Сум заборавила колку е добра! Ставам само на врвовите, стојам 10 минути дур се средувам, и плакнам, помека косава не ми била, за 120 денари пола килограм решение за терсене коса
Naturals од Avon. Пилингот за тело и кремот за тело Кожичкава ми е мека мека мека, нежна... сама во себе ќе се заљубам Мислев дека нема да се погодат бидејќи беа 200 денари ДВЕТЕ!!!
Влажните марамици во комбинација за гелот за раце на Алкалоид,неизбежен состав од мојата чанта.Предобри се Крема за раце од бадем,86 ден од Тинекс големо пакување ,со гратис мало И класичниот гел за туширање на Dove,препорачувам топло :up:
Лабелото и кремот за раце од орифлем ќе си ги порачам пак од новиот каталог,бидејќи нема подобри,барем за мене. А исто така Дав сапунчето и кремот за лице,од коа почнав да ги користам лицето ми се исчисти и немам мозолки. Дефинитивно коа ќе ги потрошам ќе си купам пак.
Oва е нешто најпрекрасно на светот. Хидратантно, со преубав мирис, што дури и облеката поприма и мириса. Го купив и тоа со бадем, и и го дадов на мајка ми, зошто во ова се заљубив. И овој отстранувач на лак за нокти, без ацетон. Пишува дека содржи бадемово и рицинусово масло, а во капчето има крема за нокти. Може халуцинирам, ама мислам дека баш заради употребата на овој отстранувач и кремата, ноктите ми се зацврстија многу, не се лупат и убаво растат.
^Не халуцинираш дефинитивно, и мене од ко почнав да го користам овој отстранувач редовно, ми се средија ноктите, појаки ми се и не се лупат. Обичните отстранувачи што содржат ацетон ги сушат ноктите претерано и затоа предизвикуваат лупење. Да не бидам офтопик, неколку пати го имам видено во темава, ама мене за зима најомилено млеко за тело без конкуренција Eldena од Кам.И најефтино
Rexona shower clean Баш е таква, преубав мирис, на чисто, баш како да си излегла од туширање. Мирис на вода бе иако нема мирис водата :up:
За 99 ден. одлични се шампоните од Балеа. Целата козметика од бадем е прекрасна за зима. Кремот за лице е супер, лосионот за тело многу хидратира, а маслото за капење не ја сиши кожата. Има убав, нежен мирис. Најубавата тонирана крема. Ми ги реши сите кожни проблеми, лицето го прави одлично.
Retread Hair Treatment Mаскава планирав да ја купам одамна,ја земав пред 1-2 месеци и задоволна сум. Hе е како оние типични маски што ја нанесувате и наеднаш е мазна,се лизга на рацете,оваа не е таква дури ке ви се чини дека не ви е отплеткана косата и дека ке треба да ставите повеке. Hо,не ефектот ке го видите кога ке ви се исуши косата,ми мириса онака добро,не е баш нападна миризбата The balm-down boy blush Cупер руменило,има некоја нежна убава а ненападна розева боја. Hон стоп го користам,преубаво е
Дефинитивно купките од КАМ, ацетонот и блазниците за отстранување на шминка на La ligne. Spoiler Од другите не можам да најдам слики.
SuperSHOCK маскарата на Авон, специјалното издание Spoiler Schwarzkopf Ultimate Repair Shamoo Spoiler Портокалевиот регенератор на Балеа Spoiler
Лосионот за акни на Галафарм- ХЛОРАКОЛ. Spoiler не можам да пронајдам слика После толку долго време, се чини дека конечно го пронајдов лосионот за мене. Откако го користам, ми го исчисти лицето темелно, независно што немав некои големи проблеми со бубулици и сл. Многу е јак, малку пржи, но делува беспрекорно. После толку испробани лосиони од наши или странски производители, ова ми се чини најдобро. Го препорачувам на сите!
Lush Twilight гел за туширање - прекраснотија. Мириса на лаванда, опушта, башка интересно ми е капењето со скоро црна купка. Уште една прекраснотија од Lush - Ro's Argan Body Conditioner. Мирисот му е јак кога ќе мириснете од кутијата, ама уз капење е понежен. Иначе после шлакање со купка, се нанесува чудово, се мачкате убаво и после се плакне. И voila! Кожата е прекрасна, мазна, кремаста, мрсна, подмачкана. Како да се изразам, не знам Цената му е астрономска ама вреди! Да го додадам и коректорот на Maybelline Affinitone. Го имав пан стикот на МаксФактор, ама иако сите го фалат мене ми е некако тежок, прекремаст. Ова течно коректорче на Мејбилајн е супер, прекрива одлично и што е најбитно долго се задржува на лицето. Кога го купив немав некаква причина за излагање, а ми беше мерак да го пробам, па си ставив на подочниците пред да влезам под туш. Коректорот не се помери од лицето! Дефинитивно го препорачувам.
Омилени производи за месецот Декември: 1.Парфемот на Кети Пери-Purr 2.Лаковите на Малена 3. Регенератор на Dove Spoiler Од производите на Dove ми се допаѓа само регенераторот бидејќи кремата,шампонот и лосионот ми ја затегнуваат многу кожата и ми ја прави сува 4. Производите на Young Derm -Лосионот за чистење на лицето и кремата за акни од чајно дрво
Дефинитивно пудрата на Ревлон - Колорстеј. Не попусто толку фалена и зборувана. Црното водоотпорно и самоостречко моливче на Римел. Има и сунѓерче за полесно размачкување од едната страна и за 150 ден. не постои поквалитетно марка моливче. Dove гел за туширање од бадем и шеа путер. Пјурли памперинг индид. Преубаво нешто, скапи ми се производите на Дав реално, ама ова одеше на акција со сапун, мрежичка и сунѓер луфа за тело во Веро центар за 245 ден. и не одолеав. Кожата е милина, ништо друго не ја прави помека и помирисна кожата од Дав производ, дефинитивно. Мирисот е пренежен.
Essence Fix & Matte Translucent Loose Powder Само пофални зборови за пудрава во прав. Многу добро матира и фиксира. Ми се допаѓа тоа што нема нијанси туку е бело (безбојно), минимално неприметно осветлува, нема да ве направи дух. Во случај да сте ја утнале (потемна) нијансата на течна пудра со ова одма ќе го решите тоа. Кожата изгледа убаво природно, а не тешко. Цена 269 денари, се исплати и да би го купила повторно. Max Factor shimmer pan stick Го обожавам шајмеров/хајлајтер! Да потенцирам ова не е класичниот пан стик туку шајмер пан стик за лице и тело. Го има само во една бело/сребрена нијанса. Има густа, кремаста текстура и многу лесно се нанесува, размачкува. Го ставам над руменилото и под веѓите. Изглед ала холивудска ѕвезда. Мноооогу добро стои спие на фаца, како се прелива и светка со руменилото ептен убаво изгледа. Можете постепено да го појачувате ефектот од дискретно до ептен гламурозно. Мало е пакувањето но споро се троши. Всушност немам лош збор за ова само позитивно. Цена 480 денари (можеше да беше бар 400 ама си вреди). И нејзиното височество Revlon - Colorstay Веќе напишав опширна рецензија за пудрава кој го интересира може да прочита. Најдобра пудра што ја имам користено! Откако ја имам гледам зошто толку е фалена и рангирана во најдобри пудри. Пудрава е совршенство, перфекција! За сега си ја најдов мојата омилена пудра. Цена 790 денари, вреди за секој денар!
За месец декември: Гел за чистење, тоник и лосион за лице Многу сум задоволна. Го чисти лицето и го прави мазно. Го земав за 129 денари. Парфем Intimately Beckham Го добив подарок. Има преубав мирис и долго трае. Подлога за шминка Young Derm Јас ја имам 6-та. И е прекрасна за околу 90-100 денари.
Eве го Tоников совршен за мене, убаво ја вади пудрата, детално го чисти лицето, дури и шминката ја вади, ако е течен, и не е алкохолен, мене ми е супер бе убаво мириса и нежен е за лице Kремава за раце тело лице, многу е убава, јас за раце ја користам, мојава е само со дедо мраз, оно божиќно,нежно мириса, голема е,400мл