Во една друга тема кажав и дека не сум баш задоволна од шампонот не бев задоволна по првата употреба после неколку миења сестрами има сува и непослушна коса без сјај шамонов и ја исправи колку толку и не можев да верувам колку сјајна коса решив да му дадам втора шанца неможам да верувам дека е мојата коса само со фен ми беше премногу права и сјајна и не ми помислив да го уклучам пеглото а шампонот е само 100 ден и регенераторот исто. Пудра која не планирам да ја сменам за 300 и нешто денари е супер, имам користено далеку поскапи и никоја не ми даваше ваков ефект има и подлога или може како пудра да се користи ама мене вака ми е супер. Никој лак не ми траел подого Во акво време мене устата секогаш ми е лом а на зима да не зборувам мислам дека со ова зима не гледам Како мирисааа и кожата ја праи многуу мека
Многу ја сакам мојата исчукана навика, по 10 пати да проверувам производи пред да ги купам - и затоа многу ретко и се зафркнувам. Се` што купив ми се погоди одлично и ми е во листата на омилени. Сапун - Асо дерм на Алкалоид Навистина - подобро од сапун. Со право си напишале луѓето. Лицето е стакло, го чувствувам чисто и нежно мирисно, планирам и косата да си ја замијам со Асо, никогаш не се знае за ефектот. Вреди да се инвестираат тие 105-110 денари за сапунов. ОДЛИЧЕН. I love glam - black eyeliner од Essence Мераци. За 200 ден. - интензитет на бојата, трајност и многу фина четка за нанесување. од почетокот ми беше чудничка, јас навикната на Голден Роуз, ама оваа е многу подобра. Наградата и овациите месецов одат кај Флормар. Откако камената пудра буквално ме освои, си го земав црното моливче, со сунѓерче за размачкување од едната страна. Навистина чини 250 ден. малку троа поскапичко од други моливчиња, ама си вреди бре. Меко, исцртува одлично, љубов е моливчето. SMOKY EYES CARBON BLACK Мат кармин, исто на Флормар, на страницата ја нема боичката, инаку е месо боја, со мнооогу мал праскесто-портокалов тон, баш онака природно. Траен и не ги суши усните, е жити ова што сум го земала на тепка - и не погрешив. Многу се добри кармините на Флормар, не очекував искрено. 230 ден. во Веро Центар. За лосионот на Балеа во ДМ, се изјаснив веќе во темата, оној со чоколадо и смоква. Другиот искрено многу ми мирисаше на бадем, тешко и горчливо.
За октомври месец. ^ Да не останам и јас покуса Убавини! Толку само ќе кажам,посебно тој со смоква и чоколадо. Црешката ми е малце јака ама ќе пројде. И мразам Limited Edition за инает вака убави ги прават,а? ^ Лабелцево абе по економично неможеше да биде! Прво што му е ептен смешна цената,65 денари а 4.8 грама продукт?! Законче За еден ден ми ги среди испуканите усни ^ И крем сенкиве на Орифлејм,ме изненадија. Многу убав финиш даваат,стојат значи и не се собираат и без база за сенка. По обичај со крем/течните сенки база е задоложително особено ако имате мрсни капаци. Јас ги пробав без база,и си стоеа а имам прилично мрсни капаци :up: Еве ги сите во спојлер како изгледаат Спојлер
Шампонов во комбинација со регенераторот од истата линија, прилично добро се покажаа. Да не речам и одлично. Ама го користам преку сила еден месец, така што сеуште ми е рано да кажам. Во главно немам некоја комплицирана коса, единствено може да ми се презасити од континуирано користење на некој производ. Како и да е засега додека тера, ќе ги пофалам. Плус таман пред да ми се потрошат ги начекав двете во Карфур за неверојатни 129 денари Руменилово е едно од подобрите нешта што сум ги користела. Обичо мразам да правам поделби зависно од годишното време, па пред се во тој поглед одлично се покажа. Одговара на секаков тен, дава убава нијанса и некој природен, здрав сјај. Баш онака како што го замислувам руменилото на лицево мое. Кога на сето тоа ќе ја додадам и цената, има една десетка од мене Кремава за раце не ми е на месецот, туку како што тргнала може да биде и на годината. Веќе трето пакување трошам, а дланките ми се најмазни на свет. Мирисот е најпрекрасен и освежувачки, сеуште не можам да се заситам. Исто од дм, лосионот од бадем ми е при крај, треба да направам мини залиха додека не ги повлекле од продажба. Неверојатен мирис што се задржува со часови, заретчив и со прскање на парфем до овде-онде, да си поуживам во мирисот. Кожата ја прави многу мека и сјајна. Штета што е limited edition. Се мислам дали да го земам и гелот за туширање, само некако ми е мало пакувањето, а и мајка ми само што купила 2 од 500 мл.
Детски сапун Бекутан со камилица Спојлер Го купив за сестра ми, а за мене Асодермот, ама овој ми се допадна повеќе, т.е. повеќе ми легна на кожата. Овој сапун, плус павловиќева и насабајле кога ќе станам како бебешко газе ми е лиценцето... 33 денари, во сите супермаркети. Да го дотрошам Асодермот (исто далеку од лош, мада што Бекутанов ми е подобар) и ќе си купам и за мене вакво. Бонус - практично кутиче, се отвара како капак нагоре, и може во тоа да го чувате сапунчето, не лепи картонот. Следно, Здраве, ама овојпат, Здраве и полн погодок - Лека формула Спојлер Го земав оти немаше обично Здраве, и жими се, ова е уште подобро! Ако ви се верува, ставав од обичното на една подлабочка акна (ми испадна една и ми стоеше салам 3-4 недели ) и немав баш некое подобрување... Ставив од ова со Лека формула, до наредниот ден ми беше веќе спласната! Ова е по текстура како помадата на Нивеа, онаа темно плавата, и мене ми е многу ефикасно. Некогаш, си правам третмани со ова и се шлакам по цело лице пред спиење... Ми се случува наредниот ден да ми испука некое од тие масните ткива што иначе се вадат само со игла. Препорачувам! Мејбилајн, Д фалсис волум експрес Спојлер Ја пофалив и во темата за маскара, морам и овде. Значи веќе пари за глупави маскари не фрлам! Е сега, се пожалив таму дека повеќе ми ги издолжува отколку што ми ги згуснува. Како што ме дал Господ расчитана, си дремам во ВЦ и случајно земав да читам отпозади што пишува. Цаката на маскарава е рамниот дел од ,,лажичката,, (гледате каков е обликот на четката, како лажичка), и тој дел всушност ги згуснува трепките, а извитканиот ги издолжува. Не треба да кажам дека сум презадоволна, нели? Не ми ги иритира очите, не ме тера да се чешам (обично ми смета маскара), и мислам дека едино би ја заменила да си го направам ќеифот со таа на Гош, инаку... не. Им останувам верна на Мејбилајн.
Лосионите на Балеа, веќе многу испофалени по темиве, преубави се и тој од смоква и чоколадо и тој другиот со масло од бадем.. супер нешто Следно, маската на Алверде, портокаловата.. природна, не ја мрси косата како останатите и дефинитвно ќе си ја купам пак Беколино шампон за деца, убав, благ и нежен шампон, кој е за секојдневна употреба многу погоден и плус не ми ја мрси косата Самоостречко моливче за очи со дискретни светки од Есенс, убаво, трајно на око и лесно за нанесување, го земав од ДМ некои 115-120 денари и во план сум да си ја збогатам колецијата.. сега го имам I have green, темно зеленото сигурно има уште, ама тоа е во моментот што ми текна
За септември немам нешто посебно што би можела да пофалам, а и не знам дали сум пишала - изгубив ориентација, ама за октомври се наоѓа по нештичко. Гелов за туширање ми е хит месецов - ептен ми е мерак тоа што мирисот му е толку интензивен, што се чувствува и по капењето. Во комбинација со кремот за тело од истата линија, чинам мирисот трае тродупло. Иако искрено, од кремата и не сум толку задоолна. Дефинитивно Dove се број еден сапуни за мојата кожа. Ми одговараат сите до еден, или барем така мислам, затоа што во план ми е да ги испробам сите до еден! И од овој сум задоволна, ама А маскарите на Maybelline остануваат најдоброто нешто што им се случило на моите трепки! Убава е и cat eyes, пријатно сум изненадена од неа, иако другарка ми не беше задоволна од неа.
За сите со сува кожа, топло го препорачувам. Кожата никогаш не ми е била помека, од многу фалење на дечко ми на крајот и тој си купи, и исто е задоволен Кремот на Doctor's за сува кожа со тоникот горе, сега за сега ми се добитна комбинација. Конечно да немам шлупки низ лицето. Кремот е вториот вертикално, а го препорачувам и Whitening, за сите кои имат проблеми со акни и пеги, сличен е на Здраве. Сенкава ја имам подолго време, но секогаш ја игнорирав. Црната сенка е прекрасна, со малку подлога трае цела вечност Премногу сум задоволна.
Too Faced Bronzer Hепланирано го порачав бронзеров заедно со мини колекција и многу ми се допадна,дава убав сјај,секој ден си го ставам,нејкам да го потрошам,дефенитвно го препорачувам Mногу ми се допага и мини четкичето што доага со него,многу убаво се нанесува со него *Aко на некој го интересира за бронзеров го нарачав од Спојлер Bеautybay.com Спојлер Cенкиве на Pевлон Mногу се добри овие во вид на моливче,многу потсекаат на Maybeline tatto сенките и стојат цел ден на око,кремасти и лесни за нанесување. Maybeline Master Precise Eyeliner Eден од подобрите тушеви што сум го пробала,смешен ми е зборов тушеви Mногу му е тенка четкичката и мека,многу убаво се нанесува,можеш најтенката линија да си ја направиш Cовршен е за мене како што имам лева рака за нанесување туш
Ајде една рецензија и од мене Вообичаено не сум задоволна од Нивеа производи, ама овој гел за туширање е рај во шише. Трајност повеќе од солидна, мирис боженствен, само цената не му е на место бидејќи се навикнав во последно време да си купувам за таа цена поголеми пакувања, ама дефинитивно вредеше. Nivea Harmony Time Си ја купив фамозната маска за коса од ДМ на Алверде, на почетокот не бев воопшто воодушевена, немаше некои вау ефекти, дури и се разочарав, но сега после неколку миења и кога ја оставам подолго, значи малку повеќе од 5 минути, косата ми е бебешко мека, а и има убав сјај. Единствено што не ми се допаѓа во маскава е што не го олеснува расчешлувањето. Гел-крема за лице Авон Солушнс Freshest pure - ко што мојава кожа не поднесува секакви креми и ретко можам да си погодам крема, преретко дури скоро ич, ова е во рок од 5 години 2ра или 3та крема што ми одговара, презадоволна сум, посебно бидејќи текстурата е како гел. Не дава масен сјај, може да се користи и како подлога за пудра само да не биде нанесена во дебел слој бидејќи лепи. Солушнс имаат еден голем плус кај мене бидејќи уште една крема од таа линија ми е погодена.
Тоа беше љубов на прво користење Толку убав, продорен, нежен мирис на Магнолија да барав немаше да најдам. Подарок од мојот дечко, шампонот ми го имаше донесено од Германија (На интернет гледам ја има цела колекција од купки за туширање до течни сапуни) Не мириса убаво само додека се туширам, косата ми мириса до следното миење на Магнолија. Во Германија во ДМ го имало, па дечко ми мислел дека го има и кај нас и си рекол зошто да купувам повеќе, кога сигурно го има и кај нас во ДМ ќе си набавиме од таму?! Арно ама АШ, кај нас го нема. Знаев дека го нема и се разочарав, жално е да се пропушти таква прилика. Ако некој, некогаш и некаде налета на овој производ нека помисли на мене и нека ме извести ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Ова не е само омилен производ на месецот, туку на векот! :up:
Омилени: и И од двата подеднакво сум задоволна, од Нивеата мирисот подолго останува на косата, додека на Бејби лав се губи после еден ден, секако и двата го даваат истиот ефект. Косата е преубава мазна и мекана, со долг ефект на чиста коса. Ги обожавам! Од козметиката за тело најомилени ми се: Многу убав лосион навистина бргу се впива, на сам почеток како да се лепи но трае едно 10тина минути и се губи после кожата е навистина мазна, има мирис на алое вера, сега мирисот на кого како, мене ми се свиѓа ми дава чувство на чисто. И оригиналниот вазелин, многу добар ептен, и во однос на сите типови на вазелин што ги имам досега пробано воедно и тој на ДМ овој има различна текстура, глатка е баш како желе. Многу добар!
Презадоволна сум од шампонот и регенераторот на Гарниер,за долга коса од млеко од ванила.Преубава ја прават косата и имаат прекрасен мирис. Освен зелениот гел/пилинг на Балеа јанг,го користам и овој за нормална кожа.Нежен е и доста ми е погоден за секојдневно измивање на лицето. Презадоволна сум од оваа маска,прекрасен мирис и коса како свила. :up:
Прекрасна маскара, совршени трепки.. Го купи мајками бидејки и се потрошило, арно ама не го мириснала и и било многу јако па мене ми го даде .Мене супер ми е.Како кремче е ама многу е добро. И овај прекрасен парфем. Од порано го има во авон ама дури сега го купив. Прееееееубаво мириса и трае доста долго
Презадоволна од првиот-црвениот за фарбана коса. Експериментирав со шампони и по препорака го купив. Не кошта многу дури 55 денари. За тие паричиња не ни очекував некој ефект, ама се излажав.