Не знам немам проверено,ама мислам дека го нема. Дури и ова продавничкава е многу импровизирана,многу мал асортиман имаат,ни фискална ни ништо не даваат.
Оваа продавничката, они се увозници на Вазелин, и да не даваат фискална ама јас се напраив наудрена и си побарав и ми откуцаа сосем друга работа. Ама многу се фини, се ти објаснуваат, мене таа дури ми даде и број друг пат да сум се јавела нешто ако ми требало.
Да не одиме оф топик, продавничката случајно работеше, во комшилук ми е, јас го земав за проба тоа со какао путер, прекрасно е, дава обичен сјај, во план сум да го земам и тоа од роза, за кое ми кажаа дека дава минимален бледо розев сјај. 160 ден. ама 20 грама и големко е навистина. Оригиналниот вазелин си е не за џабе оригинален, нема споредба. Фала девојки. Добар производ.
Млеково и гелот за туширање на Афродита со грозје ми се откритие на годината, а омилен производ на месецов. Прекрасни се, ја оменуваат кожата многу, гелот за туширање е со додаток на улје, мириса многу слатко што ми доаѓа да се гризнам. Млекото е хидратантно доста, ја одрува влажна кожата, лесно се нанесува не лепи и брзо се впува. Гелот за туширање го купив 200 ден. а млекото беше околу 280 ден. и тоа на 20% попуст ги купив, поскапи се инаку ама стварно вредат. Мириса цела куќа кога ќе се избањам и пижамите ми мирисаат слатко на грозје Препорачувам! Исто од Афродита ќе ја издвојам и маската за лице како производ на месецот. На база на термална вода е, наменета за сува кожа. Масна е и хидратантна, се нанесува на лице и се остава 15тина минути, а потоа се размачкува убаво во лицето не се плакне, а утрото кога ќе станам кожата на лицето ми е поеластична, влажна и после миењето дури и да нема потреба да нанесувам крема. Околу 100 ден. е ама има за нанесување 3-4 пати, затоа што јас не нанесувам многу, а ја користам еднаш неделно. И кога сме веќе кај Афродита ајде и ркемата за раце да ја спомнам, ги омекнува рацете и им дава хидратација, не се сушат веднаш после нанесувањето како што е случај со голем број на креми, а мириса преубаво и нежно на бадемче. Дечко ми дури ми вика што парфем си ставила Околу 100 ден. ја земав на попуст. Многу ми се погодија на Афродита производиве, планирам уште нешто за лице да си земам.
Мимс, да знаеш дека нема промашај со производите на Афродита. Следно пробај го гелот и млекото со камилица- плус е со антистрес ефект Инаку за вазелинот, јас мојот го земав од Тинекс и беше околу 150 и нешто денари, не знам точна сума ама тука некаде беше, така што да си знаете дека го има и по големиве маркети .
Сесилија, јас ги видов и ги мириснав сите и си ги поделив на годишни времиња Грозјето за есен, за зима бадемот, за пролет камилицата, а за лето алоето + гелот за туширање е како пилинг и со мелкото имаат разладувачки ефект Кај ми истекна ова незнам стварно Еве ги сите, верувам дека сите се подеднакво добри.
Да ти кажам ми се допаѓа поделбата, значи сега да си земеме со бадем ? Ама за лето има и едни со златни и сребрени светки, нив ги имаш пропуштено И да не одиме веќе офтопик- што и да пробате од Афродита, нема да згрешите .
Лосионот и гелот против акни на Леа од Фитофарм После безброј испробани препарати, комбинацијата од овие два ми помогна да го доведам лицето во ред. Лосионот е малку јак и забележав дека кожата на челото и носот почна да ми се суши и да се прави првут па сега го користам само на пределот на брадата каде што имам најголем проблем со мозолчињата, а остатокот од лицето го мијам со сапун и нанесувам мала количина од гелот. Го препорачувам на тие што имате проблеми со акни, јас ги зедов двата производи заедно спакувани за 220 денари ми се чини.
Од Нивеа имам пробано многу работи ама во принцип ништо не ми одговара. Освен ова Абе споменик ќе и издигнам на кремава. Цело лето ја користев и презадоволна бев. Есента земав некоја друга и се разочарав па си се вратив на оваа. Лето-зима, мене најмногу ми одговара. Имам комбинирана накај мрсна кожа, кремчето брзо си се впива и баш убава и мазна ја прави. Сабајле пред шминкање обавезателна ми е. Да ги поздравам сите што ќе одат во Германија на работа или некаде каде има супермаркети на Шеклер. Тука има козметика на некоја германска фирма, Basic и не можам да ви опишам колку сум задоволна. Имам земено еден сјај и кармин. Сјајот е мат боја, неутрален, трае многу долго и има преубав мирис на ванила. Цената смешни 2 евра. Само мојот не е толку розев. Претходната недела си земав и еден кармин, тој поскап 2 и пол евра. Прекрасна вишна боја, траен дури и без моливче убаво изгледа. Ако имате шанса ич да не му ја мислите, јас планирам да се обезбедам пред идење дома за навек.
Долго време ги бојкотирав Нивеа,од многу причини. Ама откако ниту една крема за која давав и подебелки пари не можеше да ми го расправи лицево,во очај си ја составив комбинацијава. Ми беше целта да ми го исчисти лицето зошто многу почна да ми се исфрла,иако имам комбинирана кожа,сува и нормална и да ми ја хидратизира,зошто очајно почна да ми пука и да ми се лупи,да се иритира,дури и да ме боли од ладното. За зимава супер. Кога ќе затопли ќе ја земам таа за нормална кожа. И ова. Ама не знам што е овој пат,не ми загрева толку колку претходно. Ама супер е,не ми го пресушува лицето,иако е за нечиста кожа,нежно чисти и убаво мириса. Не ми ја иритира кожата.
Маските за лице и силиконските капки на ДМ, ампулите Katozion, сапунот за лице со шеа путер на Dove и бадемово масло... PS: Не само за месецов, за подолго
Морам да ги додадам и овие два, многу ми помогнаа да се ослободам од темните флеки и лузни од акни, претпоставувам затоа што на овој начин се отстранува мртвата кожа. Само што мојата е розова од Џамбо Спојлер Гелов за чистење лице од Green Line го зедов случајно затоа што беше најевтин, а ми требаше нешто со што ќе можам го мијам лицето со четкичката. Се покажа супер, пријатно мириса и не ја суши кожата.
Сапун за бебиња - Беколино Многу нежно мириса, и убаво се мие лицето со него, а на крајот кожата ја чувствувам чиста и некако затегната. 30 ден. Римел кармин на Кејт Мос Уште еден кармин од оваа колекција, прекрасна боја, кармин кој си вреди за секое денарче, многу траен. Нијанса бр.6 која во живо воопшто не е нападна на усни. Меркам уште најмалку 2-3 кармини на Римел. 202 ден. во Космо. http://www.sarahassansblog.com/2012/05/ ... inish.html