Случајно го видов во еден Oriflame каталог и решив да го пробам, ова масло за масажа е врв, прекрасно е со прекрасен мирис И овој крем исто така прекрасен е, го обожавам
Омилени продукти за месец јули!!! *Сликичките се во спојлер. Avon Naturals 3 in 1 - Cleanser, toner and make-up remover. Супер е како првите 2, ова за отстранување шминка изгледа е за пудра и такви ствари, за шминка на очи не е, многу пече Spoiler Avon Naturals peel off mask. Морам да признаам, многу ми е забавно да ја ставам маскава, а да не зборам за кога треба да ја вадам Мислам дека е ефективна, кожата ми е чиста и нежна... Spoiler Avon green apple shower gel. Ух преубаво мириса! Прави супер пења, а и за никаква цена добиваш 1000 ml. Spoiler Black up suntan cream 30 SPF. Баш добро ми се најде за кога одам на базен во најголемите горештини! Spoiler Veet крема за отстранување на влакната. Незнам зошто некои не ја препорачуваат, мене ми е супер. Не ми остава црвенило, супер ги вади влакната, а и не мириса до толку лошо како некои други! Spoiler Исто така и омилено парче облека за месец Јули. Ова фустанче си го утепав од носење. Лесно, летно, многу убавко! Spoiler
Бекутан млеко за тело. Откако ја променија амбалажата не ги купувам, но месецов се погоди да го земам млеково. Ја одржува влажноста на кожата и не впива веднаш. Не ја масти кожата и супер ми беше за разладување додека бев изгорена од сонцето. И има многу пријатен, нежен мирис. Голден Роуз палета сенки. Доколку не ставам база за сенка баш и не се долготрајни, но сепак сум задоволна. Цената е пристапна за секого. Не очекував којзнае каков квалитет, ги купив колку да ги пробам, но сигурно ќе земам и од другите вакви палети. Одлични се за секојдневен изглед.
Victoria Secret Beauty Rush Lip Gloss Ретко користам сјајчиња ама ова го обожавам, најмногу бидејки мириса на кокос! Idylle - Guerlain, Parfume Моментално ми е омилен, се шприцам како луда. Језда не е баш летен, ама има некој многу сески шмек во композицијата на мирисот. Перфектен за вечерни прошетки со либето ми! Garnier - Hydra Locking Млеко за тело По константно менување на млекава за тело конечно си го најдов она што ми треба. Лесно се впива, нема никаков мирис кој ќе ми се меша со мирисот на парфемите кои ги користам, кожата ја прави екстра мека. Милина. И што е најдобро лесно и рамномерно се размачкува, немам потреба да ја истурам пола тубичка врз мене за да можам убаво да се намачкам. И last but not least Body&Soul BodySpray од грејпфрут и бергамот (на сликата не е од тоа, ама само оваа слика можев да ја да ја најдам, ме мрзеше да ги слика производиве ) Мирисот, ааааааааааах, вришти:ЛЕТО! Брзо се впива, и што ми е најбитно мирисот трае и трае цел ден! Кога ќе се напрскам се осеќам како портокал, ми доаѓа да си се грицнам!
Орифлејм спрејчето од малина и нане, мириса свежо, летно и трае доста, совршено за горештиниве Spoiler Вадемекум(или како се чита 0 пастата за заби, често знам да ги менувам, но оваа ми се погоди и мислам дека нема да ми здосади, има најпријатен лутикав вкус, ама таа свежина отпосле во усната празнина со сите други пасти се губела за минутка Од мене има поен за омилен продукт на месецот. Spoiler Некојси Германски лакчиња за нокти, Markwins се вика фирмата, го имам црвениот од сликата, преубава е бојата, и трајноста му е незамислива досега, ете по цел ден сум во вода или работам, ама тој си трае до недела дена, што не ми е случај со сите други лакови. Имам и розов, шампањ и еден виолетов како со светки, ама што е трајност, чудо едно. Малце ми здосадија боиве, ќе си правам нарачка јас пак Spoiler За месецов толку, повеќето ми беа нови откритија
Лосионот за тело на Џонсон! Лелее, милина! Како мириса... Многу убава ми ја прави кожата на телото, мазна и нахранета. Околу 170 денари е, 300ml.
Пенава/маска за лице 2 во 1 од Neutrogena е една од подобрите работи што ми се случиле не само месецов, туку воопшто. Иако му бев верна на Eucerin во тој поглед и не сакав да го променам, многу пријатно се изненадив од овој производ. Кожата ми е чиста и тенот ми е изедначен, најдобра пена за миење лице што ја имам користено до сега. Штета што нема многу производи на Neutrogena на нашиот пазар, затоа што од сите што сум ги користела до сега сум задоволна. Ќе престанам овде да не помислите дека сум им промотер Се двоумев помеѓу овој и еден сличен, но потемен, холографски лак од Essence и на крај се одлучив за овој. И воопшто не се покајав! Не сум користела прозиводи од She до сега, единствено го имам лакчево и едно карминче (од кое многу се разочарав), но лакчево се покажа супер. Дали поради структурата, многу долго трае, а и најважната работа за мене - веднаш се суши! Бојата зависи од ситуација, има некоја зеленкастo-златна боја, ме потсетува на некој инсект Како голема љубителка на се што е мат (пудри, сенки, кармини), морав да го имам лакчево. Го купив пред повеќе од година ама не знам зошто ми стана актуелен сега Го комбинирам со холографскиот од погоре и излегуваат интересни дезени. Го мириснав на една презентација, го нарачав наредниот ден За чувствителна кожа е и преееубаво мириса. Плус и евтино е, го зедов околу 150 денари за 400ml. Уште една четка од Essence, овојпат за руменило. Не ја користам долго, скоро месец, но до сега и нема паднато ниедно влакненце
1.Garnier шампон од авокадо. -Прекрасно мириса и ја прави косата мека и сјајна. 2.Дневен крем од Oriflame -Ја омекнува и хидратизира кожата,супер е за цената. 3.Eyeliner од Oriflame -Трае многу време ,остава убава црна боја. 4.Нивеа лабело -Дава убава боја на усните,ги прави меки и мириса преубаво. 5.Dove млеко за тело -Убаво мириса.И ја дава потребната влажност на кожата,долго трае.
Парфем за 300 денари од супермаркет. А трае, и преубаво мириса, ненападно, нежно, со некои ноти на ванила. Varens love се вика.
Најомилениот производ за овој месец ми е млекото за чистење од Garnier. Мирисот му е многу нежен. По употребата кожата ми е потполно чиста. Знам дека пишува по млекото да се користи и содветен тоник и крем за нега на лицето меѓутоа мене и ова ми е доволно. Чиста 10ka!
Елдена млекото за тело и пилингот на Лилит! По пилингот што ми ја прави кожава мека како бебешко газе, млеково уште толку ја омекнува. Исто така, млеково ми е совршено за лице. Милина.
хаха а како те штитеше ова од каротен кога има фактор 0?т.е. нема ))) може помага за потемнување ама после вадење јок......кадана помранчеста,рибање пола саат а ако допреш до нешто дур си намчкан,толку од него.... btw 4*500 otprilika=2000 den....woooow премногу според мене
-Лакалут Вајт пастата за избелување. Најдобра паста за избелување дефинитивно! Вреди за парите, не експериментирам повеќе со други пасти за избелување, оваа дава најдобри ефекти -Пилингот за лице Докторс од праска. Пилингот го купив по препорака на една феминка и сум презадоволна. Има прекрасен свеж мирис, големки микрогранули и вреди за смешни 73 денари. Убаво го чисти лицето и ги користам наизменично со пилингот за лице од Клин & Клиар (Извинете за квалитетот на сликата, моментално само камерата од компјутерот ми се најде при рака ) -Есенс мулти екшн маскарата. Никогаш не сум користела маскари од Есенс, ама оваа многу ми се погоди. Тажев по маскарата на Мис спорти, бидејќи ја нема нигде, ама дефинитивно најдов замена Ја препорачувам на сите, а и не е скапа 200 денари
Цело време го користев другото, со зелено капаче, сега му дадов шанса на ова и се клефтам секој ден со ќеф, од што ми е многу мазна и блескава кожата.Најдобро и најефтино нешто за тело Не на месецот на годинава.Ми се иде да си гризнам самата од себе кога се бањам. E златниве, си ги купив од Џамбо, и со толку радост во живот не сум си правела нокти, ако цела куќа ми светка.