Ме привлече пакувањето во вистински школки и не зажалив, лабелово е најпрекрасно нешто што имам користено. Јас само на лето имам проблем со испукани усни, после само едно нанесување имаше одлични резултати, секаде го носам со себе, внатре има и мало огледалце за полесно нанесување, единствена негативна страна е што со прст треба да брцаш внатре Organic Island Shell Lip Balm
За роденден ми го донесоа и сум презадоволна. Кога ќе се избањаш ја чуствуваш свежината.Долго време го барав и го препорачувам. Оцена 10/10
Clearskin Blemish Clearing Stick од Avon Производов ми е откритие на месецот!! Се изнамачив да најдам пристоен коректор зошто имам чисто лице, па кога ќе се појави некое мозолче одма се забележува. На почетокот искрено не очекував ефект од шминка на Авон, но од овој коректор сум презадоволна. Единствено нешто што успева да ми ги покрие недостатоците и црвенило на лицето, лесно се нанесува и трае цел ден. Clearskin Blemish Clearing Spot Treatment од Avon Го користам за третирање на некои ситни мозолчиња или дамки. Кога ќе го нанесам пред спиење не се суши ниту пак ја иритира кожата. Делува многу брзо и воошто не предизвикува некаква тежина на лицето како други препарати што сум ги користела.
Омилениот ајлајнер.Супер е четчето и многу лесно можам да исцртам линија каква што посакувам. Подарок од блиски роднини.Прекрасни се и парфемот и млекото за тело Секако дека лабелото.Совршено за зимски денови. Второто го дотрошувам. И нормално мојот омилен производ со месеци уназад. Од многу голема помош ми е.
Neutrogena Everyday Repair Body Lotion Најдобриот лосион за тело, доколку имате сува, наместа испукана кожа. Совршен за секојдневна употреба (јас ставам двапати дневно), без мирис, хидрира, а не е мрсен, па само неколку секунди се доволни за да се впие, па да се облечете. За тоа дека нема мирис - мене не само што не ми смета, туку и ми се допаѓа. Може да ставите спреј или парфем по избор и мирисите нема да се помешаат. Уште еден одличен Neutrogena производ (не сум им промотер, жими мајка ). Avon Naturals Milk and Honey Body Spray Авон има многу спрејчиња и сите мирисаат слатко, ама овој ми мириса најслатко Мене не ми мириса на мед и млеко, ами на сончев пролетен ден, убаво во секој случај Essence Ready for Boarding Peel Off Base Coat Откритие на месецов! База за нокти која се лупи. Ќе прашате зошто? Јас, како љубител на светкави лакчиња, имам големи потешкотии при нивното отстранување, особено оние од Essence, ептен тешко се вадат. Затоа си ставаш од лакчево, се впива, одозгора си ставаш светки еден тон, одбегнуваш жешка вода наредните 2-3 часа, а ако сакаш да ги извадиш, само ги лупиш. Е тоа ти се вика мислење за последиците однапред! И за крај моливчињата на Malena, не можев да најдам слика. Си зедов тиркизно за очи и темно црвено за уста и и двете се многу трајни, а многу евтини. Препорачувам :up:
Морам да го додадам овој производ: Тоник за лице Сатва на Алкалоид. Сум се изненадила, ама баш вака. Мошне пријатно. Тоникот за лице содржи колаген и Д-пантенол. Мене ми подарија пакување од оние комунистичките, не од овие софистицираните во нова фенси амбалажа. Прво се изнасмеав, леле Сатва си викам, баба ми користи тоа. Ја извадив шминката со влажни марамчиња, ајде малку викам за проба на памукче... лесен и едноставен, ненападен мирис, одлично ги дочисти остатоците од шминката, а лицето лесно и свежо... милина. И најважно - не пече околу очите. Толку е лесен и добар тоников, чудо едно. Ќе се опремам со залихи и ќе им дадам шанса на повеќе производи на Сатва и на Јанг Дерм.
Конечно најдов дезодоранс со мирис кој не ми ,,скиснува'' за брзо време. Обично најголем дел од нив во почетокот ми имаат убав, фин мирис, ама за недела/две почнувам да се заситувам од нив и ми мирисаат многу тужно и тешко . Ама не беше таков случај и со дезодорансов на Балеа. Го користам веќе подолг период и го земав највеќе ради благиот мирис кој го има. Мераци . На второ место уште ми е лакот за зацврстување на нокти од Авон. Го имам фалено и во други теми, ама морам и тука да го спомнам. Откако почнав да го користам ноктите ми се оправија и не ми се повеќе ниту кршливи, ниту пак ми се делат. Ма го обожавам! Балеа маската за виткана и брановита коса. Најдоброто нешто со кое досега ја имам третирано косава. Нема утка дефинитивно, ми ја омекнува ептен, исто лесна за чешлање и обликување ја прави. Презадоволна сум и од производот и од цената. За 100 денари добивате целосен третман. Додуша, јас месецов на попуст ја земав за 70/80 денари. Планирам да ги пробам и останатите производи од колекцијата. И почесното последно и најважно место ( како демек најдоброто за крај ) го зазема Live на Jennifer Lopez. Долготраен, со примеси на благи ноти, абе убавини! Баш мој тип на парфем. И на листава ги додавам и карминчињата со nude боја што ги земам од локални продавнички со цена најминимална на свет. Досега само еден од нив не ми е погоден, т.е премногу ми е пластичен, а така и делува. Останатите за цената се одлични.
Дефинитивно шампонот, регенераторот и спрејот за виткана коса на Балеа. Ми остана да ги пробам уште млекото и серумот за виткана коса, ама едно по едно, да не претерувам
Карминов на Римел,бр.1 ,преубава боја и одлична текстура има. Лосион на Балеа со бадем , супер хидрира,многу е погоден за сува кожа. И ми има некој релаксирачки мирис,ме одмара кога го нанесувам. Кремчево на Неутрогена за раце. Нема производ до сега од Неутрогена што не ми се допаднал. Феноменални се. Кремава е многу концентрирана и иако е мала тубичката има за преку 200 апликации. Топло ја препорачувам.
Еве ги моите Толку долго го посакував и конечно е мој CK SHOCK, убав, нежен, ненападен, сладок парфем.. Моливчево од Лореал со дискретни светки, тегет боја.. предобро е, лесно се нанесува и трае мн долго.. Си го купив на -50 % за некои 150 ден. од Космо Крема за лице од невен на Афродита - дневна, хидратантна.. предобро нешто за под пудра, како ставаш така се впива (а тоа ми е многу битно) Исто на акција од ДМ 150-160 ден. И уште нешто, лабело од Алверде со невен, за 59 ден. од ДМ. Јас не обожавам мн јаки мириси на лабела, кармини и сјаеви за усни и затоа ми е одлично, убаво ги хидрира усните
Дневната крема на Нивеа за мрсна кожа... Ноќна крема на Еуцерин... Тоник за лице на Clean&Clear... Лосионот на тело на Balea... Кармин на Rimmel... BB Cream на Garnier... Добиено од Дедо Мраз, коректорот на YSL (чуда прави, жими се, од сега штедам за да можам сама да си купам кога ќе го потрошам) И уште еден подранет поклон од Дедо Мраз...
За чудо, карминчево од Орифлејм: Не љубам многу розево, ама ова е со трипл форма, и некако е мрсничко, убава боја е, и најважно од се ми ја хидратира устата, не ми остава линии и е мек. Можеби го испофалив лосионов, ама морам пак. Значи, после секоја искачанка, пмс борба, нервоза, мислам дека кога ќе се поминам со лосионов на памукче, од лицево ми излегуваат сите змејови! Благ мирис, не пецка и не е ни скапо. Супер продукт.
Прајмер Catrice Пудрата нанесена после овој прајмер делува помазно за нијанса и што е најбитно стои така како што ќе ја нанесеш 8-9 часа (можеби и повеќе но јас до толку ја тестирав)...Презадоволна сум што не сум како баба збрчкана кога се прибирам дома (без да се поправам со камена) и мислам дека ќе ми биде хит производ за подолго време...
Rimmel 3 in 1 Powder Blush 003 Autumn Catwalk Neutrogena Visibly Clear дневен пилинг за отстранување на митесери