Јас сум презадоволна од ова моливче на авон. Долго време го меркав па сега го порачав и сум презадоволна. Не се размачкува на жештиниве и предолго трае! Гелот за туширање Фа од кокос !!! Значи немам зборови. ПРеееееубавооо мириса И како трет продукт го издвојувам ова сјајче од АВОН , едно од моите омилени
Поздрав Феминки Кремава против пеги и флеки ми ј изнафалија фантастично, па ја зедов да пробам, ќе ви кажам за резултати. А другава крема на Еуцерин е прекрасна, пудра и крем во едно, ја користам цело лето, одлично штити од сонцето и матира, има прекрасна некоја формула против црнки, навистина не се појавуваат, Ви ја препорачувам!!
Влажни марамици Лалин од Кам маркет. Едно 2 класи подобри од Бекутан. Поубав мирис, поубав материјал и многу поголеми. Ги обожавам, Бекутанот почнаа да ме нервираат, малечки се, и прескапи за цената. Овие се измислени, а цената смешна - 55 ден. Гарантирано ОДЛИЧНИ. Гел за туширање на Ла Лиње, повторно од Кам. Значи старите шампони ги направија во подобри пакувања, додадоа нови, а гелчињава за секој ден се топ, сите ги испробав, има од лимон, алое вера, цреша, питаја... до вкус е, меѓутоа мене ми се сите солидни за секојдневна употреба. Дезодорансов на Балеа. Прво купив мало економично пакување за проба, ми се покажа прекрасен, и на најголемите горештини. Сега си купив на залиха уште 2 големи, мирисот ми е толку погоден, посакувам и парфем од оваа линија.
Карминот Golden Rose perfect shine lipstick. Бојата мислам дека е оваа, многу убаво стои на уста. Не сакам многу нападни кармини. Потаму ќе си купам и други бои, од квалитетот на карминот сум задоволна, 100тина денари беше
Loreal million lashes Прекрасна маскара која што ми е дефинитивно омилен продукт не само на месецот туку и за подолго. All time favorite ми е лосоионот Pure seduction на Викторија сикрет. Маска за лице од кал од Мртво море.Преубаво нешто,кожата ја прави мазна и мека.
--> prijatno me iznenadi - obichno ne sakam baby proizvodi ama kremava e prekrasna ( izvinete za latinica ama seushte nemam mk poddrshka na lap topov)
Oд овие кармини на Aвон, имам 3-4 и не знам зашто не сум ги користела до сега Mожеби бидејќи не користам вакви бои, праскасти кремави, ама убаво ми стоеле Eптен се нежни и ја прават устата доста полна Hа ваква нијанса се
Дефинитивно Балеа ми хит летово,посебно дезодораносот за пазуви, Го имам купено поодамна, ама прво ја дотрошив Рексоната, па се префрлив на овој. На прво шприцање не ми остави огоромен впечаток, но после месец дена користење Рексона, ова ми дојде како рај, пред се во однос на мирисот. Препријатно мириса, не нападно, свежно, нешто слично на крем гош, ама уште понежно. Веројатно единствен кој не ми го иритарал носот до сега, преосетлива сум на мириси. Бричовите им се полн погодок, каде каде подобри него на bic, пооштри и со подолг век на жилетот. 6 за помалку од 100 денари мислам. И еден незаменлив продукт, оригиналаната павловиќева. Ме зачудува како на многумина не им се допаѓа мирисот,ми мириса на црешки, и ме потрсеќа на детството Смеса со вазелин за ужасно суви стапала или усни, за еден ден како нови. За некои 200 денари, крем кој вреди многу, многу повеќе!
Balea - прифатливи цени а убави производи ... повеќето од нив сте ги пробале така да ке кажам само дека сум многу задоволна од сите прозиводи на Balea . Здраве кремата ја испофалија неколку членки па решив да ја земам и не се покајав . исто и Young Derm подлогата сум задоволна ,можам да се пофалам со доста чисто лице па си ја користам како пудра :up:
Месецов е при крај, а јас не се сеќавам дали сум пишала омилени производи и за август. Како и да е, ќе ги пишам оние за септември - што е сигурно, сигурно е. На прво место, кремата за депилација Стреп. Немав појма дека постои овој италијански бренд, Росонерка е главна и одговорна за ова, зашто ја читав таму низ темите како ги фали истоимениве ленти, па тркнав да земам и јас. Е сега, as usual - кај нас немаше, ама ја имаше кремава. За 80-90 денари, јас сум презадоволна. Имам преосетлива кожа, поготово на рацете и не можам да замислам да ги депилирам со ленти, зашто ми се исфрлаат. Кремава е спасот, ја користам скоро два месеци, а уште е до пола. Не ми растат влакненца дури по цела недела, ама сметајте дека ми се така троа посветли. Следни на список ми се лентите. Кармините на Мејбилајн. Мојот е прекрасна нијанса. Поточно, меѓунијанса - нит е светло розе, нит е кремава (кожа боја). Бројчето е 119, Precious Petal. Прекрасно нешто, ниту се дели во линиите на устата, ниту се размачкува, суперпигментиран, нежен мирис, не онаков апла кармински. Е сега, колку пари - толку музика; го купив триста и некој денар и не би дала толку пари пак, најискрено. Ме чешкаа оние што ги имав в џеб, а ми се допадна и нијансата па го зедов. Единствена замерка е тоа што има светки. А знаете, лепи мој не љуби да се шета насветкан од мојот кармин. Затоа и оној на Есенс му е омилен, дека лесно може да го избрише, ама Мејбилајн си е Мејбилајн, братче.
Надвор од темата е, но гледам дека често се постираат слики од производите на Балеа, а досега не сум користела ништо од тој бренд, па сакам да прашам каде ги наоѓате овие производи и како им се движат цените?