Ова е мојот продукт на годината Камена путра од Golden Rose.Би било малку ако речам одлична е .Сум пробала секакви течни пудри но бидејќи имам мрсна кожа тие само дополнително ја правеа помрсна и се чувствував како да се гушам (па и како шо се потам во диско,ужас ) .А сум користела секакви од Carlo di roma , пенеста пудра на Maybelline, miss sporty па што уште не и која од која полоша.Од оваа дефинитивно се преродв, и тоа само за 78 денари.
Long time no see, ха? Е, тоа ти е рецесија. Па, да почнам со омилените за месец февруари. Тафт пена за коса По којзнае и кој пат, морам да ја спомнам мојата најомилена пена за коса, со чија помош ете веќе неколку недели шетам убави ретро-локни, а ја имам најправата и најкрутата коса на светов. Најважно од сè, е тоа што не ми ја слепува косата воопшто, а ставам прилично многу. Дури и мајка ми почна да ми краде по малку, а таа беше најголем противник на пените и чудесиите за стилизирање на косата. Rimmel Stay matte pressed powder, 003 peach glow Па, се важи, иако ја купив скоро. Имав прилика да ја тестирам низ топлотен бран и гужви, па се покажа ептен солидно - неочекувано, ама сепак ме изненади позитивно. И претчувствувам дека ќе се дружиме уште долго. Им ја препорачувам на сите оние кои имаат комбинирана, па и мрсна кожа. А, да напоменам дека не го дава тој ghost-ефект во огледало (па и на слики) и многу е нежна. Vaseline, pertoleum jelly Мирисот на кокос ме потсеќа на оние нашите гроздова маст, на Галафарм ли беа, Фитофарм - немам поим. Исто ср**е, различно паковање работава. Ми се допаѓа тоа што не ми ја прави устата бела откако ќе се впие, ами останува така мекана и бледо светлуцава. Не остава никаква боја, само дава некој нежен и природен сјај. Малку ми е непрактично пакувањето, посебно сега кога ми е преполовено - немате поим какви акробации правам со устава за да достигнам до вазелинот. Лосион за лице, Doctor's plantago Случајно го приметив во локален маркет, ми падна в око цената - 70 денари за 250 ml. Ми се допадна и мирисот, па си го купив. Ептен ми беше сомнителен, зашто имав една крема која ме зезна така убаво, ама ова е чудо. Го користам цел месец и немав несакани резултати. Толку е хидратантен, чудо некое. После миење со сапун или гел, наместо крема нанесувам од лосионов. Многу е нежен, убаво и темелно ја чисти кожата и не остава мрсен сјај како повеќето хидратантни лосиони со кои сум имала искуство. Rimmel stronger зацврстувач. Љубов од прво лакирање! Периодов имам некој проблем со ноктите, па постојано ми пукаа и се луштеа. Ставав секакви нискобуџетни зацврстувачи и веднаш другиот ден имав пукнатинки и листови под слојот лак. Решив да земам нешто поквалитетно, што држи вода, па ете овој ми се допадна така на лик. Не беше баш ефтин, ама како што гледам, така се движат цените со сите зацврстувачи од да ги наречам, поквалитетните фирми. Има многу убава формула - розеникав е во шишенцето, па и на четката до некаде, ама штом го нанесете на ноктот е безбоен и има ситни, микроскопски светки кои не се ни приметуваат. Не ми се испукани ноктите денеска, нема пројавено некакви знаци на можно листање, па ќе почекам уште недела-две, се надевам дека конечно ќе го имам посакуваниот резултат, зашто зажалев за долги ноктиња, а богами и лепи се пожали дека заборавил какво е чувството кога го чешкам со моите ноктиња.
Кармин од Авон од колекцијата color trend. Прекрасен е! Кремаста текстура, силна боја и трае ненормално многу, на почеток има сатенски финиш а потоа мат финиш. Значи и да јадеш и да пиеш и да се бакнуваш и да го триеш си стои на место. Најдобрите 120 ден што сум ги потрошила во мојот живот!!! Преубава формула, го користам не само кога стилизирам косата со топлина, туку и кога ми треба да замазнам некое влакно во репчето. Маскарава од Eveline cosmetics. 200 ден ја земав, значи ги издолжува трепките ненормално, ама малку ги згрутчува онака една со друга, затоа ја користам во комбинација со One by one од Maybelline. Прво One by one да ги раздели трепките а потоа оваа да им даде должина Дечко ми го користи овој и бидејќи сме цимери, еднаш ми снема шампон земав од неговиот, многу ми се допадна и јас си го купив. И сега си се бајнам со машки шампон Ја освежува косата и кожата на главата ненормално, има свеж мирис, ма прекрасен е! Мароканското масло од Авон, го користам на сува коса, од ушите па надолу, инаку имам права коса и ми помага за испукани врвови и разлетаност.
1 Асодерм.Пак на прво место,секогаш го користам 2 - Eлденава еве веќе 3 месеци ми трае,не ставам често,од бањање на бањање,а во лето,секој ден минимум по 4 пати 3 Препрепре ретко ставам маскара,обично ако излегувам,ама и тогаш ретко кога ставам.Оваа ми е погодена,ем лесна,ем убава четка има 4 Лабелово :up: од почеток на зимата го користам.Прекрасно е 5 Ја пак и со нивеата.Само нејзе ја користам Толку
Бидејки спаѓам во категорија на луѓе ,кај кои,ако еден производ им одговара на 1000 јас ќе сум прва на која нема да и одговара.Чудно ,зашто кожава не ми е проблематична ,ама ете не трпам секакво мацкања и гвацкање.Значи... Гел за туширање Палмолив ,овој мора да го имам и барем еднаш неделно да се истуширам со него. Маска за коса ,едно големо да! ББ Крема за лице,ми одговара кога сакам да го изедначам тенот . Блистексов одлично се покажа Кремава за раце,негува и веднаш се впива и не е лигава како некои. Карминов за секојдневна употреба ,нежен и хидрантен.
Антибактериски гел за суво миење на рацете Бонес Спојлер Овие Бонес сметам дека имаа просек продукти, нешто слично како Докторс (двете фирми се српски, при што маслата за коса на Бонес немаат абер), меѓутоа овој антибактериски гел за суво мисење е без грешка. Структурата му е гел, се нанесува,мириса одвратно првите 10 секунди, после мирисот испарува, рацете чисти и воопшто не се лепат. И економичен е, 100 мл = 60 ден. во Зегин. Лосион за чистење на лицето 3 во 1, од Авон Спојлер На попуст беше, па ајде да го пробам, пусто да не остане. Многу задоволна. Го нанесувам на измиено лице, дава свежина, нема мрсен сјај, лесно и лицето го прави стакло. Убава работа. Околу 100-150 ден. (цената кога-како, се менува од каталог во каталог). Балеа спреј за фенирање Спојлер Пеперминт го препорача, а јас го меркав ден претходно, ама мислев дека ќе ми ја замрсува косата дополнително, а тоа не ми е потребно ама ич. Па по позитивните коментари го купив и - го препорачувам. Можеби не за секој ден, ама кога имате нешто важно, сакате убаво исфенирана коса, со сјај и волумен, спрејот е прекрасен. Мирисот не можам да му го дефинирам, ама задоволна сум. 125 ден. во ДМ. Отстранувач на лак за нокти Ебелин професионал Спојлер Лесно отстранува лак, убаво шишенце, лесен начин на употреба, прекрасен мирис, без ацетон, ниту оштетува нокти, ниту е преагресивен, не сум пробала подобар ацетон - без ацетон. 85 ден. во ДМ. Останува да го пробам шампонот Реконазол, по препорака на Мишела.
* „Течни кристали“ (или како и да се преведуваат ). Cristalli liquidi за кои што мораше принт скрин да направам бидејќи ги немаше никаде освен на официјалната страна на производителот. Слично е пакувањето, сега го промениле, наместо црвениот дел беше виолетов Косата се познава дека е обновена на деловите каде што го нанесувам. Испуканите врвови се значително намалени (макар тоа било само визуелно). Дава одличен сјај. *Body butter од маслинка на Ziaja. Одлично мириса. Иако не е за мојата кожа, не можев да одолеам на мирисот *Torso крем десодоранс од алое кој е одличен за зима за кога не се потребни не-знам-какви антиперспиранти и не се потам премногу. И нема слика бидејќи Јака-80, Радовиш уште од 2010-та ја средуваат нивната страна *(Сликата е како да е ставен на излог и да бледеел една година ама таква најдов) Крем за раце со алое од Кolastyna. Прекрасен е за зимниов период. Ги омекнува рацете и дури ги намалува оштетените делови на кожата од никаквите хемикалии од средствата за миење садови.
Да се надоврзам на постот на Трендафилка околу спрејот за фенирање на Балеа. Јас го користам веќе еден месец. Задоволна сум, но имав две ситуации кога ептен заглавив со спрејов. Во првата нанесов премногу. Косата стана ужас, леплива, лигава. Едвај ја средив, а немав време да ја мијам повторно. Втора ситуација. Ја измив косата и го нанесов спрејот, но не ја исфенирав веднаш. За десетина минути косата ми стана корка, чешел не може да помине. Значи бонус совети за тие што ќе се одлучат да го купат-нанесувајте во мали количини и фенирајте веднаш по нанесувањето.
За месец февруари: Avon - парфем Incandessence Avon - сјај за усни Avon - Colortrend mascara лабело - Rosal hydro care
Февруари го поминав користејќи веќе испробани производи, освен овие два од кои сум презадоволна. Лосионот за тело од матичен млеч и балсамот за усни од истата колекција. Лосионот е доволно густ и хидратантен, а има и многу пријатен мирис. Балсамот ми е сличен на оној од шеа путер и ми е прав погодок за дневна употреба, затоа што не се забележува многу, а убаво ги негува усните. Освен тоа, го користам во комбинација со кармин, бидејќи кармините обично ми ја сушат кожата.
Дефинитивно чуда прават овие 2: 1. Гелот за миење лице од Avon Naturals од праска. Ми ја прави кожата ептен ептен мазна и ја остава хидрирана. И преубаво мириса! 2. И после миење со гелчето, обавезно магичното кремче Oriflame Essentials. Прекрасно е бидејки ја хирдрира кожата, брзо се впива, и и дава мат сјај, 0% е мрсен.
Balea Young - Deospray Funky Jungle Веројатно најдобриот дезодоранс кој сум го користела во последно време. Сладок мирис, кој навистина се задржува и не остава бели траги на алиштата. Dm/ 105ден. Oriflame Essentials - Hydrating Face Mask Иако имам нормална кожа (а маскава е намената за сува кожа), морам да кажам дека ми е ептен погодена. Образите ми се секогаш меки, но со чудово си ги чуствувам како бебешко газе. (Ама споредба! ) Oriflame/ 99ден. Avon Naturals - Honey essential balm Го имам веќе неколку месеци, ама сега бил моментот да го пофалам. Устата ми е многу критична зона, посебно во зимскиот период- вечно испукана. Балсамов ми ја врати во нормала. Avon/ Редовна цена- 200ден.
Производиве на Балеа, силувани од моја страна! Едвај чекам пак да отидам до Дм маркетот и да се заглавам таму засекогаш... Верува,м секоја девојка таму цело богатство би оставила