Прво нешто омилено за месецов, ми е овој лосион за тело од Авон.Има убав, нежен мирис што не се меша со парфемот, мирисот трае долго, и кожата ја прави прекрасна.Има и ситни светки. После, исто од Авон, лосионов за лице кое периодот ми беше некако нафрлано, не знам од што.Ми го исчисти, иако кожата на сабајле ми беше малку помрсна. Парфемиве, трајни со преубав мирис, иако со посоленка цена.Ако ги начекате на попуст да ги земете обавезно.
Многу ми ги зајакна ноктите и откога го користам ниеден нокт не ми се скршил, иако нон стоп ги бркам рацете во вода
Планет спа ми се една од најдобрите колекции за тело, кожа и коса и најдобрите производи на Aвон, одамна се немав почастено нешто, па ги фатив на попуст и си го порачав овој путер за тело од шеа путер и чоколадо.Луѓе неможам да ви опишам колку убаво мириса и каква ја прави кожата, се става по малку, дава нежен сјај и мирис.Mи иде да си лижнам од него. Нешто ептен му фрлив мерак на шеа путерот, па месецов ми е во знак на него.Си купив гел за туширање на Дав од шеа путер и милини ми е.
Можам да кажам дека секоја нова маскара ми е омилена, ретко некоја да не ми се погоди Парфемчево го мириснав кај другарками , па ми го порача и јас незнам од каде ,ама прекрасно мириса, доволно долго трај Оваа крем-пудра служи за некое изедначување на тенот, но многу сум задоволна. Перлите од џордани со сите пропратни четки-совшени И секако да си го пофалам ова парфемче кое наскоро ке го купам. Го пробав на тестер во веро и уште еднаш се приврратив да се прснам уште малку , и прекрасно мириса и долго трај
Досега се што ми паднало во раце од Dahlia не ме разочарало. Конкретно остранувачов на лак е одличен. Не ми делува на агресивен, убаво отстранува, многу убаво мириса и воопшто не е скап. Уште од почетокот без задоволна од шампонот и регенераторот, но по правило не коменирам откако не го тестирам еден месец, затоа што тоа ми е критичниот период кога шампоните ме разочаруваат. Мило ми е што не е случај и со овој, прекрасен е, косата можам слободно да не ја измијам и 3 дена, а и доволно ми е искрено. Има некој ептен освежителен мирис што се задржува 2 дена, а за пушач како мене тоа обично е невозможно Покрај сте позитивности, нешто што најмногу ме освои е сјајот што и го дава на косата. Многу здраво и негувано изгледа. Да не урочам ама не планирам да ги менувам во скоро време.
Сега ми текна на еден производ од кој сум презадоволна, а не сум го пофалила во темава, ниту пак на форумов, срам да ми е Пена за коса Loreal Studio Line Silk&Gloss Volume Mousse Пенава е лудница! Одамна барав нешто за поголем волумен на косата, т.е. на коренот горе, и конечно го најдов решението. Дава голем волумен, мириса преееекрасно и не ја лепи косата. Мојава е со јачина 3 од 5 (или цврстина, како и да е ), ама воопшто не остава ефект на крута коса. По нанесувањето најнормално си ја сушам и обликувам косата и немам никаков проблем Користам веќе трето шише и ќе продолжам да ја користам. Ја ставам на мокра коса, откако ќе ја извадам од пешкир, а потоа најнормално се сушам и фенирам. Некогаш кога ме мрзи да се фенирам или кога врне надвор, малку ја подзасушувам косата со фен, па ставам од пенава и ја „гмечам“ косата. Многу ми се допаѓа така брановидна, а и убаво ми мириса Ја препорачувам на сите со тенка коса без волумен, дефинитивно го менува изгледот на косата на подобро и не ја слепува. Јас сум презадоволна :up: П.С. На цената не се сеќавам, ама не е скапа во секој случај. Околу 200 и нешто денари ми се чини беше
Пудрава од орифлејм е прекрасна несто нај нај Дијамантскиве моливчиња од авон ги имам сребреното сивото и црното многу се убави и траат цела вечер Сапуновв има препрекрасен мирис мислам дека ке го изедам
За овој месец морам да го пофалам овој шампон од Palmolive,против првут е и прекрасен мирис има напред на шишето има ментол али на ментол ич не мириса.поубаво и од ментол и од се мириса и после една недела косата уште ми мириса на шампонот и што е најбитно мн бавно се мрси косата.гооолееемооо лике за него
Oвој зелениот со пеперминт, и портокаловиот со катран, длабински ја мијат кожата, и плус чистат бубулици, веќе недела ги користам комбинирано, ми се зачисти лицето е сега само малку суво е лицето после миење, малку троа повеќе, ваљда оти ја вадат маснотијата ( ) битно кремче и нема гајле. цена- ко обичен сапун- 70тина денари низ аптеките
Свит ангел цената е 350-400ден. зависи кога како, мене ми се исплатува бидејќи ја порачувам еднаш во 3-4 месеци.
Ниту едно лабело не му е рамно на оригиналниот Вазелин. Им дава многу убава боја на усните, а за негата немам зборови... Ептен го препорачувам!
Покрај веќе фалениот Babylove од ДМ шампонот,на листата го додавам шампонот од коприва на Алкалоид.(Кога само ќе се сетам дека на татко ми му се смеевме што користеше"шампон за баби и дедовци " така го викавме со сестра ми .Си знаел татко ми и ем бил економичен.) Некој убав мирис нема,дури нема никаков,ама ми дава ептен волумен на косата,и ми свети исто толку како со бејбилов.Плус прави и многу пена,само од едно ставање. И дефинитивно кремава за раце.Ем убава,ем ја собира во ташна,секаде си ја носам со мене .
Мислам дека поубаво лабело од ова нема . Прекрасно е, текстурата му е доволна мрсна, стои долго време на усните и има многу убав не прејак мирис , a и не е скапо. Еве после скоро 2 месеци при крај ми е, па планирам пак да си го земам истово ако не се премислам .
За месец декември,уште од сега зошто нема нешто подобро да земам месецов ! Одлична пудра! Презадоволна сум ! Препорачувам за мрсна и комбинирана кожа Навистина не ви треба ни коректор ни подлога со пудрава. Ова одлично би било за оние кои немаат многу време на сабајле да се шминкаат,па со еден слој си добивате изглед како да сте ставиле и коректор и подлога ! Доста покривна е,барем на мојава кожа така се покажа. И исто така,дава мат ефект и ја намалува мрснотијата на кожата! :up: Единствен минус им се нијансите,значи многу се лоши. Претежно СВЕТЛИ,посебно првите бројчиња на пудрава. Јас имам светол тен,и секогаш нијансата на пудрите ми е или првата бројка или втoрата.. Сега ја земав четвртата по ред. Има 6 нијанси,ако не грешам : од 1 до 4 нијанса се со розов подтон,а последните две со жолт. Еве ги нијансите,јас ја зедов Sand 60 Спојлер Мојава нијанса конкретно,вака од сликата изгледа темничка и дека е со жолт подтон ама баш е обратно. Односно светла и со розов подтон,али со се бронзер си се средува се Еве како изгледа кога ќе се размачка на кожа,мојата нијанса:
Феноменално е лабелово, обично само Росал ми е доволно хидратантно и тоа само розевото,а ова е нешто невидено добро. Измислено е за вакви студени денови. Го имам тоа од кокос и многу слатко мириса. Плус бајаги е големо пакувањето,така што се исплати за цената.
Cathrine arley - pudra kamena 6ipolka, pola nijansa temna bronzena pola posvetla mat Prekrasna! Moze da se koristi i bez tecna dole, mn ubavo se vpiva