Најпрво росал лип балм, ова е најновиот иии прекрасен е. Ееептен малку светка што е прекрасно мене лично многу ми одговара. И второ, маскарата Дебора, екстра волум, прекрасна е, ми кажуваа дека прави грутки ама нема врска! Прекрасна е.
1. Балеа камен за стругање пети од сулфур,производ на годината дефинитивно,ненормално добро си ја врши работата. 2. Сјајче од She(моментално на попуст во Дм е) за тие пари е измислено. 3.Лакчињата на Есенс, многу убави нијанси имаат , за трајност уште не ми е испробано баш. 4. Балеа купка за стапала со некои кристали што загреваат,ептен мерак ми направи. Многу опушта и релаксира. Пакувањето е онака ко за маска за коса од оние за една употреба. Штета што не можам слика да најдам.
Дечки ај жити се сликите во спојлер, навистина ми кочи компјутерот додека ги отвори... Нумеро уно - ББ крим на Гарниер за мрсна/комбинирана кожа Спојлер Жими мајка, ова ББ кримовиве се иднината на пудрите, очекувам за 5-10 години сите да се преориентираме на вакви за секојдневна употреба. Го купив како основа за пудра, ама толку е се измазнето откако ќе ставам, што не знам каде би ставила пудра. Изгледа како да имате ставено подлога, коректор, течно пудро и плус како да сте поминале одозгора со пудро во прав/камено. Жими мене. Лесно и течно, се впива веднаш... само пазете од шишенцето, многу е течно и да не ви се случи да ви истече цело наеднаш. Држете го нагоре и нежно притискајте. Перфектно со слој камена одозгора, јас ставам за секој случај и малку руменило.... Изгледа комплетно природно и мнооогу убаво! Крема за раци на Ла лиње со маслиново масло (така мислам дека беше, 60-70 денари од КАМ) Имав една крема од Авон за раци и не ми беше баш по ќеиф... Најслучајно ја земав оваа од КАМ, зелено пакување и е зачудувачки подобра од Авон, ако е поевтина. Не можам да најдам слика. Значи измазнува, многу убаво мириса и плус не се случува за саат-два пак да ми бидат суви раците. Производиве на Ла лиње дефинитивно немаат утка. Крема за лице Деба за нормална/сува кожа со краставица Интересно продуктче за 40 денари , 50мл, што си го купив скроз случајно а испадна баш фино. Супер е за пред шминкање, најмногу ради тоа и го земав, ми ја навлажнува кожата и полесно е за шминкање после. Мноооогу убаво мириса! Не можам и од ова да најдам сликичка, ја има по сите маркети. Лаковите на Голден роуз со макси четка Спојлер Значи немам подобри лакови сретнати од на Голден роуз, реков дека веќе не купувам други. За тие пари, феноменални се. Овие новиве макси браш, ставаш еден слој и мислиш дека веќе двапати си си ставил лак. Е една грешка направив јас, ставив само еден танок слој и ми се излупи за 3-4 дена. Обично лаковиве на Голден ми стојат загарантирано по една недела... Можда и така ми се погоди. Ла рив парфеми, Њу уоман Спојлер Парфемчињава се многу интересен феномен. Ги имате по разни парфимерии, од 250-400 варираат со цена, во зависност од милитража. Си го земав Њу уоман откако цимерката ми го препорача и пријатно се изненадив од трајноста. Алиштата мирисаат додека не ги исперам, јас мирисам исто многу долго. Е сега пазете, има некои чкљ копии, овој мојов мислам на Кристина Агилера е, и океј е, ама повеќето што ги душнав маваа на лимон и лимонтос .. Нареден на листа ми е Дрим, розово кутиче и шишенце беше, ако не се лажам. А да, многу глупав дезен имаат кутииве, не им судете по тоа. Потрајни од сите на Авон/Орифлејм.
Еве и од мене некои нови производи, кои во моментов живот ми значат И простете за километарскиот пост 1. Коректоров на Гош Cover Corrector Stick Спојлер Ова не ми е омилен производ на месецот, туку на деценијата! Го пронајдов сосема случајно пред некои 2 години во Космо, и оттогаш не престанав да го користам. Го купувам веќе 5-ти пат и по 5-ти пат повторно се уверувам дека е најдобар. За под очи е, и дава таков инстант свеж ефект кога ќе се нанесе - нешто невидено. Има ептен, ептен ситни светликави честички, па ја одбива светлината и не се познава ни подочњак, ни бутур. Ме има спасено и во најкритичните бессони дни Текстура - одлична, кремаст е и ептен лесно се размачкува, покривност - феноменална, а трајност - без проблем ми стои од утро до вечер. Кој бара добар коректор за под очи - гоу фор ит, нема да се покаете Цена: околу 200 денари, зависи каде го купувате. Јас најчесто од ДМ го земам и мислам дека таму е најефтин. 2. Молив за очи со светки davisEYE waterproof Спојлер Противник сум на секаква евтина и пазарска шминка, од причина што сметам дека вреди да се вложи во квалитетен производ кој се нанесува на лице и очи, како пудра, маскара, молив за очи итн. Бев во Базаро пред некое време и случајно ги здогледав моливчињава. Видов дека се со светки, а многу љубам моливчиња со светки и беа некоја смешна цена, 20-30 денари, па си реков ќе земам да видам што чудо е. Луѓе, кога го пробав дома, ваква останав Моливчево е одлично, море феноменално е! Темно сиво имам јас и моето не е двострано како овие на сликава, мада имаше и двострани во Базаро. И најмногу ми се допаѓа што има ситни светки во него, прекрасно изгледа на очи. За Нова Година баш ставив од него и ми издржа цела вечер без проблем, и тоа без база. Не се размачкува, меко е и лесно се нанесува. Имаше секакви бои, па кој бара убаво моливче со светки, му го препорачувам ова. Вреди тродупло повеќе отколку што чини :up: 3. Кармин High Performance на Артдеко Спојлер Преубав е, јас ја имам нијансата на сликата (бр. 482), некоја убава загасито розова/виолетова нијанса. Од поодамна ми е купен, ама зимава интензивно го користам. Сакав потемна боја на кармин, ама бидејќи сум плава и прилично бела, не ми стојат многу темни нијанси, па во Шатци овој ми го препорачаа. Ми се допаѓа премногу, и баш ми одговара на тенот и бојата на косата. Чинам околу 690 денари беше, ама вреди. Артдеко е Артдеко. Текстура - сон, трајност - одлична, пигментираност - одлична. Само еден слој дава иста нијанса каква што е и карминот, нема потреба од повторување 4. Руменило Артдеко (Artdeco Blusher no.24) Спојлер На сликава можеби темно изгледа, ама не е такво. Многу необична нијанса е, нешто помеѓу кафено и виолетово иако на сликава делува кафено. Ама прекрасно изгледа на лице. Премногу е пигментирано, па треба да се внимава при нанесување. Јас само со еден потег со четката ставам и на двата образи. Многу ми се допаѓа. Најчесто за навечер го користам, зошто има така поладен тон, исто како гореспоменатиот кармин. Цена - околу 400 денари. Трајност на лице - дури и повеќе од што е потребно
Avon supershock gel eyeliner Forever in love Најдоброто моливче до сега,дури заменува и туш.Многу попрецизна сум со него,правам одлична линија на горниот капак.Плус е многу трајно,дури и заспав со него и линијата си беше на свое место.Единствен downside ми е тоа што доколку го ставам доле во окото,многу ми солзат очите што не е случај со други моливчиња.Но како и да е,ме фасцинираше моливчево,одлично е :up:
Чудна сум јас.На моменти не го поднесувам мирисот на кокос,а на моменти се губам во него.Периодов опседната сум со овој производ.
Иако веќе долго време користам дав,и шампон и гел за туширање,стик,дезодоранс и не ги менував,овој месец решив да пробам нешто друго и не погрешив.Презадоволна сум од шампонов Батко Ѓорѓија прва прилика одење во Скопје право во ДМ и последниот на рафт го земав,фантастичен е,а цена 95 денари,криво ми е што не си купив и лосион за тело Најдобра фарба за коса во последно време,зборувам за црнава,стварно е топ Купив и од многу фалените влажни марамчиња од КАМ,за 55 денари се одлични за вадење шминка. Нивеата ја сменив со Гарниер и задоволна сум. И последно омилено за месецов Кејт Мос 11,пишав за него и на друга тема
како продукт на месецот би го прогласила PAVLODERM MILK :up: :up: :up: :up: млеко за тело наменето за деца.. го користам и за тело и за бришење шминка на лицето за разлика од бекутанот, од ова млеко не чувствувам печење околу очите + и малку е погусто.. Брзо се впива во телото, има ок, неутрален мирис. Цената, повеќе од одлична.. 200мл за 70-75 денари. месецов потрошив 2 пакувања и повторно би го купила
Презадоволна од шампонот Pantene aqua light, косата добива убав волумен, пожива е некако, и поретко се мрси. Моментално го користам второто пакување Откритието на месецот пастата за заби Kolynos fresh gel, поевтина е за разлика од signal, colgate и слични а дава чуство на свежина преку цел ден. Првпат ја користам а многу сум задоволна Млекото за тело Бекутан, одлично ја хидрира кожата во зима И за крај карминот на Аура, број 915, roseberry red (неможев да најдам слика) П.С. незнам зошто не ги отвара сликите, ама можете на десен клик и open image in new tab
За месец декември: 1. Crest паста за избелување на забите. Mногу подобра од Колгејт и слични. Ја препорачувам. 2. Neutrogena течна и минерална пудра, како и oil-free навлажнувач за лице. Прекрасни се пудрите мене од Америка ми се донесени, ќе биде проблем ако не можам да ги најдам кај нас или ако не се со ист квалитет што не ми чуди ама ич. Одлична линија за проблематична кожа, топло препорачувам. 3. И за крај Colour Institute палета со сенки и сјаеви за уста во милион различни бои. Си експериментирам со боиве, прекрасни се. Е вакви, не можев поасална слика да најдам. Ќе ги сликам моите кога ќе сум послободна.
презадоволна од фарбава за коса , и бојата излезе супер а фарбава мириса на цвеќиња не како некоја друга да те угуши..
Еден од моите омилени продукти е ацетонот на la ligne, кој секогаш е дел од моето козметичко катче. Презадоволна сум од овој производ, кој има ниска цена но добар квалитет.
Сапунов го користам неколку месеци наназад и немам никакви забелешки. Многу убаво мириса, свежо и некако долготрајно, а и убаво делува на кожата. Јас лично го користам за чистење на лицето и шминката, а понекогаш и после миење на телото со лосион, поминувам со него и навистена е супер. После неколку месеци секојдневна употреба, не планирам да го менувам.
Еве ги и моите омилени продукти: 1. Balea млеко за коса кое штити од топлина со манго и алое: Прекраснотија! Косата ја измазнува, го олеснува чешлањето, и‘ дава некој сјај - како да имаш најнегувана коса! Јас ова го ставам после секое миење зошто ми мириса многу убаво. Купено: во ДМ Цена: 150/160 денари е регуларна цена, ама јас тогаш ко го купив овој производ беше 20% намален, така да го купив за точно 129 денари. 2. Kate Moss Rimmel Lipstick, 01: Бојата е совршено црвена, зависи која како си милува, но јас конечно си го најдов идеалното карминче. Планирам да си го проширам козметичкото катче со уште вакви карминчиња на Римел, кои траат се додека “принудно“ не ги избришиш. Купено: ДМ Цена: 200 денари 3. Avon glimmersticks diamond eyeliner: Конкретно, јас го имам сивото и ми се допаѓа како моливчево остава дискретни светки, кои мене како девојка со црни очи ми стои убаво. Си се свиѓам со моливчево. За трајност, ОК си, држи доволно, на пример, 5/6 саати. Купено: Авон Цена: 159 денари (цена на попуст ) 4. Gosh LipGloss, (со огледалце и светло): Знам дека производов не е нешто ново, но мене ме фасцинира светлово и огледалцево. Сјајчево го најдов случајно низ несесерот на мајка ми, ми одговараше боичката го отварам да ставам и вака останав: ! И не само тоа, туку е густо, потребно е многу малце да нанесиш и трае, трае, трааааеее, испробано! Јас го имам последното, златно/кремаво. Купено: локална парфимерија Цена: / Толку за сега. Верувам дека наскоро ќе ја надополнам листава.
Дефинитивно Павловичевата маст оригиналот , Асо дерм сапунот и бекутан влажните... Не знам како сум живеела до сега без овие продукти
Не знам зошто им откажав љубов на Генера производите, одлични се за тие пари! Вообичаено го користев Јанг Дерм лосионот, ама откако ми се потроши и отидов да си купам нов, го поземав овој на Генера и решив да си го земам. Не е многу јак, ефтин е, а она што најмногу ми се допаѓа - за разлика од Јанг Дерм, не содржи алкохол. Го употребувам пред спиење, после спиење, пред шминкање, после шминкање... имам комбинирана кожа (на т-зоната ми е мрсна), па често го чистам лицето со него. Млекото го користам за чистење шминка и досега и тоа се покажа одлично. Парфемче за оваа сезона После Little Black Dress, ова ми е второомилено. Има прекрасен, траен мирис, а пакувањето од 30ml е практично за во чанта
Oriflame Happy Skin / Body cream with pumpkin seeds for extra dry skin За раце и тело, за екстремно сува кожа кремата е совршенство. Има некој толку убав мирис, поразличен од сите други кремчиња од ваков тип. Мајка ми ми донела бабачко пакување на попуст, а јас не ги мирисам баш Орифлејм, ама ова е љубов. Брзо се впива, не остава масни траги, а мирисот пак ќе кажам е уникатен. Vitaskin cucumber cleansing milk / oily skin Прво, немав видено Витаскин производ на Крка со години наназад, а порано користев и тоник за лице како помала. Случајно ги видов во Рубин, и земав едно за проба. Па го мириснав, ми се виде некако неубав мирис, па мислев да не му е истечен рокот, иако етикетата му е уредна... си стоеше така 2 недели, и го испробав конечно. Резултатот за тие малку пари (околу 70 ден.) е беспрекорен. Откако ќе ја симнам шминката целосно и ќе си го измијам лицето, се поминувам со млекцево и уште вади нечистотија. Лесно е, не остава непријатно чувство, едноставно го чувствуваш лицето чисто. Нема некој парфимиран мирис, ама не е ни важно, мене ми е најбитно да делува.