Овие два коректора за лице, првиот ми е откритие на годината. Не знам зошто уопште до сега го немав пробано.
Каде го купи и која е цената? И други го имаат пофалено на форумов, па да си го купам без да лутам по продавници. Фала однапред!
Моето не е купено во Скопје,ама во Скпоје знам дека Евелин има во ДМ така да видете таму.Јас го купив 120 или 130 денари во една парфимерија кај нас,можеби во ДМ е поефтино
1.Dulgon-млеко за тело,со мирис на портокал.Само 145 ден од ДМ,а голем е ,чинам некои 400мл. 2.Dove-гел за туширање со цреша,нешто ново,убаво миризливо,хидратантно,како и се остало на Dove 170ден. 3.Сапун за раце Тео,дефинитивно the best
DEBORAH Crema Corpo Esfoliante Неопходно ми беше едно вакво заради црвенилото на рацете. Од кога почнав да го користам имам забележано дека убаво ја хидрира кожата, отстранува мртви клетки и нечистотии и кожата на тие проблематични места е помазна и посветла.
Ова е нешто без кое знам дека веке нема да можам ! значи кремава мириса најпрекрасно на свет , ја пробав од кај другарка и не знам ги броев деновите додека да ми стигне , не знам како толку доцна сум дознала за неа на сите што ја испофалив ми кажаа дека веке подолго време уживаат во неа
- го добив за подарок, има притаен, ноќен, сладникав мирис, просто освојувачки Го ставив за на работа, и ми вика една колешка "Мммм, ми мирисаш како за искачање" Што значи, си го оправдува името. - многу убави гелови за туширање! Ги купив оние 1+1 што ги имаше во Тинекс, со мирис на мандарина и мед и млеко, чинеа 130 денари двете, нешто такво. За продукт од германско производство, оваа цена е скоро и џабе. Сега сакам да ги пробам и другите. Мека емулзија, интензивен мирис, и најважно не ми ја сушат кожата. Сум го пробала и тоа од алое вера балсам, го препорачувам ако имате сува кожа.
Оф топик, ама сакам да прашам, Моира од каде го набавуваш? Денес бев во ДМ и Космо, не најдов. А баш сакам да си купам, зошто гледам дека изобилство од благодети е кокосовово масло.
За овој месец откритие ми се лаковите на Голден Роуз новите рич колор толку е интензивна бојата со еден слој така да нема потреба од два слоја. Овие 2 нијанси ги земав
Еве нешто за месец април. 1. Dove сапун за лице Спојлер Преубав. НЕ ја суши кожата како другите сапуни и убаво ја чисти кожата. 2. Essence тробојниот коректор Спојлер Не ми е омилен продукт само за овој месец ами за многу претходни. Го начекав за 85 денари и си го купив, да си имам резерва пошто веќе ќе го нема. 3. Golden Rose минерална пудра Спојлер Пудрава ја купив претходниот месец па веќе помина доволно време за да ми се најде на листата на омилени продукти. Долготрајност и покривност на високо ниво, презадоволна. 4. Balea лосион за чистење лице Спојлер Го имам пофалено и во друга тема. Сосема заслужено.Убаво го чисти лицето, најубаво од сите лосиони што ги имам користено досега. Имам и намалување на црнките. 5. Nivea лабело за усни Спојлер Хидратантно лабело и убава розе боја што ја остава по нанесувањето. 6. Гел за интимна нега од ДМ Спојлер
Спојлер После многуте испробани вакви производи, Нивеата дефинитивно ми е број еден А ова веројатно ќе ми остане омилено и повеќе од месец. Има преубав пречист мирис, и еве ме, цел ден речиси сува, и тоа по какви горештини шетав прееска, па слечи облечи неколку пати, по бутици, па на сонце, значи цел ден буквално. Сите што сум ги користела само мирисале на чисто(што уствари е и најбитно), не ни очекувам да спречи потење кое ете, кај мене го има ама ова дефинитивно супер си ја врши функцијата, ем преубава миризба, ем 24 часовна заштита(ако пишува 48 де, не сум го тестирала на толку ) ем имам посуви пазуви Спојлер И ова Не сум склона на акни, или недај Боже нечисто лице, значи немам ни што да покривам, а очајно сакам да користам пудра па откако исфрлив неколку „потешки“ пудри за кои џабе пари сум дала, бев во потрага по нешто што ќе можам секој ден да го користам, ќе ми дава здрав сјај, и нема дополнително да ми ја масти кожата( имам комбинирана кожа, која некако ја направив повеќе кон нормална ) Ова не знам ни како да го наречам, не е пудра, а изедначува тен, има лесна текстура, со едно капче го мачкам цело лице, има нежни дискретни светки што мислам дека ќе бидат ептен таман за летово, пошто веќе почнав да се печам , и мириса убаво шо е најбитно, а и не горчи Со малце коректор, цел ден ми е лицево таман, не станав сијалица, ни пак ми направи лишаи. Висока оцена за сега, е сега мислам, ама мислам дека ќе го биде и за на 40 температура, ама ќе видиме.