Ајде и јас да поставам свои омилени производи за овој месец.Мислам дека ќе ми бидат омилени цела година,не само месец.
Може да ми кажеш која цена е маскарата? Од ДМ е претпоставувам? Баш барав маскара со таква четкичка за волумен, па ако е по пристапна цена, одма ке ја земам Фала однапред
Дефинитивно Мерц дражеите,ги употребував летово,ама сега многу почна да ми паѓа косата и почнав пак. За недела -две ми ја средија косата. И лентите за депилација на надусници од Cera di cupra, многу се нежни и супер си ја вршат работата.
Дефинитивно капките на Авон за суви,оштетени врвови Ја прават косата многу мека и ја намалуват наелектризираноста што се јавува после миење или пеглање Исто и од овој сапун сум задоволна,бидејки ми е комбинирана кожата и мрсниот дел се суши
Не знам за вас ама јас не можам без ова кремче на Doctor's. Содржи камилица, витамин А, Е и Б. Го користам навечер пред легнување на претходно измиено лице. Идеално за моите брунчиња.
Avon - GLIMMERSTICKS Diamonds Eye Liner Одлично. Пристапна цена од 150 ден. ненападни светки, остава лесно трага, не се брише, не се прецртува на капакот, самоостречко... 10ка. Јас го купив Black Ice, сакам да земам уште некое. Лаковите на Кетрин Арли. Го имам црното напред, и е прекрасен лак, многу подобра текстура од Голден Роуз, и за нијанса потрајни. Би купиал уште многу, предобар лак за нокти. 60 ден.
1. Маслиновото масло од Галафарм. Многу сум задоволна и дефинитивно не експериментирам повеќе со други масла, како на пример оревово, чичково, бадемово. И бадемовото беше добро, но маслиновото ми е погодено на косата. Од Тинекс забележав дека е најниска цената 80 и нешто денари. 2. Ги купи мајка ми пред некое време и многу сум задоволна од квалитетот. Незнам точно цената, ама шминка вадам со нив, ги користам баш за се'. 3. Растворот пантенол на Јака- Радовиш. Не можев да најдам слика, ама е во шишенце како сирупите, во розево паковање. Го купив од Зегин, 80 тина денари. Ставам определена количина пантенол во шампонот (зависи од големината на шампонот) и забележав позитивни резултати. Косата ми е зацврстена, посјајна и поздрава. 4. Џонсонс лосионот за бебиња. Ја прочешлував темата за лосиони за тело, забележав дека сите го фалите, па ај да пробаме Значи мирисот ми е преубав, ме потсеќа на некој парфем или нешто од порано ама не ми текнува на шо. Хидратантен е, мирисот се задржува. А и цената е доста пристојна, во споредба со Нивеа лосионите за тело кои мислам дека се помали во милилитри, а беа 100 денари поскапи. Од Веро го купив 174 денари. Знам дека во Зегин е околу 160 ама не ми беше по пат
Со оглед на тоа дека користам маскара секојдневно, но во мали количини од маскарава сум презадоволна! Низ форумов читав и негативни коментари за истата, но јас сум задоволна. За цена од 120 ден. сум и повеќе од задоволна. Пудрава ја купив пред извесно време, но не почнав да ја користам воопшто. Од пред извесно време од како ми се потрпоши пудрата, се обидов со оваа и плус подлога и морам да кажам дека сум изненадена од пигментацијата. Секој кој што има прилично чисто лице би бил исто како мене задоволен од истата. 150ден. Авон дефинитивно ги има едни од подобрите кармини според мене, а овој е еден од ретките кои ми мирисаат убаво. Има не толку јака пигментација, дава малку сјај и оваа линија има многу убави нијанси. Го купив 140ден. во минатиот, но во тековниот каталог му е уште повеќе спуштена цената. И последниот производ за минатиот месец ми е овој 3во1 лосион,гел и хидратизер кој што мириса преубавооо, а ми го исчисти лицето прилично целосно. Малку ми ја суши кожата, но после тоа користам крема и немам никакви други замерки. Единственото важно ми е што придонесе да имам најчисто лице од било кога, во споредба со Јанг Дермот што претходно го користев, овој е врвен. 130ден.
Овие две ми се продукт на годината, а не на месецов. Му се восхитувам на лицево колку е почисто откако ги користам.
^Само што дојдов во темата за да ги пофалам маските. Јас ја користам таа за екстремно сува кожа , супер хидрира и многу убаво мириса.
Презадоволна сум од течниот сапун за раце на Vaseline (не можам слика да најдам), со мирис на сок од калинка. Фантастичен е! Рацете не ми се суви после миење, имам чувство како со крем да сум ги миела. А за мирисот да не зборувам, трае минимум два часа воопшто, сите производи на Vaseline се одлични, само мислам дека тука ги нема. И јас сум презадоволна од лаковите на Кетрин Арли, како Трендафилка, одамна ги користам, досега не ме разочарале. Солиден квалитет за 50 ден. Имаат една многу карактеристична боја, која ја обожавам, а ретко ја наоѓам. Нешто меѓу сина и виолетова, мат боја. Преубава е.
Let the good times roll Oвај чистачот за лице на Lush,преубав е,ми го среди лицето за неколку дена,совршен е за сува\нормална кожа,а мирисот Kако мириса,на тофу,кафе,пуканка јас кога се мијам ми доага да го лижнам! Cамо да не им е Limited edition Ke треба да си купам уште 2-3! Spoiler
Lush имаш во Рамстор, одма до Вип и Близу, пред ескалаторите. Инаку јас сум воодушевена од новите парфеми, па добро не им се толку нови, ама порано нели немаа течни само имаа од оние во кутивче како гроздава маст што се, абе ова трае, а си ставив само на рацете и позади косата, по предлог негов, ви се верува дека бањарката ми мириса со која се облеков од соба до купатило, преубаво