Бекутан шампончето! Го имам користено и претходно ама неделава нешто посебно ме фати мерак за него. Најблаг шампон е, мириса прекрасно, ја прави косата бебешко свилена
Многу продукти ми се погодија месецов ама за тоа потоа, моментално ми текнува само на... Oвие две ги има во пакет ,течен сапун и гратис гел за туширање мислам,за смешни 104 денари во Тедико, од време на време ги начекувам. Прекрасно мирисаат,и сапунот и гелот за туширање,гелот не ја суши кожата и притоа остава многу убава трајна миризба,а сапунот како да го испи брат ми за 2 дена од што преубаво мирисаше.
За бебиња е,ама веќе си купив и второ Колку нежен мирис,нежна кожа,совршено е. Во КАМ е 170ден. 99ден,500мл,а супер е Гелот во средината,од бадем.Преубав!
^ Најдобрите влажни марамици од Кам, закон. Се` уште ми се најомилени, и овој месец како и минатиот продолжуваат. За месецов, компактната камена пудра на Флормар. Дава нежен и кадифен изглед на кожата, воопшто не е тешка, убаво се приспособува на лицето и ја фиксира течната пудра. Бравос. 150 ден. во Веро центар на штандот на Флормар. Сапун за раце Далиа со малина Јас сум пребирливо створење за сапуни, сакам да мирисаат убаво, да даваат влажност на рацете и да не се сушат или распаѓаат пребрзо при користење. Епа овој е погоден во сите 3 точки, прекрасно сапунче. Околу 32-34 ден. во сите поголеми маркети. Не знам што мајка сме се запнале за четките на Колгејт со години, ги мразам колку се само тврди (дури и оние што пишува дека се медиум) и одвратни. Заб може да си скршиш. Ви ги предлагам овие на Астера, мекани, флексибилни и одлични чистат заби. Па и цената, уф. 35 ден. Доаѓаат со држач во вашиот дом, та на на на на.
1. Преубава нежна розева боја, го земав 99 беше на некаква си акција.. сега е 120 2. Маска ипол за 100 денари 3. Убава хидратантна крема.. бргу се впива и лицето отпосле не свети. 4. меки, нежни, преубави
Dala би сакала да те прашам за што ја користеше кремата нивеа, за лице или тело и каков и е составот? мрсничка е како обичната, сината или помека е? thanks
^^Овој крем на Нивеа е прилично мрсничок крем, се користи при пеленски осип и иритација кај бебешкото газе. Кремот е одличен и за мачкање по телото и лицето, ама во поладни денови. Ели, производите на Џонсонс не се препорачливи за користење, поради штетните состојки што ги користат... многумина веќе избегнуваат да ја користат нивната козметика за своите деца. Јас за син ми ги купив купката и маслото од лаванда, ама сега така ми стојат кога го прочитав тоа. Има нешто за тоа пишано и во темата за Бебешка козметика. Мене дефинитивно овој месец ми се фаворити производите за лице на Алверде и кремот за бебиња на BabyLove од ДМ Покрај нив, и кремот за раце на Далиа со алое вера и течниот сапун за раце исто на Далиа, со мед и бадем. Ми се допаѓа што имаат пристапна цена, а се квалитетни.
^ Ja прочитав Моира имаше постирано за Џонсон,и веќе не го користам,а си купив и резерва Ма да,баш сум изненадена,мислев дека се едни од појаките козметики.Ми одговараат бебешки лосиони,а пошто ми се погоди BABYLOVE шампонот,наредна прилика и млекото за тело би го купила.Претпоставувам дека ќе биде исто толку добар како и шампонот. Трендафилка,се сложувам за ФЛОРМАР пудрата.Цело лето издржав на најтоплото со неа.Преубава е,и јас ја препорачувам :up:
Jас сум ептен HEприбирлив човеек, отварам дезедоранс, го мирисам, ако ми се свиѓа го зимам, ако не го отварам и вториот, правам споредба со првиот и кој е поарен го зимам. да мирисам 200 дезедоранси, да стојам да ескпериментирам за дезедоранс HE ain't nobody got time for that A некои па само ако ми е кутијата убава, и без да ги мириснам ги зимам Tака направив со овој, и ем убаво мириса, ем добар е