Може продукт на летото? Без него од дома летово не излегов. Спреј за лице (па и деколте, па и глава) со минерална вода од Алпите на Каротен, за разладување и освежување на +100. Не ја размачкува шминката и колку и да се напрскате нема да изгледате како туширани. И доста поевтин од сличните на Авене или Виши. Кој не го користел летово, за следното да го планира како must have.
Сестра ми го купила ова дека немало од тоа што го користам, ама воопшто не згрешила. Кожата ми ја прави нежна и што е најважно од кога ќе се избањаш мирисаш цел ден. Има така малце појака миризба за разлика од другите гелови за туширање, но затоа мирисаш цел ден и ти мириса цела куќа. Мене лично ми е преубаво ......сега уште малце кога ќе ми се потроши лосионот за тело, ќе си ја купам и кремата....
Golden Rose GEL LOOK - top coat. Супер е, стварно дава добар финиш на ноктите. Единствен минус е тоа што после малку потешко оди бришењето
Balea Young Body Lotion Преубав лосион. Има долготраен сладок мирис и кога ќе се намачкам, секој што ќе влезе во тој момент дома, прашува дали правиме некои колачиња или нешто благо. Gliss Oil Nutritive Express Repair Conditioner Има можеби два месеци откако ја имам потскратено косата, а еве сеуште скоро ич не ми се испукани врвовите. Имаше и позитивни и негативни критики за него, ама мене супер ми се погоди. Покрај тоа има прекрасен мирис. Young Derm подлога за шминка Го најдов токму она што ми треба. Не многу голема покривност, ама доволно за да го изедначи тенот и да му даде свежина на лицето. Ја препорачувам.:up:
Лабело на Нивеа, многу убаво мириса Елдена млеко за тело, стварно е преубаво Неутро Робертс гел за туширање Ассо дерм сапунот, го обожавам
Кремот на vichy, кој го добив на поклон ми хит за летово. Наменет е само за лице и е против пеги па многу ми помогнна да не ми се појават нови во областа на носот. Лакот исто така на поклон добиен ми е прекрасен. Бојата трае по 4 денови изгледа супер нијансите се супер...Само пофалба Спрејот од авон од претходниот каталог исто така ми се покажа супер и преубаво мириса И не многу омилен но сепак продукт на месецот е кремата на стапала на авон која за 99 денари добро се покажа. Со поредовно нанесување се омекнуваат но не толку многу
Спојлер Млеко за тело на Балеа, пооолн погодок. Имам уште малку и купив друго на Елдена тоа со зеленото капаче, ама ова е подобро, дефинитивно. Цената им е тука негдека 30-40 денари разлика само, ама Балеата... петка.
За месец јули не напишав зошто не купував нешто многу,затоа надохнадив за августов 1. Спрејови за тело ( Madagascan Vanilla Flower & White Musk Libertine-Body Shop) Ванилана е нешто најубаво што сум мириснала последниве месеци! Се заљубив значи во мирисот,при првото мириснување oдма решив да го земам. И очекував повисоки цени на спрејовиве искрено. Па земав и уште еден спреј(неможев да најдам слика али е исто шишенце како и ванилата),најнов некој си од бел мошус .. уфф и тој прекраснотии Наредниот ден си ја местев маичката што ја носев предходната вечер кога ја ставив ванилата,и додека ја диплев некој мирис ми доаѓаше на ванила,благо..неможев да дишифрирам од каде. На крај дури уконтав,што значи и наредниот ден мирисот сеуште се осеќаше! Патем и машките парфеми им се совршени! Ќе ги пофалам во друга тема тие. 2. Maybelline Color tattoo cream eyeshadow Совршени совршени.. !! Други зборови за да ги пофалам немам Во разлика со крем сенките на есенс,се многу понагоре. Пигментацијата е 10+. А за тоа 24 часа што пишува дека трае навистина е така,значи ова зборам без база Имам прееемногу мрсни капаци,мене дури после некое време ми се собираат сенките и со база.. Али со овие сенки не ми се случи тоа и останав ептен изненадена :up: :up: !! 3. Sephora lip brush( 61) Четкичево за усни :up: Уствари немора само за усни,за секакви крем продукти како сенки,гел-туш,коректори може да се користи. Не ни очекував дека ќе биде лошо,и останатите четки на сефора се прекрасни. 4. Make Up For Ever Mist & Fix Spray Прочитав многу негативни коментари за фиксаторов низ нет,се чудам уште зошто.. Сепак си има влијание и типот на кожата,дефинитивно. Мене одлично ми врши работа,го испробав пред некој за прв пат и шминката цел ден ми стоеше Особено пудрата. Спојлер Сите работи во постов ми се надвор од МК. Па толку .
сапунчево ми е откритие на годината.Има прекрасен мирис и долго трае.Кожата ми е правеше мека.Го користев и за лице и за тело. си се вратив едно 6 години наназад со парфемчево.Има прекрасен мирис и треаен е. Убаво мириса,и вреди за парите.
Никогаш не ме разочарале Буржоа, високо квалитетна козметика и нема промашај. Сјајот е сон, најубавиот што сум го користела. Колку пари, толку музика. Скап е ама вреди секое денарче, ми се смачија пазарските лакчиња. Солиден, не и најдобар, но врши работа за до ваму таму.
Дезодорансот најдобар! Мириса цело време преубаво! Млекото за тело Nivea, убав мирис и ептен погодено за сува кожа за што и е наменето.
Претходниот месец хит ми стана природната козметика на Алверде од ДМ па во овој пост ќе ги наведам следниве произдоди кои мн ми се допаднаа : Ја коментирав и во други теми минералнава пудра на Алверде, ама навистина премногу ми се допаѓа и тоа каков ефект остава и мирисот.. Купив и вакво моливче од истата марка, некоја сиво-кафена нијанса e, лесно се става, меко е и е само 99 денари И уште сенкава дуо, која изгледа како сиво и крем, меѓутоа кога се става на око дава некој лила сјај, многу нежен и природен, супер за дневна шминка
Павлодерм - Откако почнав да го користам, кожата ми е свилена. Првично го користев само за стомачето мое трудно ама сега се мачкам насекаде...прекрасен е!
Го добив на поклон,бев многу скептична но пријатно се изненадив. Одличен е,не остава траги,одма се суши,не се потиш. Кожата е мека и ми мириса преслатко Продукт на годината не на месецот Презадоволна сум од него
Пред недела дена ја земав оригиналната павловиќева маст. Извонредна е. Смирува црвенило и иритации на кожата. Главно на лице ја ставам и ми ги смирува и постоечките акни и ми го изедначува тенот. Сега за сега сум презадоволна.
Ова е нешто неверојатно добро, а смешно колку економично. Го имам тоа во средина со масло од змија(о, да!!) и е за сува и третирана коса. Презадоволна е мал збор за ова. Доволно е да се остави 2 минути и да се исплакне, а може да се употреби и како целосен третман, да се остави 15 минути со топол пешкир.