Овој спреј на Глис. Како тргнав сите бои ќе ги поминам. Убав е, убаво мириса иако омилен ми е оној со нежна праска боја. Аура glitter eyeliner, мојот е некоја длабока љиљакова, трула слива или така нешто, дискретни светки и многу женствен изглед на очите. Правам подебела линија на горен и долен капак од надворешен агол, не навнатре претерано и после само со четката шмрљам и преубаво е. Јас го имам во кафена боја, едното е сенка другото ајлајнер и четка со различни врвови за секое. Кога немам нешто особено време за шминкање малку од ова и преубав секојдневен изглед се добива. Ова е мало чудо, не на месецот на годината, што и да ставам на очи не мрда, а па како свежо мириса. И за крај лакчево.
Еве ме со нови омилени продукти 1. Авон спреј за тело со мирис на цреши и оревчиња. Го обожавам , многу посебно ми мириса. Минус му е што е краткотраен мирисот. 2. Scholl крема за омекнување на грубата кожа на стапалата. Одлична е , инстант ги омекнува. 3. Адидас дезодоранс На почетокот не ми беше по мерак мирисот ,ама сега некако го засакав. Ми се свиѓа за разлика од пилингот од истата колекција што ми ја суши кожата и е многу груб. 4. Dahlia ацетон со мирис на праска Супер е , всушност не е ацетон туку отстранувач на лак за нокти. Не е агресивен, пријатен мирис има за разлика од повеќето вакви средства и плус во капачето има крема за кутикули. 5. Стреп ленти за депилација на надусници Одлична цена имаат и супер ми се погодија. 6.Еуген перма крема за обликување на локни Ја обожавам. Најубав продукт на годината ми е. Не ја мрси косата и убаво ја обликува. 10 ка има од мене!
Маскава за коса на Alfaparf со екстракт од бамбус, за регенерација на оштетена коса. Косата никогаш не ми била поубава. Чини околу 500 денари во ДМ (250 мл). Се нанесува еднаш неделно и прави чуда. Што повеќе да кажам, си вреди за секој денар. Си ветив дека ќе го купам и шампонот.
Спрејов од Авон е стварно предобар, ептен и одговара на мојата кожа и воопшто не ме чеша кожата од кога ќе се прснам. Со фактор 15, само што е малку по мрсен од други спреови за сончање. Го користев и лани, еве и ова лето....
Сите мои омилени продукти за месец јули, случајно или не, се од Авон Парфем Far Away Exotic Баш е exotic! Има интересна мирисна нота, свеж е, летен, и ми е No.1 парфем за летово. Интензивен крем за отстранување на плускавци и груба кожа Foot Works Во зима обично стапалата ги негувам со вазелин од невен, ама вазелинот некако ми е премногу густ за во лето. Овојпат се одлучив за оваа крема од Авон и сум задоволна. Има свеж мирис на ментол, не е толку мрсна како вазелинот, но е доволно хидратантна. Силиконски капки за коса Advance Techniques Во лето косата ја мијам почесто, а сонцето во комбинација со фен или пегла, ги оштетува врвовите. Редовно ги кратам расцветаните врвови, а силиконските капки ги користам и како превентива. Освен тоа, ми помагаат да ја скротам косата после фенирањето или пеглањето. Крема за раце со минерали од Мртво море Planet Spa Од оваа колекција сум презадоволна од маската за лице, а ова лето многу често ја користам и кремата за раце. Има многу убав, свеж мирис и ми ја прави кожата нежна. Дури и ми ја смирува алергијата што ми се јавува од користењето средства за чистење. Освен тоа, малечка е, па практична е за во помалите ташни.
1.Cien Repair&Care Shampoo Розевиот,последниот во низата. Го купив во Лидл,онака на брзање бидејки немав а беше ефтин,па си реков - каков е,таков е. Подобар шампон немам пробано.И без регенератор и маска косата лесно се расчешлува,сјае,мека e,совршенство од шампон. И тоа бев на одмор 20 и нешто дена,кога бев во Охрид 10 дена по ред ја пеглав и пак не ми е сува ко што знае да ми биде. 10-ка. Уште еден производ од Лидл од кој сум презадолна 2.Cien Bodybutter од кокос. Леле каков мирис И откако ќе го ставиш,мислам дека на километри мирисаш,ко парфем да си ставил И убаво ја хидрира кожата,ептен свиленкасто мазна и мека ја прави. И на крај едно рол-онче што не дозволи ни еднаш да замирисам на пот и дезодорансот со најлетниот мирис ever. Сигурно има уште,само не ми текнува во моментов
La Rive - Love dance (копија на Escada - Rockin Rio) Juicy and sensual for every woman. Fruity, citrus and floral notes that will make you happy and optimistic. Can be work for daily and casual wear during the all times of the year but is especially best worn in the summer and spring. Top notes: Lime, coconut, peach Middle notes: Banana, pineapple Base notes: Musk, amber, sandalwood Gosh лусион за тело од црвени бобинки, хидрира, многу убав долготраен мирис. Сите лусиони им се совршенство. Кема за раце од Орифлеим со баш мирис на јагода. Одма се упива и ми ги прави меки и нежни рацете, а и мирисот трае не се губи одма. Одлична крема за 90 денари. NIVEA Intimo DOUBLE EFFECT со масло од авокадо и млечна киселина. Ептен сум задоволна. :up: И надалеку прочуеното чудо од крема - Здраве :up: :up: :up:
Па, да ги изнаредам и моите омилени за месецов што помина. На прво место би го ставила гелот за туширање на Нивеа. Преубав летен и интензивен мирис, кој како за чудо ми се задржуваше и после капењето, а не како сите останати, да ми исчезне мирисот со самото излегување од бања. И шампонот на Нивеа би го додала на списоков. Некако полека но сигурно се навраќам на нивните производи, ко за чудо. Косата ми го има тој фамозен и посакуван сјај за кој копнеам, ко свиленкаст ми е и самиот шампон, убаво пени, убаво мириса и најважно - не ми ја мрси косата дополнително. Пилингот од Авон, на кој му бев откажала друштво, ама се покајав во 90та минута. Порите не ми биле почисти од ... дури и не памтам од кога. Не знам дали да го сменам кога ќе го потрошам, за сега е далеку од потрошување. Кремот за длабински третман на акните, тако звани - ноќен крем, кој си го користев и денско време додека си чмаев по дома со пченкасти акни. Супер ги суши акните, дури и оние поголемките кои често знаат да ме „изненадат“. Ама дефинитивно не е за оние со нормална-сува кожа. Пампарче го прави местото околу акната. И фамозната подлога за шминка на Јанг Дерм, наменета за комбинирана и мрсна кожа. Откритие на векот ми е. Чекам да ми се подзачисти лицето и не го тормозам со пудра, ќе си терам со подлогава, руменило и малку маскара. Најубавата маскара на светот. Не знам зошто воопшто се занесов по Авон, Орифлејм и слични тропоташки, среќа што не дадов повеќе пари за уште поскапа маскара, зашто бев тргната натаму. Единствена маскара е, која со само два слоја ми дава ефект на вештачки лепеза-трепки. И како да не ја обожавам !? Овој месец ме очекува еден екстра голем шопинг на тракатанци, бидејќи залихата со козметика ми е при крај, почнувајќи од руменила, пилинзи-милинзи, пудра во прав, па ваљда ќе направам доста подлог список на крајот од месецов, мислам, I can feel it in the air.
Nivea, Vitamin Shake лабело Преубава,нежна розева боја, замена за кармини, кои инаку тешко ги поднесувам. И црниот Глис спреј. Кратко време го имам,сега скоро го купив,ама многу сум задоволна, подобар ми е од жолтиот. Малце силно ми мириса, благо некако, ама се трпи.
Фелче Азура гел за туширање Прекрасно мириса и мирисот се задржува долго време плус и дава влажност на кожата. Порано фаворит ми беа геловите од FA ама сега овој дефинитивно е мојот нов фаворит. Фелче Азура млеко за тело Обичен мирис има, малку е тежок. Лесно се размачкува и нема потреба да се користи многу крем бидејќи е доста течен. И дава убав изглед на кожата и ја прави мека. Ми се допаѓа. Искрено никогаш не сум користела Фелче Азура производи, бидејќи ми имаа некој чуден мирис но откако мајка ми ги доби на подарок, почнав јас да ги користам и ептен сум си задоволна. Посебно од овие две.
Дефинитивно заслужува почесно место во темава како производ, односно мое откритие на месецот. Шампонот од бреза кој го има во секоја втора продавничка и го гледам со години, а никогаш не сум му дала шанса се до пред некое време кога некој од дома се решил да го купи. Во последно време, не знам од што, почна косата да ми паѓа значително многу при секое миење (на моја среќа премногу е густа па е незабележително вака гледано од страна). Значи купишта коса остануваше во кадата и фрлав во шоља при секое чешлање. Not anymore! Едно миење ми беше доволно да сфатам дека ова е тоа што го барав цело време, лесен шампон кој брзо се одмива, поволен за секојдневно користење, не го иритира скалпот и што ми е најважно косата скоро и да не ми паѓа ич. Прочитав на него дека го убрзувал и растот на косата - живи били па видели, не верувам дека лошо ќе ми дојде ради тоа.
1. Го открив на почетокот на месецот и го користам секој ден 2 до 3 пати, одлично нешто, ми го чисти цело лице, слободно се шетам без пудра на овие тропски температури 2. Прекрасен шампон, ја обнвува косата и ја прави свиленкаста и сјајна 3. Послатко нешто здравје 4. Дава ефект на 3Д усни 5. Чисти, освежува, хидратира и плус мириса преубаво 6. Преубав летен мирис И постојано на листата на омилени:
Jас имам премногу омилени работи за месец Jули Carmex Lip Balm Kај нас како што е зима сега и усниве ми беа пресуви,испукани само ова ми помогна. Mирисот ми е одвратен,но од како ке го нанесеш не се чуствува ништо,има разладувачки ефект и преубави ги прави усните Eco Tools Foundation Brush Cлучајно ја купив,оти другата за нанесување пудра со боцкање,почна многу влакна да ми пушта и си велам ај овие Eко Tулс се добри а и цената е пристојна ке ја земам. Четкава е одлична и преубаво се нанесува со неа,не ја впива пудрата како една друга четка од Aвон,влакната се премеки и секогаш од како ке ја измиете,изгледа како што туку купена Mаybelline Color Tatoo Eyeshadows Moрав и јас да ги испробам,нели? Mногу се добри,мрсни се и од како ке ги нанесеш не мрдаат цел ден,по 2-3 минути веднаш се сушат и стојат цел ден,сакам сите да им ги изнакупам Jас ги имам овие две.. Спојлер Bad to the Bronze Pomegranate Punk Essence LipStick 53 All about cupcakes Mногу убаво карминче,убава розе-праска боја Mе разбра некој? Cекогаш кога ке го носам,мора некој да ме праша што марка е и дека ми стои преубаво A фацата кога ке им кажам дека го земав 3 долари е Спојлер Mислам уште омилени имам,ама некој друг ден ке напишам
Кремов ми е омилен продукт не на месецот, туку на годината. Не излегувам од дома без него. Има заштитен фактор и му дава малку тен на лицето. Презадоволна сум, при крај ми е веќе ќе треба да си порачам пак. Ноќниов крем на Солушнс ми е преубав. Не е многу мрсен, а совршено ја хидратира кожата. Наутро лицето ми е ептен свежо. Скоро цел месец ноктите и на рацете и на нозете ми се налакирани со црвен лак од Голден роуз. Порано имав некоја потемна нијанса, сега имам 60ка и со 2 слоја дава совршена црвена боја. Што е најдобро траен е, дури недела дена стои.
Моите омилени продукти за овој период ( можам да кажам дека овие ми се омилени за цела година) Young derm подлогата за шминка- Напоменав еднаш во темата за Young derm кога дека сум задоволна од оваа подлога, но после подолго користење едноставно морам да ја сместам во оваа категорија. И мене како на Mishela подлогава ми е откритие на векот ( изгледа имаме слична или иста кожа) . За летниов период ми е чиста 10ка, наутро се мијам со Гарниер, ставам после од подлогава( без да ставам крем одоздола) и лицето никогаш не ми било посвежо и со природен изглед. Кога сакам малку повеќе покривност, ставам од подлогата, и пудра на Manhattan - natural mat и имам изглед каков што отсекогаш сум посакувала. Сум пробала и поскапи работи од овој тип, ама ниедна не си ја завршила работата така добро како ова, а и за цена од 100 ден. да не правиме муабет. Срека имам светол тен, па 5та совршено ми одговара, а мислам дека кога ќе се исончам 6та ќе ми биде таман. Вечно благодарна на оние од Алкалоид за овој производ, се надевам уште долго ќе му се радуваме. Маскара Golden rose- city style - Од некои производи на голден росе бев многу задоволна ( лаковите им се перфекција) од некои воопшто не ( пудрите), ама кога им го видов дизајнот на новите маскари, знаев дека ова е нешто што вреди да се купи ( изгледот може и да лаже нели, ама кога веќе се потрудиле за ваков дизајн, иако наликуваат на маскарите на maybelline) . И споменав на сестра ми дека сакам да ја купам, па таа ми ја купила за поклон. Нај, нај задоволна сум од маскарава. Сум давала 3 пати повеќе пари, за маскари кои и не биле така добри како оваа ( Ова звучи како некоја реклама на Golden rose ама верувајте кога ќе ја пробате ќе се уверите во квалитетот ) Маскарава има пократки и подолги влакненца, па совршно ги фака и најмалите трепки. Не сум ни помислила дека една маскара може истовремено да ги извиткува, да ги расчешлува и да им дава супер волумен да трепките. Свое мислење за маскарава ставив и во категоријата маскара ( да не се повторувам пак со истото). Антиперспирант Dove- Отсекогаш сум го обожавала мирисот на Дове. Со години го употребувам гелот за туширање, сега го зедов и антиперсирантот. Мене најмногу ми се допага оној карактристичен оригинален мирис за Дове, па затоа си го зедов оној што пишува original. Не остава бели дамки, си ја врши многу добро работата, дава свеж, дискретен. нежен мирис. Не верувам дека би го сменила наскоро.
Прво си купив тестерче од ДМ, се измив неколку пати и приметив затегнување на кожата, а немав чувство на сувост. Преубав гел - маска за миење лице, мириса на глина, ама впива вишок маснотии и чисти од црнки.
Женски препорака за лосион и парфем од иста линија? и кога би имало уште и гел за туширање со истот мирис само не авон или орифлеим немам од кој да порачам
Го имам ама не ми е ништо посебно ,а и мислам дека скапичко го платив.Порано ставав мрсна бела сенка како подлога и изгледаше многу подобро,понежно и пофиксирано.И тоа ја купував 50 ден а ја користев пола година.За жал сега тешко можам да најдам таква. За лакот потврдувам.Една недела е како нов.Сјајот само му трае ден два,а за лупење воопто не се лупи цела недела... Имам користено Менхетен кој се смета за еден од поквалитетните и е скапичок за наш стандарт ,ама не можи да се спореди воопшто со Голден Роус.Чини само 50тина денари,максимум 70