Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Лакчињата на Rapsodi кои се одржуваат повеќе од недела. Што е подобро, не оставаат траги на ноктите откако ќе ги избришам.
    [​IMG]

    Тоник за лице - Balea
    И покрај тоа што го осенив малку полошо, сепак си ја врши својата работа - ја чисти кожата од надворешните влијанија. Можеби не омилен, но солиден производ.
    [​IMG]

    Спреј за коса - Schwarzkopf
    Gliss спреј за коса. Го спречува електрицитетот и олеснува чешлањето.
    [​IMG]

    Путер за тело и млеко за туширање од какао - Ziaja
    Производите на годината!
    Настрана тоа што се чувствувам целата чоколадна, кожата ја прават многу мека :sun:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Јас сум си верен пријател на Пантен шампонот против првут и го користам некои 8-9 години сигурно. Единствен шампон е што ми го исчисти првутот, а освен бебешките шампони и оние од бреза и коприва, сите други не ми пријаат на кожата на главата. Малку сум проблематична од тој аспект...

    Арно ама, тој Пантен не можам никаде да го најдам уште од септември.
    Ги поминав сите големи маркети, сите маалски продавнички, сите магацини и секаде ми рекоа дека тој шампон го немаат добиено одамна. Како да престанал да се произведува :|
    Ме фати паника што ќе правам, па пак експериментирав со најразлични шампони и ниту еден не ми се погоди. Се додека татко ми не ми предложи да го пробам неговиот шампон, бидејќи и тој има ист проблем како мене.

    Омилен продукт за март месец - Шаума против првут :)
    И не ми е гајле што е за мажи (до душа никаде не пишува такво нешто, ама сепак мирисот е машки). Јас и онака на последното миење ставам маска за коса, така што - супер ми е :)
    [​IMG]

    Патем, ако некој го видел Пантенот некаде, нека ме информира преку лп :wasntme:
     
  3. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Минатиов месец пробав неколку нови работи, ама ќе ги издвојам овие две :

    Евелине 8 во 1 “лак“ за зајакнување на ноктите.
    Го користам веќе 2 недели и можам најтопло да го препорачам на сите кои имаат проблем со нокти кои се кршат, листаат и се тенки. Чудово се користи секој ден, односно 4 дена трае една “терапија“ каде секој ден се става по еден слој, по тие 4 дена се брише и се почнува отпочеток. Зависи каде ќе го купите, се движи околу 120-150 ден.


    Essence Glammy Goes to..мрсна сенка со златеста нијанса за која имам ептен пофални зборови. Ја меркав одамна, ама не ја купив.. а бидејќи си ги начекав по 85 ден во Еликсир си земав две нијанси, но оваа ми е фаворит :) многу убав сјај дава на очите, ненападен.. нежно златеста нијанса која трае и не се собира на средина од капакот како многу од ваков тип на сенки.. лајкче големо од мене :up: само штета ако не ги произведуваат веќе од есенс... :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • evelin.jpg
      evelin.jpg
      Големина на фајлот:
      17 KB
      Прегледи:
      1.104
    • essence.JPG
      essence.JPG
      Големина на фајлот:
      89,5 KB
      Прегледи:
      1.104
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    ^
    Ако можеш да ми кажеш од каде го зема лакот за зајкнување на нокти

    фала :)
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.988
    [​IMG]
    После сменети сто шампони, со овој ја оправив малку косата. Ми ја прави мека и свиленкаста, не ја електризира (имав проблем со тоа, ужас) и мириса долготрајно.

    Во Керфур имаше промоција шампон + регенератор за 309 денари, и си ја завршија работата беспрекорно. Еден месец го користам, но се чувствува разлика.
     
  6. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Викендов конечно ја пробав пилинг-маската со кал од Алверде.
    Нешто поубаво немам ставено на моето лице!
    Ја користам целата колекција со кал од Алверде, ја препорачувам!
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    rimmel stay matte powder
    [​IMG]
    Камената пудра на Римел, предобра. Ми се допаѓа што луѓето си ставиле ознака - ефект до 5 часа без светнување на Т-зоната и - навистина е така. :)
    Лесна, преубаво се слева на кожата, делува толку природно, едноставно супер камена пудра за само 310 ден.
    Јас ја имам бр. 4 и ја препорачувам на сите со посветол тен.
    Ја нанесувам со четка и лицето е како кадифе буквално.
    maybelline-colossal-100-black mascara
    [​IMG]
    Првпар користам маскара на Мејбелин и задоволна сум многу. Структурата е убава - ниту премногу густа, ни премногу водлеста, не се згрутчува, убаво ги прави трепките и трајна е.
    Јас по навика нанесувам по 5-10 пати со четката, иако нема потреба од толку.
    Би пробала и други маскари од Мејбелин.
    330-380 ден., зависи каде ќе ја купите.
    essence jumbo pen eyeliner
    [​IMG]
    Ова веќе го пофалив. :) Многу лесно се нанесува и долготраен е. Мислам дека нема никогаш да се вратам на течен туш со каква било четка, зашто комплетно се навлеков на маркеров.
    195 ден.
    рефан shower gel brazilian nut
    [​IMG]
    [​IMG]
    Мирисот е неодолив, иако на кожа е малку почуден, ама мислам дека си умислувам само. :D
    Нема парабени и кожата ја прави пренежна. Овие Рефан имаат навистина пар добри производи. Сакам да пробам и други гелови за туширање од оваа линија.
    120 ден. = 250 мл.
     
    На l-a-d-y-di, Lepaaa и Mishela им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.328
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    *Сапунот на Еуцерин, дефинитивно нешто најдобро за моето лице, тешко дека ќе го сменам некогаш. Мојата кожа единствено со него чуствувам дека дише. Со овој сапун не се чуствува онаа затегнатост на лицето како со другите сапуни,не ја суши кожата е сега малце е поскап околу 170 ден. е ама вреди за парите .

    *Серумот на Буржоа, прекрасен, и покрај тоа што е повеќе за сува кожа мене и со мојата комбинирана кожа ми е супер. Не осеќам на лицето нешто да ми тежи, и дава природен и здрав изглед, особено препорачувам за сува кожа, мене ми светнуваше по 4, 5 часа онака минимално ама јас и не го сакам оној сув мат изгледа така да од мене има :up: , цената му е 700 ден.

    *Пудрата на Буржоа 123 Перфект, јас сум скептик и тоа голем кога станува збор за менување на пудри го користам она од кое сум задоволна и не сакам да експериментирам, но овој пат направив исклучок и не погрешив. Се изненадив од пудрата, очекував мнооогу мат изглед што јас многу мразам, добро и оваа е мат ама не го дава оној сув изглед што велам јас дехидриран, многууууууу природно изгледа, а освен тоа ја тестирав до 10 часа и светна лицето не велам не но кај мене минимално, без камена пудра која никогаш не ја и користам.Има минимална покривност што е за мене голем плус. Не очекував дека така ќе биде лесна на лицето во однос на тоа иста ми е со серумот, од мене 10 ка, ја зедов 710 ден.

    *Шампонот Фитовал против опагање на косата, освен што го спречи опагањето на косата имам многу нови влакна. Фризерката дури мислеше дека ми се кинела косата па се зачуди како така подеднакво ми е скината додека не виде дека цела глава ми е со нова коса :lol: , косата ми се згусти и си имам и волумен :emo: . Големото пакување беше околу 300 ден.
     
  9. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Трендафилка, каде го има гелот за туширање на Рефан? Може да се најде на друго место освен во Рефан?
     
  10. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Добрите Бон Бонс :) За секој ден да се прскаш , преубаво мириса, го собира и вo ташна, има некој сладникав мирис, нежен, ненападен а впечатлив. Баш како што му кажува насловот :D

    [​IMG]

    Не очекував многу од лосионов, но добив многу, за некои 100тина денари, навистина добро го чисти и што е најважно, го хидратизира лицето и не го суши поради алое верата, има пријатен мирис, кога го нанесувам ми иде убаво ладничко на лицето :D

    Нешто и за јадење,хехе
    [​IMG]
    Леле како одат за појадок, па и за вечера со млеко...сега ги разбирам бебињата.

    [​IMG]

    Евтина, а хидратантна крема, убаво мириса и веднаш се впива во кожата, па можам да кажам и дека е поекономична варијанта на млеко за тело, одлична е.
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Зелена глина за надворешна употреба на Виталиа

    Ја користам од неодамна и прекрасна е, најдоброто нешто за комбинирана/масна кожа што сум го пробала досега. Си правам маска од една лажичка глина и малку вода, колку да се разреди. Ја ставам на лице, чекам додека ми се исуши маската и потоа се мијам. Неверојатно е колку глината го затегнува лицето, делува против ситните брчки и го прави тенот прекрасен. Суши акни како ништо досега. Неверојатна е, природна и најважно, евтина. 194 денари во Тинекс, а едно пакување од 500 гр. ќе го користам сигурно година дена, ако не и повеќе :)

    На опаковката пишува да се користи два пати неделно, па така и ја користам. Досега само на лице сум ја пробала како маска, а инаку може да се користи и за тело, коса, врат, деколте... Секако може да се користи, единствено не смее да се пие, туку е само за надворешна употреба. Следно планирам да си направам маска за тело, или па да наполнам када и да ставам во водата :) За коса, не знам баш дали ќе пробам, некако ми е страв да не ми се офарба косата, зошто плава ми е, па мислам дека е прилично веројатно да ми позелени :D

    За зелената глина инаку се вели дека е подобра од сите препарати против акни и од сите креми против брчки. Значи, зборувам за оние први брчки кои се појавуваат после 25-та година. Јас ја користам чисто како превентива, 100 пати е поевтина од крема, а 100 пати поделотворна бидејќи е природен антирид. Рај за комбинирана/мрсна кожа, а може и за сува кожа, ама во комбинација со маслиново масло :) Откако ја користам, лицево ми е стакло, како испеглано, и ниту една акна ми се нема појавено :)

    Дефинитивно ми е производ на месецот, а чувствувам дека уште долго ќе се дружиме :nod:
     
    На sweet-cherry, Hipster, mamma-mia и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ^ Пофалби и од мене за зелената глина на Виталиа. После само едно користење, забележав позитивни промени на моето лице, како на пример исушени акни кои ги имав пошто пмс ме дрма. :D Друго, понатака, да ја испробам добро.

    Ова се моите омилени производи за последниве неколку недели:

    1. Rimmel Presses Powder: ( Купена во ДМ, 309 ден. )

    Пудрава е совршенство. Јас конечно го добив посакуваниот ефект и тоа со оваа пудра. Израмнет тен, порцелански баш. Прикрива акнички, флекички кои течната не успеала, а истотака ја фиксира добро течната пудра и лицето не светнува добри 8 саати. (Толку ја тестирав)


    2. Rimmel blush, Spring Flower 001. (Купено во Космо, околу 300денари)

    Руменилово трае подеднакво долго колку и каменат пудра. Преубави розе нијанси, кои јас си ги мешам и си ја добивам идеалната розевка боја. Особено задоволна од трајноста на руменилово. Како што ќе го нанесеш, такво е после 8 саати. (Тестирано заедно со камената пудра)



    3. Seventeen Star Sparkle Shadow, 503: (Купена во Космо, 260 денари. Во ГТЦ е 360, а во Зебра 260ден. :^) )
    Ја купив зошто сакав црна сенка, која нема да е мат, туку нежно ќе светка и не погрешив. Трајноста на Севнтин сенките ја имам испробано на други нијанси, а оваа ја обожавам баш поради нежните светки.

    Вака изгледа: (Неможев да најдам друга слика.)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      42,4 KB
      Прегледи:
      824
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      60,5 KB
      Прегледи:
      824
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      47 KB
      Прегледи:
      824
    На Doozy и eli25 им се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Да ви кажам само за зеленава глина. Да, одлична е за мрсна кожа само не претерувајте со употреба, еднаш на две недели или еднаш неделно ако имате ептен ептен масна кожа. Со почеста употреба ќе ја изритирате кожата.

    И после нанесување обавезно кремче.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Еве ги моите омилени производи за месец април :)

    Тоник за лице Cliven
    [​IMG]
    Незамислива ми е секојдневната грижа за лицето без тоник, особено затоа што имам мрсна кожа на т-зоната. Ми се случува дури и по неколку пати во денот да го чистам лицето со тоник, а пред шминкање и по вадење на шминката – задолжително. Од Нивеа преминав на Авон, од Авон на Јанг Дерм, од Јанг Дерм преминав на Генера, а од Генера на Кливен. Генерата не можев никаде да ја најдам, па татко ми од аптека ми го купил овој тоник. Ми се допаѓа тоа што нема алкохол во составот, а мирисот му е многу пријатен. Содржи екстракти од липа и алое вера.

    Парфем Tesori d'Oriente
    [​IMG]
    Ле-леее... убавини!
    Како подвижно цвеќе сум со парфемчево.
    ПРЕзадоволна сум од трајноста и ми се чини дека потраен парфем никогаш немам користено. Зимава го добив на подарок во колекција, ама тешко ми беше да почекам пролет за да го користам, па си шприцнав малку на пижамите. Цели четири дена го чувствував мирисот, а сигурна сум дека ќе траеше и повеќе, само што пижамите ги ставив за перење. Ако ја имате истата колекција, еве ви идеја за тоа како да го искористите фенерчето што оди во комплет. Постирав слики и начин на изработка :)

    Хидратантен гел крем за лице со краставица и зелен чај
    [​IMG]
    Најтешко се наоѓа добра крема за лице за комбинирана кожа. Јас имам нормална и мрсна на т-зоната. Првиот пат кога ја испробав кремава, ја искомбинирав со Менхетен црната пудра и ѝ дадов тест за издржливост. Не мрдна цели 10 саати! Не е само до пудрата, тоа сум сигурна, затоа што во комбинација со други креми, т-зоната почнува да ми свети после неколку саати. Кремчево има интересна структура, затоа што е гел крем, брзо се впива и има убав мирис. Откако ќе ја намачкам кожата, некако ја чувствувам како матирана. Не знам за каква кожа е, не пишува, ама мене супер ми одговара.

    Течна мат пудра од Авон
    [​IMG]
    Ја спомнав во темата за пудри, ама и овде ќе ја пишам бидејќи овој месец неа најмногу ја користев. Како за мат пудра е доста лесна и убаво се нанесува. Покривноста не ѝ е којзнае колку добра, ама мене ми служи само за изедначување на тенот, така што ми одговара. Месецов бев зафатена со полагања, а пред испит секоја минута е важна. Немав многу време да посветувам на шминкање, па само ќе се прошлапкав со пудрава и ќе ја размачкав како крема за лице.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Балзамот го имав користено и предходно, ама шампонов сега прв пат го земав и стварно е прекрасен. Косава ми има сјај, живот во неа, и плус убаво мириса :)
    [​IMG]

    Нешто што ми ја воскреснува косата кога ќе го нанесам, плус не ја електизира, стварно сум задоволна. Плус е густ, по малку се става и трае доста долго.
    [​IMG]

    Ова не ми е само на месецот, туку на годината! Го обожавам, неможам да живеам без ова. На се го нанесувам на лице, коса, раце... :inlove:
    [​IMG]
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.206
    Допаѓања:
    81.747
    Пол:
    Женски
    Па, месецов и не се расфрлав баш - немав време (читајте - немав пари :D ). Мхм, да. :wasntme:
    Секогаш се мотивирам во кризните периоди, дека ако се потрудам да се покажам во најдобро светло ете на пример кога станува збор за колоквиуми, испити, дека на крај АКО заслужам ќе си купам ситница некоја.
    Епа, заслужив тука-таму по некое карминче, колку да не сум без ич. :lol:
    Gosh Velvet touch lipstick, 134 darling & 154 burgundy.
    Ми требаше некој посветол nude кармин, па го зедов првиот, а овој вториот тотално случајно, зашто се изненадив како убаво ми стои вишна бојата, а одамна барав некоја црвена нијанса која нема да ме прави како кловн.
    Сепак си останувам на тоа дека кармините на Римел се далеку подобри во однос на текстурата и трајноста, меѓутоа некои мене ми се пресуви - овие на Гош се супер хидратантни, меѓутоа имаат покремаста структура и оставаат баш кадифен финиш, кој за жал кратко трае и за брзо карминот почнува да се „дели“ и да навлегува низ линиите на усните.
    Прекрасно мирисаат, го немаат оној типичен кармин-мирис и тоа многу ми е по ќеф.
    Па и покрај негативностите кои ги набројав, мене при срце ми прираснаа нијансите и затоа ги вбројувам во омилените за месецот, иако ги купив нешто покасно. :$
    Слики во спојлер.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Мислам дека никогаш нема да си простам што толку време чекав да ја купам безброј пати фалената Здраве. :D
    Случајно ја видов во маркет, барајќи Бекутан млеко за тело, па ја ставив и неа во корпа.
    На почеток бев сигурна дека не ми одговара, дури и се разочарав од ефектот, зашто имав читано како на повеќето им ги суши акните, а мене всушност ми „помагаше“ за побрзо да созреат и ги вадеше нечистотиите на површината од кожата, па јас имав еден тон работа околу стискањето и чепкањето на овие - што секако е лошо, меѓутоа приметив дека видно се избледени некои од покритичните флеки кај слепоочниците и мислам дека уште долго ќе се дружиме. :lol:
    Слика нема потреба да ставам, се работи за Здраве со цинк оксид.

    Сет Sensuelle, Avon.
    [​IMG]
    Сетот се состоеше од парфем (50 мл), мини-парфемче (15 мл) и лосион за тело (150 мл). Ми се допаѓа тоа што конечно не ми се мешаат мирисите на лосионот и на парфемот. Задоволна сум од трајноста, иако некои девојки се жалат дека воопшто не бил траен - мене ми е сосема ок, шприцнувам минимално, си го чувствувам мирисот во текот на целиот ден, па и навечер кога се вратам уште ми мирисаат алиштата, а минувам низ секакви гужви, гужви на факултет и низ автобуси, димови од цигари and so on.
    Мене ми се допаѓа, би го порачала повторно.

    Лакче од Oriflame - floral collection, нијанса soft pink
    [​IMG]
    Одамна немам разлистано каталог на Орифлејм, морам да потенцирам уште од старт дека лакот е нарачан пред подолго време, можеби од пред година дена.
    Нијансата е иста како што ја гледате на сликава, а јас бев изненадена од трајноста на лакот, па тоа е и причината што го сместувам во категоријата омилени.
    Премногу време се брцкам во вода, а без проблем го носев 5 дена. Подобро од ова - здравје!

    Strawberry and cream сапун за тело, Oriflame
    [​IMG]
    И ова е порачано одамна, од ланскиот 8ми Март мислам, кога со мајка ми бевме ко луди по миризливи сапунчиња за тело. Долго време ми стојат на полиците во бања, а гледам со рокот се уште добри, па немав трпение да тестирам некое. :lol:
    Преубаво мириса, има микрогранули за пилинг ефект, доволно е кремаст, но не до толку за да ви се лизга низ раце и да го гоните ни бањата. Прави убава и цврста пена и најважно - не ја суши кожата и остава интензивен мирис по капењето.
    Не обожавам баш сапуни и ги избегнувам, но овој ми е фантазија и очигледно сапун е лекот за мојава мрсна кожа (освен на лицето и на телото).
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    ^ Потпис и печат за лакчето од Орифлејм :D Немав порачано ништо од таму со години и не ни планирав, ама една колешка донесе каталог, па ми се допадна нијансата и плус евтино беше, па го порачав. Ја имам истата нијанса, soft pink, и моментално сум лакирана со истиот. Се лакирав во неделата, а денес е сабота, што значи веќе 6 дена. Освен што е малку подизбледен на врвовите на ноктите, лакот си е на место и не е излупен. Голем плус и од мене, дефинитивно би пробала и други бои вакви лакчиња ако има :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    9.040
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Се мислев меѓу ова и она со бадем, ама сепак се одлучив за ова.Прекрасно млеко, убаво ја навлажнува кожата и убав мирис има. Досега што сум земала од Афродита е добро, малку се повисоки цените, ама вредат.

    [​IMG]

    Лентиве се супер, се вадат и восокот не останува како со оние Силк. Конечно решив да ги пробам и не згрешив.
     
  19. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Овој шампон и регенератор од Балеа мислам дека е полн погодок. Ми ја прават косата мека, полесно се расчешлува, поголем сјај има и забележувам дека малку ми е посветла бојата. Инаку мојата коса е многу груба, дебела, густа, воопшто не е мека, а и малку е изгорена од фенирање.
    Супер шампонче за супер цена!
     

    Прикачени фајлови:

  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900