Avon Color Trend Lipstick - Flirt Alert Карминчево го купи мајка ми пред некое време и јас и го украдов Хидратантно е, а има иста боја како моите усни Иако на сликата горе изгледа како да има светки, всушност е вакво: Спојлер Не е многу трајно, ама и не е многу скапо, иако не ја знам точната цена. Flormar Nail Enamel - 112 (огромна слика во спојлер) Спојлер Тоа беше металик лакот што го барав толку долго! Има мали светки, но ништо страшно. Со два слоја е доста траен. И благодарам на Ducky за препораката, го видов на блогот Уште огромни слики за како стои на нокти во спојлер: Спојлер Ова ми е продукт на животов! Немам што да додадам. Зграпчете го додека е на попуст во Зегин.
Jас го барав долго, и по аптеки, го немаше, и случајно гледам во C.Tинекс донеле има еден куп различни јас го земав овој со сурутка, 93 денари ми се чини беше има и од квасец,невен,мед....
Конечно и на нашиот пазар излезе оваа фарба за коса на Палете во облик на пена. Ја пробав и многу сум задоволна. Лесна и практична употреба, не тече откако ќе се нанесе (за разлика на пример од истата на Лореал), има преубав мирис на јагода и што е најважно убаво покрива. Јас се фарбам црна и имам веќе бели влакна. Фарбава одлично покрива и еве и по 4-5 миења не забележувам дека бојата паѓа. Понатаму, оние кои се фарбаат црна најверојано го имаат проблемот со боење на кожата. Во овој случај воопшто немав таков проблем и плус многу помалку ми ги валка пешкирите во споредба со другите фарби. Јас ја купив неполни 200 денари во Тинекс. Значи дупло поефтина од сличната фарба на Лореал, и според мене поквалитетна.
Дезодорансот супер си ја врши работата, задоволна сум и не планирам да експериментирам со други од типот на Дав, Нивеа оти дејството им било краткотрајно, а мирисот веднаш ветрее. Со овој дезодоранс не е таков случајот. Веќе секоја втора феминка си го има овој дома, па знае за што говорам. Јас сум малку фрик со лосиониве, претерувам малце, но овој си е одличен, немам некои проблеми со кожата, супер впива, и мирисот трае, најчесто по бањање го ставам, и со саати кожата ми мириса на овој сладок мирис.
Ова... фантастично. Елдена може вода да му носи, без навреда. Од мирис, текстура и влажност... одличен за сува кожа, станува мазна и со сјај, а за мирисот да не правиме муабет... чоколадо! Кога се мачка, се впива брзо, не се лепи, и кожата е убава, мека и сјајна. Обожавам да си се мирисам кога ќе се намачкам со ова. Фала му на мм што ми го донесе. Зошто нема производи на Vaseline во Македонија?! И ова ми се допаѓа - одличен гел за туширање убав е, не ми ја суши кожата после бањање како што е тоа случај со останатите гелови за туширање, и има пријатен мирис. Во принцип не сакам вакви пудрасти мириси, ама овој ми се допаѓа, и траен е. (лосионот за тело од истава линија не е ништо посебно, со светки, ама некако чудно се впива во кожата, после мачкање ептен ми е чудна на допир). Луничка, кај го најде Блистексот?
Спојлер ^^ Има, видов пред недела дена во Супер Тинексот. Си потскокнав од радост, сега едвај чекам да го потрошам лосионот за тело (што ми е скоро фул ) за да си купам лосион од Vaseline. Многу се убави а и миристите се...мх... Не беа нешто скапи, околу 200 денари, само без ваква пумпица горе. Вакви и ги сакам сите Мои фаворити за месецов инаку: Млекото за чистење лице на Генера - Многу е нежно на лицето, а длабинско чисти. Таман еднаш го поминувам лицето со лосион, што е малце појак, дури пече, и после него од млекцево со вата... мекости И шминката од очите може да се исчисти без проблеми, и без да пече на очите. И премногу убаво мириса. Оригиналниот вазелин - рехабилитација на усните и дланките преку ноќ.
Овој месец почесното место го зазема Гарниер млеко за тело. Не го менувам за ништо, веднаш се впива, хидратира и има убав мирис
1.Sayos шампон за волумен Спојлер * Само што го купив,веќе ми стана омилен,Покрај тоа што ми даде волумен,ми ги прави и убави локните а секој шампон ми ги сплеснуваше. 2.Rexona Спојлер * Се надевам ќе стане мој избор долгорочно,ем ефикасен ен убав мирис,пријатен.Пишува 48часа,сигурно не е толку ,али работно време се издржува :geek: 3.Туш за очи,Орифлејм Спојлер *За некои 130 ден (по набавна цена ),убав е, прецизен,не се прекинува,бојата е интензивна и трае. 4.Росал,лабело Спојлер *Го пратив маж ми по стандард плавото лабело Росал,али продавачките од Тинекс го разубедиле ако било за девојка-жена да ми купел од розевото,светкало .И така тој ми го донесе,и не е лошо,некогаш за на работа си ставам само од него,не светка нешто којзнае колку,дава некој свеж изглед на устата,ем хидратира
млеко за тело dove уживам кога го нанесувам и ме потсеќа на нешто чисто преубаво е и презадоволна сум
Ем големо пакување ем ми ја прави косата мека. Еден од ретките шампони кои се прилгодуваат на моево долго и бујно косиште Мислев дека нема да ми се погоди но и не е толку лош
ова е најдоброто нешто од целата палета на авон ,откако ке го измијам лицето со него нема ниедна нечистотија останато - продукт на векот истотака и ова млеко за чистење лице од балеа,кожата ја прави свиленкаста ,шминката ја вади безпрекорно за млеково чиста 10ка ,си обичам вакви работи и неретко знам да ставам по малку пред искачање и од асите ,млека со светки што сум ги користела ова ми остави најдобар впечаток
Незаменливо е. Што е најбитно не остава бели флеки. А и многу убаво мириса. Ви го препорачувам Спојлер Jа прави косата мека а и веќе 3 ден како не ми е мрсна, но сепак не можам а да не ја измијам Спојлер Превкусни ми се Нема ден а да не изедам барем едно пакетче вакви. Спојлер
Мајка ми го купи денеска, ама уште од одма ми стана омилен продукт на годината! Кокосово масло, цената му е околу 500ден. истава амбалажа. Го има во ДМ и Карфур. Значи во суштина изгледа како сало, маст. Меѓутоа штом дојде во контакт со телото се пушта и станува масло. Кокосовото масло се користи за се и сешто! Од готвење, до шејкови, до третмани за коса и кожа. Сега си го ставив на косата, ќе спијам со него и утре ќе го исплакнам. Читав една шминкерка на YouTube дека косата ја прави мека и мазна... па морав да пробам! За кожата исто, многу брзо и лесно се впива, а и дава сјај и мекост. Дури побрзо се впива за разлика и од скапи креми и остало. За мирисот да не зборувам, чист кокос! Прекрасно! Може да се користи и како превенција при појава на стрии. Уште не сум го пробала за готвење, читав дека е едно од најздравите масла за јадење, па веројатно ќе се наканам некој ден да го вметнам во шејк. Тука може да прочитате за 101 употреба на кокосовото масло: http://wellnessmama.com/5734/101-uses-for-coconut-oil/ Додека ако сакате да дознаете повеќе за него еве ви еден линк на хрватски: http://istineilaziohrani.blogspot.com/2 ... icina.html
1. Гел за туширање на Зиаја од маслинки. Многу убав свеж мирис, воопшто не ја суши кожата како некои други вакви препарати. 2. Кремaтa за лице на Планет спа од Авон, со екстракти од црн кавијар. Лесна, брзо впивлива крема со прекрасен мирис. За мојата комбинирана кожа досега се покажа многу добра. Ептен препорачувам! 3. И кремата за лице и лосионот на Алверде со бисери се неизбежни во оваа листа. Планирам да си ги набавам во залихи кога ќе отидам во Скопје. 4. Кремата за стапала на Орифлејм од линијата Feet up advanced. Не дека стапалата ми се нешто проблематични, но стварно е одлична за нивно омекнување.
Прскам само 2 пати а зад мене траги оставам.Прекрасен мирис. И долго трае. Моливчето од авон( црното ) ми е супер. Ем лесно си го нанесувам, долго итоа повеќе од очекуванато трае.Плус тоа е доста ефтино. И за крај повторно авон.Мирисот му е совршен , трајност доволна, цена приступачна. :up: Спојлер избери дела смајлито ми е скроз партиски настроено.
Најпрво гоолеми пофалби до производите на Балеа, значи совршенство. Скоро се користам и сликава е најмалото делче од тоа што го имам на Балеа, досега од ништо не сум била до толку задоволна! Задоволна од лабелото за усни на Орифлејм, го користам одкога знам за Орифлејм најомилен продукт при секое намаление го земам Задоволна сум од лаковите на Орифлејм, мноогу поиздржливи од обичните и не се лупат за брзо