожата ,а не светиш. Лесно се впива и убаво мириса свежно, чисто. 2. Сатва балзамот за целулит. Очекував да е просечен,ама сосема солидно се покажа. Веројатно најголем дел од тоа се должи на масажата,ама еве се спремам 2ро пакување да си купам. Одлична цена има. 3.Спрејот за нозе од Авон каре линијата , освежува и не ми се потат нозете во овие пеколни денови. 4.Дове лосионот за тело од Шеа путер. Преубав мирис. Исто и гелот за туширање од истата линија. 5. Фа гелот за тело со арганово масло, ми ја омекнува кожата и после него како да сум ставала лосион. 6.Тробојните сенки од Авон , трајни се и имаат убава пигментација. Освен тоа се многу убаво,компактно спакувани , со огледалце. Одлични се. Многу производи месецов. Полека полека си наоѓам соодветна козметика.