1. Галафарм - Ореово масло Го користам за косата. Ептен сум задоволна како ми ја прави. По неколкуте пати на употреба веднаш некако ја приметив како ми е помека, и пред се повеќе не ми изгледа до толку распуштено. И дава преубав сјај и боја. 2. Дов шампон и регенератор за оштетена коса По препорака од неколку феминки на форумов, решив и јас да го пробам. Ах..колку прекрасно мириса, а штом јас сеуште после неколку дена го осеќам, а работам во смрдливо место каде 24/7 се пуши цигари, немате гајле. И 5-ка за регенераторот, кој многу ми помага во расчешлување на косата..
Прекрасен,дури подобар од старата сина купка. :up: Изненадена од овој шампон. Го зедовме на шала со него,за да користиме еден шампон и ајде го грабнав овој. Косата ми е природно виткана,суви врвови. Со него и локните се добри,не е така сува и си го заджува обемот доста време. :up: за овој период на суви и испукани раце
1.Сапун Dove Па зошто не кажавте дека подобро нешто за лице нема Инстантно ги тргнав од полицата сите Nivea,Neutrogena,Balea....ма се што имав.Почесно место давам на овој сапун,кој е совршен за мрсна кожа.Никој така не ми го исчистил лицето,за само 69ден.Плус мазно,а пак за мирисот што да кажам ,незнам кој не го сака мирисот на чисто 2.Крем за лице Dove Во комбинација со сапунот,милина Само дека е малку помрсен го ставам на сувите делови,а на мрсните стандард -Здраве 3.Rimmel кармини Пробав 3 нијанси и задоволна сум.Мат се,и се задржуваат долго на устата,а и супер нијанси имаат,за 200ден,суперишка 4.Го пишав и минатиот месец,ќе го пишам и сега Шампон од коприва,некои 70ден После месец,два користење(секојдневно) косата малку ми се згусна и почнаа да ми се враќаат локните кои ги изгубив Гледам после секое миење волумен,и ако верувате овие 2 месеца косата ми е средена,само малку пена и ок е,пеглата ја заборавив и многу ми е мило. Да додадам и дека мирисот е сосем ок,на чистина,и дека после миење косата свети како да имате најскап шампон купено.Не е секогаш колку пари -толку музика
За месец Јануари. 1.Little Black Dress Го обожавав мирисот а ова беше евтино а и плус ми требаше па реков дај да видам. Се покажа мноогу добро 2.Paintbox w7 Palette. Спојлер не сум сигурна за името Ја добив поклон од Австралија има 77 бои, и останав воодушевена колку се убави боите 3.Golden rose - Mega shine & Volume Lipgloss Не е совршено но за сјајче го бидува и остава нежна боичка
Супер е кремава, ми ја освежи кожата, ја остава мека и мазна. Многу сакам да ја нанесувам има некој разладувачки пријатен ефект. Досега омилена крема за лице ми е.
Aфродита кремите, линијата невен, одлични за секаква кожа, навлажнуваат, потхрануваат, посебно ноќната, а не се скапи, всушност најевтинки од Афродита, но презадоволна!
Многу ми е криво што никогаш порано не ми текнало да го пробам коректоров, обично не ми се допаѓаат овие со четкичка ваква што имаат - затоа што откако ќе ми се потроши повеќе од половина, останатиот дел не можам да го соберам убаво со четкичката и пола фактички го фрлам. И сега си викам морам да му дадам шанса, кога го пробав на тестерче од прва ми се допадна, а ретко кој коректор, пудра или што и да е, ми се целосно погодени на лицево. Јас на цело лице се шлапам , ептен убаво ми го прави, ниту црнка, ниту флека или било што ми се гледа. Препорачувам вреди за секој денар. Maybelline Affinitone Concealer Спојлер Моливчево за уста на Есенс, за 75 денари ми е супер. Обично повеќето од моливчиња за уста што сум ги користела досега ептен ми биле ,,тврди'' и изгледаат ептен неприродно на мене, а со ова баш спротивното е. Спојлер И тука спаѓа и едно бело моливче за очи од Авон. Не можам да го најдам на сликичка, исто така и други така ситни тракатанци, да не ги набројувам. И стандард витаминскиот шампон на Балеа, за 100-ка месец ипол мијам коса, а јас како што мијам на еден ден ( а некогаш и секој ден ) презадоволна сум и од цената и од квалитетот.
За месец јануари: Avon care - intensive moisture - lip treatment Becutan хидратантно млеко Young derm лосион
Маскара за „издолжување“ на трепки на Virtual Одлична за се' И: http://www.rudyprofumi.com/homesm_en.html се отепав од барање и го најдов само на официјалната страна. Никаде го нема на слика
Карминов од Rimmel London - Kate Moss, бр. 111, од онаа линија во црвена амбалажа што се. Скроз ми е погоден - мат, траен, одлична нијанса на црвено и мириса многу убаво и слатко, го нема оној тежок класичен мирис на кармин. Спојлер И овој гел за туширање од Афродита, од грозје. Мириса на лижавче, го обожавам. Поскапи се производиве од Афродита, тоа да, ама вредат... Спојлер
Од повеќето производи кои ги купив во текот на Јануари ,ќе ги издвојам овие 3: Gliss спреј за коса.Ептен ми помага во расчешлување на косата,а и има многу пријатен мирис.За прв пат го користам и немам намера да го сменам,убав впечаток ми остави Dove сапун за лице.Со оглед на тоа колку е загаден воздухов,после секое излагање се осеќам како лицето да ми е полно со нечистотија.Свеж мирис и уште поубави резултати,дури не ми се појавија ни акни во тек на ПМС И на крај,фамозниот црвен кармин на Kate Moss.За него нема ништо да кажам освен дека е совршен!
Подолго време седеше недопрен, некако ми изгледаше дека не чини, а го немав употребено ама сега незаменлив ми е.
1. Avon силиконски капки за коса Спојлер ги користам после пеглање за да го спречам електризирањето на косата. Покрај тоа што помагаат за таа намена, ги прикриваат и разцветаните врвови. 2. Oriflame Very me кармин Спојлер Преубави кармини. Убаво стојат и пуштаат убава боја. Не се мат ами даваат сјај. Во претходниот број имаше 2 за 100 ден.
Шампончево го купив на попуст околу 160 денари, 500мл е, малку бев скептична ама викам шо, ако не алишта ќе перам со него, и испадна одличен. Имав дел на косата кај темето што ми беше сув и ми се разлетуваше, а шампонов ми го реши тоа. Мојот е наменет за сува и оштетена коса, нема некој јак мирис, доста е хранилв за косата и ја омекнува. Откритие на годината ми е, се прашувам како сум успевала да си ја сичешлам косата без ова чудо. Сега со еден потег се чешлам, кубењето влакна ми се намали за 99%. Покрај тоа ја скорува косата, нема летање, правење суканици и тутки ни на најголемиот ветер. Го препорачувам! Неможам да го наречам бронзер ниту руменило, се нарекува бисерна финиш пудра (така го најдов на нет). Не е битно, битно е дека се нанесува со четка за руменило на целото лице го изедначува тенот, му дава сјај на лицето и здрав изглед. Не делува нападно и вештачки, а секоја течна пудра нанесена под него ја прави совршена. Јас го нанесувам после пудрата и коректорот, не користам камена пудра и ова ми доаѓа како финиш. Врз него може да се нанесе руменило бидејќи не остава боја, остава само нежен сјај. Го има и на кафено-златна нијанса, мене оваа ми беше поприродна. Го купив околу 550 денари.