Јас дефинитивно од Лаковите на Малена, луѓе 100 пајнци измив дома, еве го скоро 2 недели го имам на мене, нема мрднато ич ама ич. Го препорачувам
Мислам дека скоро сите продукти ми се од овде што сум ги видела Влажни марамици Лалин Пред овие за отстранување на шминка ги користев на Бекутан, со и без алое. Видов дека од овие Лалин се задоволни повеќе феминки. Од овие не ме печат очите ни лицето , а ме печеше скоро цело лице од Бекутанот. А и цената, мислам дека е 55 , е таман. Кливен - Млеко и тоник за чистење лице Млеково го користам да го избришам остатокот од шминката , тоа што не успеале марамиците И ова ми е супер , немам некоја негативна реакција. Руменило на Аура(Merlot 546) Морав да го сликам моето,зошто едвај најдов слика на нет ама па ни таа не ја доловува нијансата баш. Ова ми е прво вакво руменило, има некој лила подтон мислам. Или ти се допаѓа или не. Јас сум презадоволна од траењето и од сјајот што го дава. Ultra Black маскара на Боржуа Оваа ми е за секој ден, обично за факултет само маскара ставам . Ми се допаѓа ефектот што го дава од само едно нанесување. Боржуа - healthy mix Порано не знам зошто ама не ја користев пудрава. А сеа сум изненадена од тоа што колку повеќе стои во текот на денот, толку поубаво станува лицето. Можно е ова нели? Секако комбинирано со коректор и пудра во прав. * Добра комбинација е и со руменилото на Аура.
И јас се изненадив од лаковите на Малена, си купив во саботата, се излакирав еве денеска четврток е 1-2 точки ако има само избледени, многу стои! Сега уште некоја боја ке си купам.
Да си ги пофалам и јас омилените нешта за месецов, иако за многу подолго ќе ми бидат. Моливчињата се по 80 денари, има убави бои, јас имам црвено и розево. Ги користам под кармин или само нив со вазелин. Руменилото го земав денес 110 денари, многу убава и невообичаена боја, барем за мене. Убаво остава боја, убаво се бленда. Коректорот е 110 денари, јас земав посветла нијанса и го користам како хајлајтер (ваљда вака се пишува). Карминот ми е омилен, особено оваа црвена нијанса. 110 денари се, ги има и во некои аптеки, јас ги земам од една маалска продавница.
За месец ноември: Многу сум задоволна. Има преубав мирис, а и не е скап го купив за 109 денари. Прекрасна е, многу убаво ги омекнува рацете, а има и убав мирис. И од овој балсам сум многу задоволна, многу брзо ги средува испуканите уста и истотака има и убав мирис
Бекутан купката...ја открив овој месец и немам намера да се разделам од неа! Ја прави мојата кожа фантастична
Најзадоволна сум и не ги менувам!Се од Авон користам,се навикнав а и квалитетни ми се. За овие есен и зима ми се погодени овие- Маслото од арган исто е како силиконските капки,лосион за тело од темјанушка,крема за лице за заштита,маскарата супер шок-и не ја менувам никогаш,маслото од планет спа,купката од капини...
Кремава на Alverde ја имам одамна, ама ајде да ја презентирам конечно. Значи не очекував ништо посебно од неа, мислам дека ја купив 149 ден. или 189 ден. не се сеќавам добро ама кремава е повеќе од одлична. Има мат ефект, со екстракт од бисер е и на неа пишува дека е за нормална до комбинирана кожа ама е супер и за мојава мрсна кожа. Иако поради тоа што е густа откако ќе се нанесе се има впечаток дека тешко се размачкува, сепак се впива веднаш и остава свеж и нежен изглед. Одлична подлога и за пред пудра. Препорачувам. Минералната пудра на Art Deco. Со ефект на течна пудра. Се изјаснив и во соодветната тема. Преубава. Коректорот во стик на Essence. Супер ми се погоди нијансата. Покривен и лесен. Оценка 4/5 само заради трајноста.
За месец ноември Body basics - Strawberry body butter - Многу добар путер за тело ! Прво да спомнам дека е природна козметика,стварно мириса некако на свежи јаготки Премногу е густ едвај се мачкам на моменти но,многу ја омекнува кожата и после долго време мирисот се осеќа.. бар на мене. Значи големо да од мене за путерот,штета што ја нема козметикава кај нас,убави работи имаат Alverde Duo Highlighter - Е многу ми се допадна,ама стварно. Прво ми фати окце највеќе тоа што има и крем производ и производ во прав. Прво ставам од кремот,па го фиксирам тоа со прав и ефектот е Многу сакам светки на образите,ова ми дојде совршено! Се надевам не е лимитарно издание Единствена замерка,ми е тоа што хајлајтерот во прав е многу лошо сместен (како да речам поинаку незнам..). ^ На ова мислам Кога го отворам долниот дел,нема шанси а да не ми летнат наоколу тоа светките и плус што е во куферчето додека го носам се мрда лево десно и цела прав излегла надвор Многу лошо е ова,морам да му најдам некое чаре зошто вредат и двата продукти во него! Еве некои слики како изгледа : ^ Кремот. ^ Во прав. Цена: 220/30 ден. Спојлер ( ако ме држи добро сеќавањето..не го купив скоро.. )
Еве ги моите омилени продукти за месец ноември: 1. Руменило на Флормар (180 денари/купено во Рамстор): Руменилово е сензација, вреди за секој денар. Не го менувам за никое друго...барем не скоро. Имаше две нијанси, а јас го имам ова: 2. Diesel Loverdose, незнам колку пари, подарок ми е. Неверојатен парфем, трајност невидена. Од како го користам, само комплименти добивам. А јас како зависник од парфеми, досега сум испробала многу, и овој го препорачувам топло, кој си штеди и планира да си земе парфемче, нека го проба. 3. L'oreal telescopic. Обично, каква маскара и да користам, трепките ми изгледаат многу убаво, зошто природно имам долги и густи трепки, но маскарава дополнително ми ги истакнува. Незнам колку пари е, зошто не ја купив јас, туку мајками си купи некој кремови за лице од Лореал, па како подарок беше маскарав и некои златно несесерче. Толку продукти мии текнаа во моментов, ако ми текне на нешто друго, ќе пишам.
Гел за туширање Афродита Толку добро мириса што би го користела и како шампон, течен сапун, па и ве-це би чистела со него
кафениот шаума шампон, преубаво мириса ми ја прави косата чиста и мека. и воопшто не е скап. дове кремче со розевко нешто имаше на него floweр bloosom или слично, преубаво мириса и ми одговара на кожата.
Смеам да го ставам тука? За облека се работи, облека-тело Предобар. Цела куќа мириса кога се сушат алиштата, не е ни потребен омекнувач, не се лепат и електризираат алиштата. Цената му е 220-230 денари, само пофални зборови имам.
Влажниве марамчиња, од јасмин. Мекан мирис, си го бришам лицето после излегување, не ме печат очи (од Бекутан и мене ме пецка, поим немам зошто). Најдолготраен дезодоранс евер. Ефективен и со убав мирис, а не ми остава ни бело по облеката. Парфемов е лудило. Сестра ми си го купи, и некако не и е по ќеиф, па јас си крадам Женствен, баш како името парфем, силни ноти ама некако е мистериозен. Тиери Муглер, чуда прави.
goddess of chaos Tенк ју тенк ју пре тенкју за препораката на кармините на Kејт Mос Jас ги земав овие две нијанси и сум презадоволна, карминиве ми се нова љубов имам пробано од Aура, до Eсте лаудер кој благе везе си нема, поклон ми беше oд тетка ми, не оти ќе дадам таква цена за тој 'квалитет' , на тестер сум ги пробала и на гош и уште некои, ама воа е ненормално квалитетен кармин Hе им откажувам љубов на моите пазарски од кај Pамче за 20че, па и тие се супер за таа цена, и не се нит шугави, нит никакви, супер се, ама Kејт Mос ги ставам во листа на љубовче од карминче и во иднина планирам да ги користам, не се кој знае колку скапи, 200 денари па на Aвон бре љуѓе се поскапи, еден куп имам од Aвон, а ни до пола не им се на Kејт
Ова, и тоа благодарение на Моира ја открив Кожата на рацете ми е прекрасна! Обично во ова време од годината ми е сува и пука, ама годинава го избегнав тоа, благодарение на маскава. Јас си ја користам како крем додуша. Нема пријатен мирис, барем мене не ми се свиѓа, ама се трпи за ефектот што го дава