Во ДМ маркетите, ги има во ГТЦ (поранешно Орка/Кара) и кај Беко/Малага.. цените им се баш ок, бидејќи е сопствена марка на самата продавница и поради тоа се значително поефтини од другите производи Еве ја темата за нив: telo/dm-market-t12362/
Подлогата за шминка од Јанг Дерм. Позитивно сум изненадена за 98 денари. Ја зедов 5ката и супер ми се погоди на кожата, а и го обожавам мирисот, баш како на нешто свежо T зоната која од секогаш ми била мрсна, сега ми е таман. Го покрива црвенилото и дава природен изглед. Топло ја препорачувам Спојлер • Содржат природен УВ-филтер, кој ќе ја заштити Вашата кожа од несаканото дејство на сончевите зраци – од создавањето штетни слободни радикали во кожата, кои предизвикуваат предвремено нејзино стареење. • Содржи глина, која има високо апсорбирачко дејство – го впива вишокот маснотија од кожата и ги суши акните.
Rimmel London- The Kate collection Љубовче на прв поглед! Конечно си ја пронајдов совршената црвена нијанса. Моето бројче е 11ка. Долго останува на уста, не се вади баш лесно. За 210ден. стварно квалитетно нешто.
Балеа крем за тело. Многу убаво мириса и супер ми е кожата после. И дава влажност и мекост (и мирис). И Здраве не ми е на месецот туку на годината, бидејќи прв пат пишувам тука да го ставам мора.
-Сенките од колекцијата chi chi кои пред извесно време ми ги пуштија од австралија се преубави и имам овие првите.Има нежни боички кои супер ми одговараат. -И лабелото кое повеќе го користам ради мирисот не дека имам суви усни. ( средното го имам )
Да го пофалам млекото за тело Dahlia,за сува кожа,содржи масло од кајсија и Shea Butter,мене ми мириса убаво,овошно,не многу силен мирис,средна густина,релативно брзо се впива,250 мл за 200 денари,ја потхранува кожата,само содржи парабени и PEG,за тие што ги интересира. Морам да спомнам уште еден преубав производ на Refan,бугарска козметика,навлажнувачки лосион Wild cherry,ми мириса прекрасно,кој сака слаткасти мириси нека го купи,впива брзо и не содржи парабени,во составот има концентрат од кисело млеко,провитамин Б5 и масло од шеа путер,јас го купив од Бугарија,9 лева,овде не знам која цена е,има и гел за туширање исто од дива цреша и мирисот се задржуваше многу долго,го пробав од тестер,сакам да си го купам,многу интензивен мирис и прекрасен мирис има
Прво,презадоволна сум од лабелото на Балеа-Never ending story.Гокупив за 65 денари,а можам да кажам дека е подобро од Росал. Второ,исто сум многу задоволна од дезедорансот(антиперспирант) на Балеа-Madamoiselle Chic.Го купив во мало паковање да за видам каков е,ама деновиве ќе одам и ќе си купам големо.Супер се покажа,за 10-ка. Трето,лосионот за тело на Балеа од киви.Малку јако мириса,но кожата ми ја прави супер. Четврто,кремата за раце и нокти.Рацете ми се нежни и мазни,а и ноктите ми се доста цврсти. И петто,маскарата на Алверде-nothing but volume.Одлична е.Не ми ги лепи трепките и не прави топчиња.За мерак.
Путеров за тело е сон! Мирисам на чоколадо цел ден, нешто преубаво Planet Spa - African Shea Butter and Chocolate Truffle Крема за лице од Орифлејм. Ми мириса на овошен јогурт. Ептен ми е свежо и мазно лицето. Презадоволна сум. Професионален шампон за коса од Балеа. Пишува дека ги отстранува сите тие состојки од разните препарати што и ги ставам на косата како масла,спрејови,маски,регенератори. Добар си е, си го комбинирам со маската од Алверде И од неа сум многу задоволна
Омилени продукти за септември Брезов шампон од Илирија Никогаш не сум ги сакала ваквите шампони од брези, коприви, ливади и остало, ама прочитав многу пофалби за овој шампон и решив да го купам. Го користам повеќе од еден месец и сум презадоволна! Имам проблематична коса, т.е. чувствителна кожа и не можам да користам било каков шампон. Ми се јавува првут од сите шампони освен од Пантен против првут и Бекутан, па само тие два ги користам. Сега го ставам и овој шампон на листата. Ефтин е, а и убаво ми мириса. И можеби има и друг фактор, ама мене ми се чини дека благодарение на шампонов косата престана толку енормно да ми паѓа. Сјај за усни со шеа путер на Авон Првенствено го земав заради попустот, ама ептен ми се погоди и планирам пак да си го порачам откако ќе ми се потроши. Изминатиов месец за нега на усните не користев ништо друго освен сјајчево. Прво бев малку скептична бидејќи сите сјаеви што ги имам порачано од Авон обично се многу густи и лепливи. Ама ова повеќе ми личи на лабело. Кармините ми ја сушат устата, па во комбинација со сјајчево - супер ми доаѓа. Не ми свети устата, а и не ми се суши. Двобојно руменило на Флормар Мислам дека повеќето феминки веќе го имаат пробано руменилово, така што нема што многу да се расприкажувам Ефтино, убаво пигментирано, лесно приспособливо на сечиј тен, долготрајно и со убав мирис.
За септември 1. Cleo крем за туширање Морам да го спомнам и во оваа тема само за кратко и за овој месец,душата му ја извадив.Си го набавив и второто веќе . 2. Avon сјајни перли за лице Kако што си обожавам светкави руменила,бронзери и такви работи ова ми дојде супер одлично Преубав нежен изглед дава,светките си се познаваат баш како што си сакам. Единствена замерка ми е трајноста.. Брзо ми се губат од лицето,дали дека периодов ги користам без подлога и пудра.. нема што да ги држи од доле да траат подолго,па веројатно затоа 3. Avon масло за тело Нови се,па да ги пробам де И супер е маслово,омекнува само. Уствари за тоа е и наменето,додека пак другото розевото хидрира Само,да напоменам дека глупост направив прво Треба да се претресе пред употреба дека е двослојно масло,за да се спои во едно. Јас тотално заборавив на тоа и нит претресов нит ништо,директно шприц на тело и после 5мин бев цела бела и перут сува по нозете Значи тие што сакаат да го земат ова да знаат да не направат ваква глупост Сега веќе знам како треба и се си е океј ..Епа толку
Значи дефинитивно боље нешто не сум сретнала во Авон. Се заљубив! Јас во глобала си се сакам, ама кога сум намачкана со ова и си мирисам толку слатко ммммм... си се сакам најмногу на цел свет. Пудинг!
Јас го имам од кокос, многу убаво мириса, ја омекнува кожата и долго трае. Подлогата за лице од Young Derm, oткако ја зедов, многу малку ставам пудра. Совршена е за моево лице. :up:
Значи презадоволна сум од оваа пудра, се покажа поквалитетна во споредба со големите имиња и пудрите кои чинат 3 пати (а можи и повеќе) од оваа пудра. Ја користев подолг период, ми заврши во пролетта, после барав пак да си купам ама немаше. Сега гледам пак имаат во парфимериите, а и во Супер Марио. Си купив 2, едната за сваки случај пак да не нема Нема некој специфичен мирис, ама има многу убава текстура, супер ми се погоди на лицето. Покривна е, а не се познава дека имаш пудра, дава многу природен изглед на лицето. Јас имам комбинирана кожа- сува на образите, а малку мрсна на Тзоната, топло ја препорачувам :up:
Моите омилени продукти: 1. Вазелинот ми го препорача доктор и премногу сум му благодарна. Го мачкам цело тело, преубаво мириса и ја омекнува кожата. Стапалата ми се препородија. Понекогаш ставам и на лицето, во вакви грди ладни денови, а на усните обавезно. Околу 70 денари е во Зегин. 2. Гелови за миење на лице, го користам тој што ми е во моментот на дофат. Двата ја вадат целосно шминката, пешкирите ми се чисти, што не се случувало на пр. кога ќе се измијам со некој друг гел или сапун. Кога се поминувам после нив со лосион и памукчето е чисто. 3. Најнов продукт од денес ама многу е добар. Туш за очи од Базаро, два за 175 денари, еден црн и еден кафен, внатре има и четкички, една закосена и една за сенчање или како и да е техниката Делевме со другарка ми, мојот е црн, бојата е многу интензивна, ставив околу 19 часот до сега не е мрднат.