Спојлер Moливчето со број 49 Купив дватри кармини со нуд нијанса, или е премногу блед, или премногу кафеав, или премногу розев, па случајно го видов ова на сталажа, го зедов и сега комплетно ми заменува кармин кога ми треба ненападна боја на уста На сосем малце лабело, ја врвам целата уста со моливчево, ем ја добивам посакуваната нијанса, ем трае цела вечер, и тоа со активни бакнежи Спојлер Маслиновото масло, покрај што ми е омилено за салати, овој месец ми е најубавото нешто што сум го ставила на коса, после онаа катастрофа со фарбање Ми го излекува скалпот, ми ги омекна изгорениците, лесно се измива со бебешки шампон, косата не ми ја измрси воопшто(иако очекував дека ќе ми се мрси уште повеќе, напротив) и сега имам буквално пресјајна коса, лелеава, мазна и скротена Е ваква ми е (добро, мојава пократка малце ) Спојлер Така да, мојот омилен продукт за убавина, е всушност продукт за јадење
После долгото барање на овие две нијанси на кармини, конечно се во моја сопственост, дефинитивно најомилени продукти за овој месец а сигурно и за понатаму
Нов месец нови омилени продукти. 1. ББ кремот на Гарниер -Совршено нешто ако немате проблематична кожа,убаво го изедначува тенот и ги сокрива малите недостатоци. Јас ја земав таа за сува кожа и одлична е.Дава свеж и здрав изглед на лицето. Спојлер 2. Кристали на Балеа за нозе -Супер се за ладниве зимски денови,ми ги загреваат стапалата и ги потхрануваат.Јас сум манијак за вакви работи за нега на стапала. Спојлер 3. Римел кармин бр.6 -Многу ми се допаѓа нијансата на карминот. Траен е и хидратантен. Спојлер тој во средина 4.Есенс лакчиња -Многу убави нијанси и долго траат. Само цената не ми е ок,не ми се даваат сто и кусур денари за лак. Ама ајде мерак ми беше па да се почастам. 4.Мејбилајн маскара -Има одлично дизајнирана четкичка, ги подигнува и ги навиткува трепките. Една од најдобрите маскари што ги имам пробано. Милион пати е фалена на форумов,ама дури сега ја пробувам. Спојлер
Маска за лице со бела глина на Балеа. Спојлер Бидејќи сум буквално приморана после неколку часа да тапкам со палома врз лицето и да го соберам вишокот маснотија што ми се лачи, купив една од овие маските на Балеа за проба. Оваа е двојно пакување, 55 ден. за екстремно лачење на маснотија, со бела глина. Навистина фина маска. Не се стврднува камен како некои, се нанесува на чисто лице и се остава да дејствува 15 минути. Се мие со млака вода. Лицето е чисто и освежено. Економично пакување, доволно за 2 пати. Би пробала уште некоја, видов и со алое вера и краставица мислам. ББ крем на Гарниер Спојлер Прво го утнав. Лилит и Дузи беа сведоци на мојата голгота со ББ кремот. Купив од првичната верзија, а тој да ми ти бил за сува кожа. Па и медиум купив, а тоа на мојата кожа изгледаше како да сум се подзаборавила во солариум. Ко некое масно тенеќе бев. После ја поправив грешката, си го купив за комбинирана и мрсна, светлата нијанса. Многу фино, презадоволна сум. Инстантно освежува лице, корегира подочњак, дава природна нијанса, и како за тонирана крема, издржува и подолго, отколку некои пудри. За 300 ден. 40 мл се исплати и тоа како. Препорачувам. Течен сапун на Алверде со карамел Спојлер Се вљубив во мирисот, и морам да ви признаам дека го користам за тело, наместо за раце. 100 ден. 300 мл, и ќе си грицнам од газот што е limited edition. Се` што има мирис на ванила и карамел ме привлекува инстантно. Голден Роуз лакчињата со светки. Сите ги сакам. До едно. Фаворит - бр. 116. Спојлер
Garnier BB cream Balea Entspannende Nachtcreme mit Reisöl Avon Care Intensive Moisture Lip Treatment AVON GLIMMERSTICKS Diamonds Eye Liner - BROWN SUGAR Maybelline "Colossal" Mascara
1. Balea Power Volume Mousse - Пена за коса Кренав раце јас од пените за коса зошто сите до сега што ги имам пробано ми ја правеа косата тесто, слепена и до вечер веќе мрсна се до пред некој ден кога ја пробав оваа. Многу погуста структура, без некој мирис и веднаш се впива во косата. Дава некој благо "влажен" изглед, волумен кој трае цели 2 дена и преубава брановидна фризура. Мене косата природно ми е таласеста, густа и нескротлива доколку не е пеглана, но со пенава добива ептен добар облик и романтични локни. 2. Balea Urea Fußcreme - Крема за стапала Кремава веќе неколку месеци ја користам и сум презадоволна, се покажала како најдобра до сега. Мене зимно време потешко ми беше одржувањето на стапалата зошто постојано се затворени и ми стануваа груби, но оваа дава негуван изглед и влажност која трае подолго време. Има пријатен и лесен мирис, иако се препорачува користење два пати во денот ја ставам еднаш зошто е долготрајна, а за повеќе немам потреба. Не ја менувам за ниту една друга, најдобра е. 3. Alverde Haarkur (Aloe Vera Hibiskus) - Маска за коса Прво ја купив оваа, но после толку фалење на форумов ја земав портокаловата со кајсија и ја забаталив се додека не ја потрошив втората. На мојата коса дефинитивно розевава одговара многу повеќе, ми ја прави понежна, помека и многу полесна за расчешлување и обликување.
Одамна го меркав и го начекав во авон 2 за 500 ден. Јас се навлеков на чудово колку убаво ми мириса тоа е чудо и мм почна да го користи ПРЕПОРАЧУВАМ
Овој месец 1-Ново откритие дирекно од ДМ маркет маслен отсранувач за лак за нокти (без ацетон)практично пакување преубаво го вади лакот со еден потег и нема јак мирис нежен е со ноктите 125 мл мислам беше 80-90 ден 2- Пудрата на лореал ролл он значи прекранса покривност некоја убава текстура едноставно прекрасна едниствено што не ми се допадна е незиното не баш практично нанесување со сунгерчето.И лакот на лореал прекрасен стои и повеке од 7 дена без да мрдне на акција во космо двете за 780 ден.
Ултрапрецизен и квалитетен туш, меко четче и според боја на очи. Со еден потег остава точно колку што треба и голден роуз може вода да му носи. Течно руменило, јас го користам и на образи и на усни и ништо ми нема толку дискретен и природен изглед дадено до сега. Мразам шлапано руж со четка од км што се гледа и уште се жалат не им пуштало или не траело цел ден, кловнови. Ова е нежно, со прсти се втрива и не мислам да го менувам. Појдов по Лореал бб уствари, и она е ѓубре тешко. Не можев да го доисчистам портокаловото, помранџасто значи ми оставаше, одвратно. Тргнав да разгледам друго од бб што има и Буржоа беше спас вистински. Многу елегантна кутија, ротирачко огледало, а пудрата е неам зборови. Да ја користам некое време редовно мислам толку ќе биде од течните, многу ми е поубава оваа. Повеќе изедначува отколку што покрива, ама баш затоа и ја сакам. Уште не ми се верува дека од овие четките најубави излегоа, имам уште една потенка, од оваа сум подеднакво задоволна. И едно лабелце, за нон стоп шлапање.
Сега за сега: Десна страна essential balm, кај нас попознам како тигрова маст. Ова месецов два пати ми го спаси желудникот од апчиња против главоболка
Ја прочитав Мимс, и не погрешив што го земав! Нешто најпрекрасно што имам купено и пробано на мојава коса. Без проблем ја чешлам, има сјај и за разлика од Глисот, овој 1000 пати повеќе вреди. Го земав од Космо 230-240.
Производов веројатно и не спаѓа тука, меѓутоа дома ни е откритие на годината. Омекнувач Lenor Parfumelle Aлиштата сеуште мирисаат на него по неколку пати носење, а мирисот е преубав. Цената е околу 220 ден. (ако добро паметам), литар ипол. Вреди за секој денар.
1.Натуралс шампон - авон Значи шампонов го пофалив и во соодветната тема и ви кажувам повторно за 99 денари ( помалото пакување) вреди! Косата по три дена не ми се мрси. Препорачувам. 2.Натуралс крем за лице мед и млеко - авон Кремот ми е откритие.Соврешно мириса , одлично хидратира, мирисот трае и се најубаво имам да кажам. 3.Super extend маскара - авон Во комбинација со виткач за трепки е совршена. Сама по себе не ја бидува ама како што кажав со виткач делува одлично. 4. Skin so soft спреј за тело - aвон Да се разбериме за посебни прилики, ама е соврешен , совршееееен. Многу ми се допаѓа.Дикретни светки, убав мирис, трајност ... 5.Rosal - so naturals лабело Ова лабело со месеци уназад го користам и никако да ми се здосади.Ми има и погоден мирис, вкус, трајност, боичка..Супер е.Омилено на годината ! Спојлер Се гледа дека авон ми е омилен
За овој месец ќе ги издвојам : Артдеко Камуфлаж Крем - Коректор Долго време го меркав, го посакував за конечно да си го земам и навистина е така како што го опишуваат.. многу е покривен и со еден допир со прстот има доволно за да го покрие цел подочњак (а ова малечко прцле од кутивче мислев дека ќе трае едвај еден месец, а на моја голема радост изгледа ќе е подолго) Цена 384 ден. во Космо.. Дове гел за туширање Убав мирис, пена колку сакаш и мека кожа... Колосал Мејбилајн маскара 100 % Блек По не знам кој пат да ги испофалам маскарите на оваа фирма, нема утка, оваа ја земав пред некое време, ама еве и дојде редот за да се отвори... убава густа четка, волумен и трајност многу долга (не исчезнува за 2-3 саати) Коприва Шампон Алкалоид Веќе второ пакување користам, а редовно ги одминував на рафт во маркет, ама по позитивни мислења тука на форумот викам ај да го земам.. и е одличен за мојава тенка коса.. ја прави чиста и дава некој убав сјај а и смешно ефтин 60-70 ден за 1 литар..
Официјално, peel-off маската за лице од Балеа. Ја купив зошто имам користено иста од Нивеа и сакам пил-оф маски, а оваа е доста поефтина. Ефектот е пре-кра-сен! Лице бебешко мазно, пори стегнати, мат изглед, совршенство за комбинирана кожа. Инаку во составот има и алкохол, баш се чудев на мирисот, ама за еднаш неделна употреба нема штета. На пакувањето си пишува по потреба и до 3 пати неделно, ама многу е тоа. Хинт: за подобар ефект нанесете ја после туширање/миење на лицето со топла вода или стоење над пареа, за ефект против црнките Исто како пилинг само без триење на кожата и без суви делови одпосле.